Премиерот на Јамајка, Ендру Холнес, упати историско извинување на 4 април за „големата неправда“ т.е. нападите врз растафаријанците на 11 и 12 април, 1963 – една година откако Јамајка стекна независност од Велика Британија. Премиер на Јамајка тогаш беше Александар Бустаманте, и тој ја предводеше Лабуристичката партија на Јамајка – истата партија чиј лидер денес е Холнес. Осум Јамајканци беа убиени во Коралните Градини (близу заливот Монтего) на денот што потоа стана познат како „лош петок“, бидејќи тој петок се прославуваше Велигден.
Околу 150 растафаријанци беа приведени, уапсени, тепани и малтретирани; и им беа отсечени нивните суканици, кои имаат религиозно значење. Серијата настани кои претходеа на нападот беа дел од атмосферата на систематско угнетување, дискриминација и отворено непријателство кон растафаријанците кое започна пред стекнувањето на независноста, и сите тие сe документирани во филмот од 2011, „Лош петок“.
Претходно во текот на денот, прес-секретарката на премиерот, Наоми Франсис, твитна:
Премиерот Холнес ќе оддаде формално извинување за инцидентот во Коралните Градини од 1963, во собранието и ќе постапува по извештајот на јавниот правобранител #Letthehealingbegin (#Неказапочнелечењето)
— Наоми Франсис (@PressSecOPM) 4 април, 2017
Премиерот Холнес ќе оддаде формално извинување за инцидентот во Коралните Градини од 1963 во собранието и ќе постапува по извештајот на јавниот правобранител #Letthehealingbegin (#Неказапочнелечењето)
Вистинското извинување дојде подоцна попладнето во парламентот; неколку медиуми ја споделија целосната изјава.
Премиерот твитна:
#RastaApology (#РастаИзвинување) #CoralGardens (#КоралнитеГрадини) pic.twitter.com/Qjn1RnEn3e
— Ендру Холнес (@AndrewHolnessJM) 4 април, 2017
#RastaApology (#РастаИзвинување) #CoralGardens (#КоралнитеГрадини)
Премиерот објави дека шест плацеви на историски релевантното земјиште Пинакл во рурална Св.Катерина ќе се прогласат за културно наследство од страна на „Jamaican National Heritage Trust“ (Јамајканскиот Фонд за национално наследство); тој исто така вети помош за „Coral Gardens Benevolent Society“ (Добротворната заедница корални градини), и изјави дека ќе се формира фонд од најмалку 10 милиони јамајкански долари (малку над 75,000 американски долари) за помош на преживеаните. Земјиштето Пинакл претставува извор на одредени контроверзии. Се смета за растафаријанска населба во Јамајка и е поранешен дом на гарвеитот Ленард Хауел, кој е нашироко сметан за основач на растафаријанското движење. По смртта на Хауел, започнуваат правните битки за сопственоста на земјиштето и конечно на растафаријанците им се заканува протерување во 2014.
Холнес исто така ја уважи истрагата и последователниот извештај за ова прашање, од страна на јавниот правобранител Арлин Харисон Хенри, кој беше доставен до собранието во декември 2015. Во него, таа препорачува извинување и репарација за преживеаните.
