Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Расистички напад во Индија – мафија брутално нападна Танзанијка

Screenshot of the torched car from which Tanzanian students were dragged out and beaten.

Фотографија од запалениот автомобил од кој сосила беа извлечени и тепани Танзаниски студенти.

Вознемирувачки пример на одмазништво и расизам претставува нападот од 31 јануари 2016 година, кога 21 годишна студентка од Танзанија, била насилно нападната во Бангалор, Индија, од страна на индиска мафија.

Нападот од мафијата бил извршен веднаш по наводно убиство на 35 годишна жена од страна на судански студент. Нападнатата студентка била тепана, присилно соблечена и натерана да парадира гола пред толпата луѓе, меѓу кои се наоѓале и полициски службеници. Студентката од Танзанија, која е втора година на отсекот по бизнис на колеџот „Ачарја“, пристигнала на местото на нападот со уште четворица други сопатници, 30 минути по споменатото убиство и немала никаква поврзаност со несреќата.

Сепак, мафијата ги присилила студентите да излезат од автомобилот, го претепале возачот и го запалиле нивниот автомобил. Ги ограбиле, а потоа почнале да ја соблекуваат девојката до гола кожа. Инцидентот бил прикажан на вести дури на 3 февруари, откако девојката отишла да го пријави нападот во локалната полиција, а тие одбиле да го регистрираат случајот.

Луѓето од мафијата биле толку лути, што претепале некој од толпата, кој понудил маица на девојката за да се покрие. Кога младата жена се обидела да влезе во локален автобус во близина, патниците ја истуркале надвор, назад во рацете на мафијата.

Насилството предизвикало гомила осуди изкажани на Twitter:

Мафија тепа танзаниска девојка, ја соголува, А ШТО ПРАВИ ПОЛИЦИЈАТА? САМО НАБЉУДУВА.#Bengaluru

Судански автомобил убива жителка на Бангалор. 30 минути подоцна, локалците соголуваат и напаѓаат танзаниска девојка. Ова е расистички начин на размислување

Суданец предизвикува несреќа.
Фатена е танзаниска девојка.
Соголена, тепана.
Бидејќи, ако си мизогинист и расист, кој има време за географија?

Некакво дејствие против полицајците кои гледаа како бесна мафија соголува танзаниска девојка во Бангалор? Бангалорско осило, те молам беснеј, беснеј, беснеј

Ако го оправдуваш мислењето на мафијата, немој да си изненаден ако ова се претвори во мафијашка правда, мафијашко насилство…

Расизам против луѓето со темна кожа во Индија

Според Боско Кавеси, правен советник за Унијата „Сите африкански студенти“ во Бенгалор, лудилото продолжило и во ноќта, кога локални жители отишле во куќите каде што живеат африкански студенти, и ги малтретирале. Тој рекол дека тие ги сопирале возилата на улица за да проверат дали патниците се Африканци. Африканската студентска заедница е сè уште исплашена и студентите не сакаат да излезат во јавност.

Во Индија постои расизам против темна кожа. Мажите со темна кожа се следени поради претпоставка дека се насилни или криминалци, а жените со темна кожа дека се сексуални работнички. Кристал Кушваха, Американка која е во брак со Индиец одговара на прашања на интернет страницата Quora:

[Indians] favor light skin, and in turn, dislike dark skin. Which leads to prejudice against their own race (those with dark skin), as well as others with dark skin.

(Индијците) ја фаворизираат светлата кожа, а за возврат, не им се допаѓа темната кожа. Тоа води кон предрасуди против својата раса (оние со темна кожа), како и за другите со темна кожа.

На 15 април 2015 „Индиа Тајмс“, објави видео на ЈуТјуб, кое прикажува расистичко малтретирање на Африканци во Индија, како на пример, плукање, посочување, потсмевање, изговарање на погрдни имиња и третираниње како опасност кон заедницата:

Еден човек објаснува како расизмот се пренесува од родителот на детето:

There was a lady and the child was having issues with the mother. And the mother was like come on, chalo, let's go, and the baby was actually disturbing the mother. She turned and saw me coming behind them and the only thing that she could use to scare the child was to tell the child to look at me, said “See! This person is going to take you away. Look at him, he's going to take you away.” What kind of scaring is that? Because a child like that will grow up not wanting to associate with any kind of black person.

Имаше една госпоѓа и нејзиното дете со кое имаше проблеми. И мајката му викаше на детето: ајде да одиме, детето всушност ја вознемируваше мајката со својата непослушност. Таа се заврте и ме виде мене како доаѓам позади нив и единственото нешто кое го употреби за да го заплаши детето беше да посочи кон мене и да му каже да ме погледне, и рече: „Гледај! Овој човек ќе те земе. Погледни го, тој ќе те одведе далеку.“ Каков вид на плашење е тоа? Бидејќи тоа дете ќе порасне и нема да сака да се поврзе со која било личност со темна боја на кожата.

„Гротеска на сите нешта, човечки и индиски“

Корисниците на социјалните медиуми истакнаа и други фактори, како полициска толеранција кон мафијата. Нитин Бангера (Nitin Bangera) коментира на Facebook:

This Bangalore case of the Tanzanian woman reminds me of many conversations with friends about road accidents, A lot of people I've had hypothetical chats with say that if they ever knock somebody over in India, they'd flee immediately Or flee immediately to the police station even, but they would not stay at the scene at all, because “dude the mob will kill you”
If such incidents happens in Bangalore like places, we all need to rethink what kind of society we are living in.

Случајот во Бангалор со жената од Танзанија, ме потсетува на многу разговори со моите пријатели во врска со несреќи на патишта. Многу луѓе со кои сум разговарал хипотетички, рекле дека во Индија кога ќе се случи некаква несреќа сите се разбегуваат или барем бегаат кон полициската станица, но не остануваат на местото на несреќата, бидејќи „другар, мафијата ќе те убие“ Доколку вакви несреќи се случуваат во Бангалор, тогаш треба да се запрашаме во какво општество живееме.

А ВЦ Џон вели:

This is a blatant travesty of all things humane and Indian! The police who refused to take a complaint need to be fired and investigated.

Ова е бесрамна гротеска на сите нешта човечки и Индиски! Полицискиот службеник кој одбил да ја прими жалбата треба да биде уапсен и испрашан.

Суприја Наир мисли дека нападот имитира насилство засновано врз општествена каста:

Stripping and parading a young black woman for a made-up reason is textbook upper-caste violence, replicated on the basis of race.

Соголување и парадирање со млада африканска жена од измислена причина, претставува случај на насилство од висока каста, кое се повторува врз расна основа.

Анкит Синг плаче во агонија:

India! Tolerant India! We are a tolerant nation with a thing for parading women naked and torching stuff. Hey, at least we didnt kill her! If this was in Pakistan, Afghanistan, Iraq or some other country, the girl would have been killed. We spared her life! India! Tolerant India!

Индија! Толерантната Индија! Ние сме толерантна нација и парадираме со жени и палиме нешта. Еј, барем не ја убивме! Ако ова се случеше во Пакистан, Авганистан, Ирак или некоја друга земја, девојката ќе беше убиена. Ние ѝ го поштедивме животот! Индија! Толерантната Индија!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.