Конго: Со спречување на криумчарење спасено бебе горила

Саботата на 26 април 2009 година, ренџерите на ICCN, водени од директорот на националниот парк Вирунда – поранешен директор на WildlifeDirect – Емануел де Мерод, уапсија можен препродавач на горила и во акцијата спасија бебе горила.

Осомничениот беше уапсен откако тој се симна од авион на интернационалниот аеродром Гома, каде ренџерите го чекале неговото пристигање од Валикале, во внатрешноста на земјата и блиску до живеалиште на горила. Видот на спасената горила може да се најде само во Демократска Република Конго.

Бебето горила, кое било скриено под куп алишта во торба, било изнемоштено, дехидрирано и страдало од преголема топлина откако поминало повеќе часови во торба со слаба вентилација.

Следново видео ги покажува низата настани пред и после апсењето:

Блогот за заштита на горилите вели дека ова е доказ дека навистина постои пазар за бебиња горили и зборува за инцидент каде „нас (WildlifeDirect) ни пријде овластен претставник од богат човек од земја од Средниот исток, кој сакаше да дознае како да купи бебе горила.“

Емануел де Мерод потврдува дека овој пазар постои и дека е доста профитабилен. Тој е цитиран на блогот Gorilla.cd:

Нашата работа покажува значителен пораст во трговијата со бебиња горили во последните месеци, можеби како резултат од војната во последната година. Истражувањата треба да покажат каде се праќаат овие животни и кој ги купува, но еден од изворите ни кажува дека бебе горила може да достигне цена од 20 000 долари.

Оваа акција се случи како резултат на тримесечна истрага. Блогот за заштита на горилите се радува за вестите и се надева дека „правдата ќе биде задоволена и дека бебето горила ќе биде вратено во неговата природна средина.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.