Премиерот Холнес твитна фотографија од неговиот состанок со растафаријанските старешини:
Ние ќе продолжиме да се стремиме да бидеме сигурни дека неправедни инциденти и дискриминаторски дела никогаш повторно нема да дозволиме да се случат. #RastaApology (#РастаИзвинување) pic.twitter.com/6HQgBFpcNn
— Ендру Холнес (@AndrewHolnessJM) 4 април, 2017
Продолжуваме да се стремиме кон тоа повторно да не дозволиме да се случат неправедни инциденти и дискриминаторски дела. #RastaApology (#РастаИзвинување)
Новинарот Џовани Денис сподели серија реакции од растафаријанските старешини:
Chairman of #CoralGardens Benevolent Society, IKA TAFARA, says Rastafari all over Ja were affected.. not only those at #CORALGARDENS pic.twitter.com/hrzt2KUmfH
— Џовани Р. Денис (@GiovanniRDennis) 4 април, 2017
Претседателот на добротворното здружение #CoralGardens (#КоралнитеГрадини), ИКА ТАФАРА, вели дека растафаријанците низ цела Јамајка биле погодени.. не само оние во #CORALGARDENS (#КОРАЛНИТЕГРАДИНИ)
Одговорот на Јамајканците на социјалните мрежи беше воглавно позитивен – особено од оние чии семејства биле погодени:
Дедо ми ќе одобреше. Подобро доцна отколку никогаш #CoralGardens (#КоралнитеГрадини)
— Мис Чивиус (@JustCallMeFran) 4 април, 2017
Дедо ми ќе одобреше. Подобро доцна отколку никогаш #CoralGardens (#КоралнитеГрадини)
За некои, ова врати спомени:
#CoralGardens (#КоралнитеГрадини) Мојот татко, полицаец, одби да биде дел од насилството. “тие не го прекршија законот! Јас нема да уапсам човек поради неговата долга коса”
— Џоан Меклеод (@JoanmcleodJ) 4 април, 2017
#CoralGardens (#КоралнитеГрадини) Мојот татко, полицаец, одби да биде дел од насилството. „тие не го прекршија законот! Нема да уапсам човек поради долга коса“
Друг твитна:
@AndrewHolnessJM My Fathers trusted employee was a victim of those horrific #Rasta round-ups in Montego Bay! They shaved his head #CoralGardens #RastaApology
— Richie Chin (@FxEpic) 4 април, 2017
@AndrewHolnessJM Верен вработен на татко ми беше жртва на тие ужасни #Rasta (#Раста) приведувања во заливот Монтего! Тие му ја избричија главата #CoralGardens (#КоралнитеГрадини) #RastaApology (#РастаИзвинување)
Имаше повеќе пофалби за изјавата на премиерот. Еден Јамајканец се повика на неодамнешна непопуларна изјава за данокот на имот:
For Andrew Holness to take the responsibility, and apologize in his tenure to the Rastafarian community is another step towards sharpening our independence. It's the same way children must take responsibility for the ills of their parents, just as they took the harvest of prayers and unmerited blessings so they can alleviate held over bitterness. Well done servant First Minister. History will absolve you for hiking property prices when they find out you were a true statesman. The world is not going to the devil, it is going to God. #thoughtsonimproving
Преземањето на одговорноста и извинувањето кон растафаријанската заедница претставува уште еден чекор кон заострување на нашата независност за време на мандат на Ендру Холнес. Тоа е истиот начин на кој децата мораат да ја преземат одговорноста за лошите дела на нивните родители, исто како што ги преземаат молитвите и не заслужените благословувања за да можат да поминат преку горчината. Добро сторено јавен функционеру – премиеру. Историјата ќе ви прости за кревањето на цените на недвижниот имот кога ќе дознаат дека сте биле прав државник. Светот не оди кон ѓаволот, оди кон Господ. #thoughtsonimproving
Додека Питер Филипс, кој неодамна беше формално добредојден како новиот лидер на опозицијата во парламентот, го поздрави чекорот, еден Јамајканец цинично посочи кон младешките денови на Филипс како посветен растафаријанец:
So our PM has done more for Rastafarian in the 18 months he is in power, compared to the leader of the opposition who himself was a Rastafarian. #leadership #coralgardens #goodgovernance
Значи нашиот премиер направи повеќе за растафаријанството во неговите последни 18 месеци на власт, во споредба со лидерот на опозицијата кој самиот беше растафаријанец. #leadership #coralgardens #goodgovernance
Активистот за човекови права Родје Малком твиташе на годишниот настан за комеморација на растафаријанците:
СЕГА: Растафаријанците маршираат во сеќавање на масакарот кај Коралните Градини против растафаријанството. pic.twitter.com/Oya0HZy6aA
— Родје Малков (@Rodje_) 4 април, 2017
СЕГА: Растафаријанците маршираат во сеќавање на масакарот кај Коралните Градини против растафаријанството
Во меѓувреме, други твитаа:
@AndrewHolnessJM Pinnacle being granted a protected heritage site and “developed as a “Rastafari village and cultural centre”, is an excellent overdue move.
— str8 Dancehall in DC (@ibkonteh) 4 април, 2017
@AndrewHolnessJM Прогласување на Пинакл за област од историско значење и „развојот кон растафаријанско село и културен центар“, е одличен потег кој одамна требаше да се воведе
Исто така во тек е и кампања да се прогласи април за месец на растафаријанството во Јамајка:
ВО ЖИВО: Сузан Стоув зборува за Петицијата да се прогласи април за Месец на Растафаријанството @KabuMaatKheru pic.twitter.com/PacxnjTT47
— IRIE FM (@IRIE_FM) 2 април, 2017
ВО ЖИВО: Сузан Стоув зборува за петицијата да се прогласи април за месец на растафаријанството @KabuMaatKheru