Боукару Конате, член на Глобал Војсис заедницата во Мали, неодамна со традиционалниот малиски брод посети неколку училишта како дел од дигиталниот проект за писменост. Ова беше шанса да ја истражи својата земја и да илустрира повеќе аспекти од 2,600 метри долгата река Нигер.
Нигер е третата по ред најголема река во Африка, веднаш по Нил и Конго. Извира од гвинејските височини во југоисточна Гвинеја. Поминува низ Мали во облик на полумесечина, низ Нигер и на крај низ Нигерија каде што создава делта и се влева во Атлантскиот океан.
Еве неколку слики од реката Нигер фотографирани од Боукару Конате и неговиот тим и објавени со нивна дозвола. Повеќе фотографии може да најдете на Фото галеријата Сегоу Конекшн на Фликр профилот на Брикончела.