Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Глобалните отпуштања и враќањето на работниците мигранти

Овој пост се фокусира на приказни од невработените и работниците мигранти кои се враќаат во нивните држави. Како невработеноста влијае на поединците низ целиот свет? Кои се некои од тешкотиите со кои се сретнуваат поединците во нивната потрага по работа? На кои начини повратната миграција на работниците создава проблеми за земјите во развој?

Дневниците на невработените

Постојат неколку сајтови кои редовно даваат најнови вести за отпуштањата на работниците.  На пример: Layoff Tracker, Layoff Daily, The Layoff List, Блогот Singapore Retrenchment. Во нејзиниот дел Меѓународната организација на трудот постави свој документ за најновите бројки за невработеноста за секоја земја во светот. Овие сајтови укажуваат на фактот дека отпуштањата се перципирани од повеќето луѓе како основен и најпрепознатлив индикатор за глобалната економска рецесија.

Има многу невработени поединци кои ја документираат нивната секојдневна борба со отварање на блог. Примери за ваквите дневници на невработените се: Furbier.com (Бразил), Retalhos Da Vida De Um Merdas (Португалија), Jobless and Less (САД), Unemploymentality (САД), Pink Slips are the New Black (САД.)

Издадена е книга за животот на еден невработен човек во Кореја – „Бегство од невработеноста“. Исто така достоен за почит е блогот на еден неодамна отпуштен работник – Unemployment Haiku Weekly.

Unemployment Haiku Weekly

Unemployment Haiku Weekly

Fabio C from Brazil се осврнува на  чувствата на невработените:

Ficar desempregado é terrível. Você se sente inútil, nem descansar consegue, já que você pensa que precisa achar algo para fazer. Seu corpo e sua mente se acustumam ao trabalho, agora entendo porque aposentados ficam depressivos ou porque alguns profissionais vendem 10 ou 20 dias de férias.

Meus dias tem sido pesados, cansativos por serem iguais.

Да станеш невработен е страшно. Се чувствуваш бескорисно, дури не можеш ни да се релаксираш затоа што сметаш дека треба нешто да работиш. Твоето тело и мозок се навикнати да работат, сега разбирам зошто некои пензионери стануваат депресивни или некои луѓе претпочитаат да работат 10 или 20 денови за време на одморот. Моите денови се тешки, напорни затоа што сите се исти. Тоа навистина ме депресира.

Според Меѓународната организација на трудот (МОТ), Средниот Исток или Северна Африка се забележани како региони со највисок степен на невработеност во 2008. Amira Al Hussaini од Global Voices пишува за  отпуштањата во арапскиот свет. Најтешко погоден од рецесијата бил Дубаи. Kinan Jarjous од  Дубаи напиша поема и неколку проштални електронски пораки после отпуштањето.

Нема потреба да се биде вознемирен. Јас сум воодушевен што ова е завршено. Секако ќе ми недостигаат примањата и чувството да се биде корисен, но тоа сега е споредно.

Напишав неколку проштални пораки, но ги избрав најкратките и најслатките за испраќање. Не остана ништо повеќе да се стори, ништо за што би зборувал дома. Мојата енергија сега ќе биде насочена кон одење напред, и следење на сопствените желби. Морам да престанам да бидам некој друг.

Дури и работниците од филмската индустрија се под закана за губење на работните места. Продуцент од големо филмско студио во Холивуд неодамна беше отпуштен:

Велат дека филмската индустрија е од оние отпорни на рецесијата, но кога основата на толку поврзаната економија колабрира и има многу луѓе кои одеднаш се будат и сфаќаат дека живееле над своите примања, тогаш изгледа дека и моќниот Холивуд ќе заврши со намалување на работните места. И тие луѓе, исто како и сите други ќе мора да размислуваат како да најдат работа, да си ги задржат домовите и да ги обезбедат своите семејства со добро здравствено осигурување

Блогер од Јужна Кореа ги идентификува можните  причини на компаниите за отпуштање на работниците. Aspan, исто од Кореа забележува дека „општествата не се чувствуваат удобно со невработените.“ Подолу е превод на она што го напишал Aspan на својот блог:

Повеќето невработени чувствуваат понижување кога ќе примат надоместок за невработени. Тие се чувствуваат вознемирени во работилници каде можат да добијат таков надоместок. Ние сите знаеме дека сме ги изгубиле работните места, но тие болно не потсетуваат на толку суров начин. Со цел да добиеме надоместок кој се дава на секои две недели, мораме да одиме на јавно место на време и да покажеме евиденција за тоа колку напорно сме барале работа за тие две недели. Откога ќе поминеме, можеме да го добиеме надоместокот за невработени. Како дополнување, се чувствувам тажен во моментот кога гледам како ме гледаат другите луѓе: зошто човек кој треба да биде главниот хранител на семејството е заглавен дома. „Можам ли да се одморам заради полнење со нова енергија?“ Дури и банките кои порано ме молеа да ми дадат кредитна картичка сега ме одбиваат. Нашето општество не се чувствува удобно со невработените

