Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Алтернативни гласови се залагаат за секуларност во Бангладеш

Бангладешкиот либерален хуманист, слободоумник и блогер кој има добиено многу награди Asif Mohiuddin беше поканет да говори на Светскиот хуманистички конгрес 2014 во Оксфорд, Британија. Тој веќе бил уапсен повеќе пати заради наводни „анти-државни“ и „анти-религиозни“ написи, се соочува со напади од фундаменталистите и живее константно со смртни закани. Ова е дел од преводот на неговиот статус на Фејсбук на бенгалски од 3 март 2014 кој што го напишал по повод поканата на Конгресот на кој ќе говори за тоа како луѓето од Бангладеш треба да бидат перцепирани на глобалната сцена: 

Да си од Бангладеш не значи дека си Јужно Азиски исламски фундаменталист- како мал брат на Пакистанците. Во Бангладеш има религиски фундаментализам, но сепак има и гласови кои се против тоа, слично како во САД и Европа. 

Треба само да го прошириме нашиот глас на интернационалната сцена. Треба да ја потенцираме нашата позиција. Ако не го направиме тоа, тогаш светот секогаш ќе не гледа како неписмени, религиски фундаменталисти, десничарски националисти, мизогинисти, анти геј и со уназадени размислувања, а со тоа ќе бидеме гледани како мини-Пакистан, мини-Авганистан и мини-Саудиска Арабија. Време е да се променат овие перцепции. 

Сакаме да се промениме од скромна муслиманска земја во секуларен Бангладеш, каде има слобода на говор и еднакви права за сите. Ние маршираме кон иднината и се надеваме дека надворешниот свет ќе не види нас. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.