Заедницата на Global Voices повикува на ослободување на деветте новинари затворени во Етиопија.
Befeqadu Hailu, Abel Wabela, Atnaf Berahane, Mahlet Fantahun, Zelalem Kibret, и Natnael Feleke (сите членови на колективниот блог Zone 9) и новинарите Asmamaw Hailegeorgis, Tesfalem Waldyes и Edom Kassaye беа приведени на 25 април во Addis Ababa. Особено сме натажени што четири преведувачи на Global Voices — Hailu, Wabela, Kassaye и Kibret — се помеѓу приведените.
Од 2012 година, Zone 9 работи на поттикнување на граѓанско учество и критичко размислување за општествени и политички теми во Етиопија. И покрај тешките услови, тие ги користеа своите права за слободно изразување со цел да придонесат кон дијалог и дебата.
Global Voices е заедница на блогери, активисти, автори и преведувачи од 137 земји. Универзалното човеково право за слобода на изразување е темел на нашата мисија: да се известува за приказни кои не се застапени во медиумите и да се бранат правата за слободно говорење и говорење без страв. Ние сме шокирани од нарушувањето на правото за слободно изразување на нашите пријатели и сме загрижени за нивната безбедност. Не можеме да молчиме.
Блогирањето не е криминал. На 3 мај — Светскиот ден за слобода на медиумите — ние како заедница бараме од властите на Етиопија да ги ослободат нашите колеги и пријатели и сите други новинари во Етиопија.
Ако сакате да се придружите кон оваа изјава, ве молиме кликнете тука и додадете го вашето име или организација во нашата листа.
Пријатели и сојузници кои ја поддржаа оваа изјава:
- PEN American Center
- Internet Sans Frontières
- Electronic Frontier Foundation
- Ushahidi
- Bloggers Association of Kenya
- KenyaUnlimited
- AfricanHadithi
- EngageMedia
- Digital Media Law Project
- MIT Center for Civic Media
- Article 19
- Visualizing Impact
- Access
- HIVOS
- Association for Progressive Communications
- Educación y Ciudadanía
- e-globalknowledge
- Más de 131
- Red en Defensa de los Derechos Digitales
- Bytes for All