Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Америка: Регионите реагираат на H1N1 вирусот

Иако епицентарот на избувнување на вирусот H1N1 се наоѓа во Мексико, други земји во регионот наоѓаат начини да го спречат и да се изборат со него. Блогерите одблизу следат што нивните влади превземаат за да го намалат стравот или дали се одговорни за додавање причини за грижа. Други блогери од Латинска Америка го набљудуваат однесувањето на нивните сограѓани, честопати употребувајќи хумор да ја намалат тензијата.

Како резултат на избувнувањето, откажани или одложени се многу настани и планирани активности за кои се очекува дека ќе привлечат големи толпи, како Њу Виндс Фестивалот закажан за 23 април до 3 мај во мексиканскиот град Екатепек. Гватемалскиот блогер Алан Милс на Revólver [шпански] одеднаш имаше потреба да најде алтернативни планови, бидејќи планирал да присуствува на фестивалот.

Photo of the Mexico Metro by Eneas and used under a Creative Commons license http://www.flickr.com/photos/eneas/3471986083/

Фотографија од метро во Мексико од Енеас и употребена под Криејтив Комонс лиценца http://www.flickr.com/photos/eneas/3471986083/

Многу граѓани ги надгледуваат активностите преземени од нивните влади за засилување на јавната свест од можноста вирусот да пристигне во нивната земја. Во Коста Рика, која е втора земја којашто пријави случај во регионот, Хазел Фејгенбалт на Quien Paga Manda [шпански] пишува дека Министерството за здравство треба повеќе да се потруди да ги спречи аптеките кои се обидуваат да се збогатат со продажба на лажни лекови и лажни вакцини. Еквадорскиот блогер на Dejálo Ser [шпански] го разгледува купувањето на 150,000 дози на Тамифлу од земја којашто сѐ уште не се соочила со вирусот и дали парите би морало да се потрошат доколку лековите не се искористат и ако се дозволи рокот на употреба да им истече.

Луис Агире од Bloodyhell [шпански] ги критикува активностите на перуанското Министерство за здравство кое објави дека граѓанин на Аргентина влегол во земјата со вирусот H1N1, но се докажа дека е неточно по тестирањето [шпански]. Сепак, штетата беше направена затоа што владата веќе го кажа името на лицето за кое се сомневале дека има вирус [шпански], нешто кое не се прави во другите земји.

Photo of Tourists in Cancún by El Enigma and used under a Creative Commons http://www.flickr.com/photos/marca-pasos/3494017972/

Фотографија на туристи во Канкун од страна на Ел Енигма и се користи под Криејтив Комонс лиценца http://www.flickr.com/photos/marca-pasos/3494017972/

Однесувањето на другите е тема на којашто често се пишува на блоговите. Во Боливија, Азаел на блогот Abre Los Ojos [шпански] неодамна наишол на автомобил со четири патници кои носеле маски за лице во градот Ла Паз. Не е познато дека вирусот стигнал до Боливија, но тој забележува дека истите луѓе не прават други едноставни нешта да спречат други несреќи, „Она што е потешко да се види е луѓе кои ги имаат ставено безбедносните појаси во нивните автомобили.“

Велвет на Piso Tres [шпански] Меделин, Колумбија, забележува особено фрустрирачки ден додека се возел во јавниот превоз поради реакциите на луѓето околу него.

Resulta que soy alérgico a los olores fuertes. Percibo un aroma de prefume muy concentrado e inmediatamente suelto el estornudo. Un estornudo de los clásicos, de los que no matan sino que te dejan aliviado y con sensación de placer. No tiene nada que ver con la gripa de los marranos. Claro, eso no lo saben los que viajan conmigo en el metro.

Hoy estornudé por culpa de un perfume malísimo que olí en el metro. Un señor del frente me miró con rabia asesina. Un niño miro a su mamá con mirada de mártir y abrazó su pierna. La señora me miró como diciéndome “¡homicida”! y se fue. La joven a mi lado -entre otras cosas la culplable de mi delicioso estornudo- se paró y se cambió de vagón. Otro señor cerquita sacó un pañuelo del bolsillo trasero y se tapó la nariz y la boca. En unos treinta segundos se formo un círculo imaginario a mi alrededor y sentí lo que debe sentir un leproso o un paria hindú.

Изгледа дека сум алергичен на јаки мириси. Ако почувствувам јак парфем, веднаш кивам. Едно од тие класични кивања, кое не убива, но ве ослободува и ви дава чувство на задоволство. Нема никаква врска со свинскиот грип. Се разбира, оние кои се возеа со мене во метрото не го знаат тоа.

Денес морав да кивнам затоа што намирисав лош парфем во метрото. Човекот пред мене ме погледна со убиствен поглед. Дете гледаше во мајка си со поглед на маченик и ја прегрна. Жената ме погледна како да велеше „убиство“ и си замина. Тинејџерот на мојата страна – покрај тоа што беше виновникот за моето слатко кивање – стана и го промени метрото. Друг човек во близина извади марамче од џебот и ги покри носот и устата. Во период од 30 секунди, замислен круг се оформи околу мене и се почувствував така како што мора да се чувствува лепрозниот или индиски скитник.

Други се обидуваа да користат хумор да подзаборават на грижите. Гандица од Венецуела пишува за „новата слика на смртта“ и замислува како би можело да биде во рајот ако ве испрашуваат за причината на смртта [шпански]:

- ¿Y usted de qué murió?
Entonces la respuesta correcta debe ser:
– De la gripe AH1N1.

No vaya pues a cometer el garrafal error de mencionar que murió de influenza o gripe porcina -ya sabe AH1N1-nueva-gripe / H1N1- porque la industria-de-alimentos-carne-de-cerdo está muy sensible y pidió el cambio de nombre.

Joder. Como si el nombre gripal tuviera mucha importancia en estos momentos sobre lo que se nos viene encima.
¡Son pues vainas de nosotros los humanos, siempre tan cuidadosos con la imagen-relaciones-públicas!

- и од што умре?
Точниот одговор би требало да гласи:
– од вирусот A – H1N1

Не правете глупава грешка да кажете грип или свински грип – веќе знаете A-H1N1 – нов вид на грип / H1N1 – затоа што свинската индустрија е многу чувствителна и бара името да се смени.

По ѓаволите. Како името да е важно во овие времиња. Какви глупави грешки прават луѓето, секогаш се толку загрижени за имиџот или за односите со јавноста!

Џулио Кордоба на Ciencia Ficción [шпански] во Коста Рика објавува фиктивна колумна за советување и им договара на прашањата на читателите загрижени за вирусот.

Usted cree que me muera?” Anónimo, San José.
R: De la gripe no, en un asalto en San José sí.

Мислиш ли дека ќе умрам? Анонимен, Сан Хозе (главниот град)
Одговор: Од грипот не, но …..во грабеж во Сан Хозе , да.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.