Невработеноста ги научи луѓето да ги ценат скапоцените работи или личности во нивниот живот. Pedro од Португалија е задоволен од фактот што ја има поддршката од семејството и пријателите:

Valem-me muitas coisas. O conforto da família, os amigos, os colegas. E, mais do que tudo, poder pegar na tua mão e sentir que ao pé de ti nada mais importa do que ver-te verdadeiramente feliz. É essa a razão principal que ainda me faz sentir uma ponta de optimismo e afasta de vez a palavra desistir do meu dicionário mental. Porque nada irá estragar um bem precioso que me caiu na vida de forma tão incrível. Como que a dizer que a vida tem sentido. E tem. Contigo tem. Bastante.

Многу работи ми се драгоцени. Удобноста на мојата фамилија, пријатели и соработници. И најповеќе, можам да ве држам за рака и чувствувам дека покрај вас ништо не е важно освен да ве видам вистински среќни. Ова е основната причина зошто се уште чувствувам трошка оптимизам и зборовите „откажи се“ ги исфрлам од мојот ментален речник. Затоа што ништо нема да ја уништи скапоцената добивка која дојде во мојот живот на толку неверојатен начин. Како да речеш дека животот има значење. И има. Со вас има. И тоа многу.

Но, понекогаш невработеноста го победува духот.  Египетски политичар го  обвинува високиот степен на невработеност за феноменалниот пораст на самоубиства во Египет.

Видеото подолу ја прикажува кризата со невработеноста кај земјите членки на Организацијата за економски развој и соработка.

Дневници за потрагата по работа

Блогерите исто така пишуваат и за нивната потрага по работа. Многу од нив наидуваат на тешкотии.

Емигрант од Израел ја изгубил својата работа во 2003 година со расцепот на балонот на високата технологија. Сега тој е во потрага по работа. Неговата сопруга зборува за проблемот со возрасната дискриминација на пазарот на трудот.

Иако возрасната дискриминација е нелегална во Израел секој кој е во индустријата на високата технологија знае дека тоа е „Бегството на Логан“ т.е. ако си постар од 55 години, ти едноставно не постоиш.

Што да прави некој кој има долгогодишно работно искуство и никој сериозно не го зема во предвид за вработување затоа што е над одредена возраст.

Една од најтешките работи кога имаш неваботен сопруг е да го гледаш секојдневно падот на нивното его и самодоверба помеѓу потенцијалните работни места и секојдневните интевјуа. Во одредени случаи процесот на селекција на кандидатите може да трае и 3 до 5 месеци додека компаниите го стеснуваат изборот.

Mona, Палестинка во Канада е фрустрирана затоа што  IT компаниите бараат индивидуи кои знаат се и се спремни да работат скоро за ништо:

Можете да кажете дека мојата потрага по работа е за никаде, но жал ми е за компаниите, не познавам над 20 јазици, со 5+ години работно искуство. Но како и сите дипломирани компјутерски инженери со години искуство, сум способна да учам нови работи. Дали учењето е толку лоша работа денес или човек мора да знае се уште на почетокот и да биде платен минимално?

Денес работните места во ИТ индустријата не се базирани на продолжено образование или способност за континуирано учење. Тие се базираат на пронаоѓање на човечки робот кој знае се и сака да работи за ништо

Во Хонк Конг, Oiwan Lam од Global Voices пишува за  контроверзниот план за субвенција на владата за универзитетските дипломци кои бараат работа

Како проблемот за невработеноста се влошува, така зачувувањето на работното место е најважната задача. (Секретарот за финансии) John Tsang одлучи да ги стави универзитетските дипломци на распродажба со план за субвенции. Но, многу луѓе сметаат дека ваквата политика ќе го наруши пазарот бидејќи им дозволува на компаниите да ги плаќаат универзитетските дипломци 4,000 HKD (нешто повеќе од 500 американски долари) од кои 2,000 HKD ги субвенционира државата.

Неколку групи на Facebook се крерирани за да протестираат против оваа политика. Најпопуларна е онаа која вели дека Финанскискиот секретар на Хонг Конг заслужува само 4000 HКD на месец!

