Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сиријa: Леб и пропаганда

Овој напис е дел од специјалната обработка за протестите во Сирија во 2011 година.

Како протестите во Сирија продолжуваат веќе трета недела, така владата на Асад ја губи надежта дека протестите ќе стивнат.  Денес, владата го затвори новото казино во државата и ги врати бурките [муслимански женски превез за главата] во училиштата, во обид да се дојде до конзервативните муслимани.

Истовремено, владата воспоставува власт преку пропаганда, чии што некои делови си го наоѓаат својот пат до најневеројатните места. Ова попладне, репортер на CNN, Хала Горани, (@HalaGorani) објави фотографија на Твитер од векни сириски леб кои вклучувале специјална порака до народот на Сирија:

@HalaGorani: Делеа брошури на купувачите на леб во Дамаск: “Сирија е нашата секта (…) Сите сме Башар…“ http://yfrog.com/gzpk8glj

Syrian bread promoting love of President Bashar al-Assad. Image uploaded to Twitter by Hala Gorani.

Сириски леб промовира љубов од претседателот Башар ал Асад. Сликата е прикачена на Твитер од Хала Горани.

Според Асија Бундау (@assuss), на брошурите исто така пишуваше „нацијата е поголема отколку хаосот“. Во меѓувреме Маиса Акбик забележа дека дури и Египќаните не креираа нешто како ова“.

Корисникот на Твитер @sapiensprod зема помалку пристрасен пристап:

@sapiensprod: Во Сирија игрите во фудбалската лига се откажани и пропагандата за лебот. Дај им леб, не игри… во меѓувреме многу луѓе беа притворени…#Bashar

Овој напис е дел од специјалната обработка за протестите во Сирија во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.