Во Германија, многу трагачи по работни места се приморани да работат со скратено работно време во замена за субвенција од владата во плата и социјално осигурување. Чудно, но  невработените инвестициски банкари од Лондон одат во Сингапур. Саудиските жени кои ги изгубиле работните места се соочуваат со ограничени работни можности – сексуалното малтретирање на работното место е главната причина. Камбоџиски блогер го повикува Khmer Американците кои бараат стабилна работа да се вратат и да работат во Камбоџа. Социјалните медиумски алатки исто така се користат за аплицирање за работа. На пример: Twitter Job Search.

Постојат грижи дека Јапонија веќе се соочува со „ледено доба на невработеноста“ што може да креира уште една „изгубена генерација“ од млади Јапонци без полно работно време. Најмалку 87 компании  ги откажаа 331 неформални ветувања за вработување на универзитетски студенти минатата година. Повеќе од 500  привремени работници останаа во шаторските градови  минатиот јануари откако ги изгубија своите работни места.

Краткото видео подолу ги прикажува повремените работници кои нашле прибежиште во шаторските градови минатиот јануари.

Враќањето на мигрантите

Работниците мигранти се враќаат дома во големи бројки откако ги изгубиле работните места во Америка и Европа. Оваа обратна миграција може да предизвика конфликти во сиромашните нации кои не можат да обезбедат соодветно вработување и социјални услуги на нивните граѓани.

Повеќе од 8 милиони Филипинци работат во странство. Паричните средства кои им ги праќаат на своите семејства помагаат да се одржува Филипинската економија. Денес, многу  прекуокеански филипински работници, вклучувајќи и професионалци, се враќаат дома. Филипинска двојка  која ги изгубила работните места и нивната куќа во Калифорнија се враќа назад на Филипините. Филипинските работници во Хонг Конг се  заменуваат со локални. Филипинската авио компанија ги зголеми летовите од САД и Канада што може да се интерпретира како знак дека се повеќе Филипинци се  приморани да се вратат на Филипините.

Во минатото Бразилците со Јапонско потекло мигрираа во Јапонија. Денес „Бразил е новата Јапонија“. Paula Goes од Global Voices пишува за бразилските имигранти во Јапонија кои се враќаат дома заради кризата. Најмалку 40,000 бразилски имигранти планираат да ја напуштат Јапонија.

Elaine избра да остане во Јапонија, но таа забележува дека јапонската економија ќе продолжи да се влошува. Таа стравува дека има Бразилци кои живеат на улиците на Јапонија.

A crise não dá sinais de melhora e com isso existem mtos brasileiros que aqui residiam e que já regressaram ao Brasil,os que ficaram,como eu,estamos tentando sobreviver nessa crise brava que afetou o Japão,quase todos os dias eu vejo nas notícias do Japão alguns brasileiros que vivem nas ruas, que não tem nem o que comer e outros que vivem em abrigos públicos,contando com os donativos de pessoas solidárias.

Кризата не покажува знаци на подобрување и поради тоа многу Бразилци кои живееле овде сега се враќаат во Бразил. Оние кои останаа како мене, се обидуваат да ја преживеат оваа луда криза која ја зафати Јапонија. Скоро секој ден ги гледам вестите кои известуваат за Бразилци кои живеат на улиците на Јапонија, луѓе кои немаат ништо за јадење и други кои живеат во засолништа потпирајќи се на донациите од добрите луѓе.

Населението во Дубаи се учекува да се намали за 8 проценти ако странските работници продолжат да го напуштаат градот. Блогер тврди дека населението во Дубаи ќе се намали за 25% . Училиштата во Дубаи добиваат бројни барања за трансфер на училишни сертификати на ученици на странски работници кои се враќаат дома во нивните земји. Едно училиште има изгубено 10% од неговата ученичка популација.

Економиите на многу земји од Јужна Азија зависат од паричните пратки на нивните работници од странство. Rezwan од Global Voices пишува за континуираниот и вознемирувачки тренд на работниците мигранти кои ненадејно се враќаат дома во Јужна Азија.

Supriyo Chaudhuri од Sunday Posts пишува за обратната миграција од САД кон Индија.

Рецесијата, несигурноста и тешкотиите во имиграцискиот процес и можностите во Индија комбинирани креираа поток од обратна миграција од Америка кон Индија. На ова е додаден и тенок млаз од Англија и браната експлодира во Дубаи. И одеднаш индиските градови се преплавени со повратници, со малку кеш, кои се обидуваат да го започнат животот од почеток уште еднаш.

Бројот на работници кои го напуштаат  Непал се намалува. Додека Малезија претпочита да им дава работа на локалните работници, многу работници мигранти  од Бангладеш се приморани да се вратат во низната земја.

Фотографија на насловна странае од Фликер страницата на Per Bjorklund. Португалскиот текст е преведен од  Paula Goes. Цитатот од Кореја е преведен од Hyejin Kim.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.