Аргентина: Ѕид кој разделува две соседства во Буенос Аирес

Аргентинскиот округ Сан Исидро кој се наоѓа на северниот дел во Гранд Буенос Аирес ја започна изградбата на ѕид долг 16 блока и висок 3 метри, создавајќи бариера со соседната област Сан Фернандо. Според властите на Сан Исидро, причината поради која се гради ѕидот е да се обезбеди поголема сигурност за тамошното население кои тврдат дека се ограбувани од луѓе кои потоа бегаат во соседната област.

Почетокот на градењето предизвика неколку протести и група соседи од овој округ го срушија ѕидот и уништија многу бетонски блокови кои беа наменети за изградбата. Откако се појавија многу критики по медиумите, градоначалникот на Сан Исидро, Густаво Посе, застана во одбрана на изградбата. Дури и претседателот на Аргентина, Кристина Фернандез де Кирхнер, даде свое мислење на оваа тема: „Ѕидот е комплицираност. Јас сум запрепастена, тоа е сепаратистичка мерка. Треба да се гради, наместо да се разделува“.

Според Еконоблог, барањето да се подигне ѕидот „беше побарано од соседите на Ла Оркета за да се спречи крадењето“ и тоа дека „ѕидот ќе ги спречи луѓето од соседството на Виља Хардин да ги преминуваат улиците кон соседството на Ла Оркета“. Ова место е едно од најскапите места во Сан Исидро.

Во Сјете Крисантемос се анализираа резултатите од анкетата во весникот La Nacion, каде што многу гласачи ја поддржуваат изградбата на ѕидот, додавајќи:

Yo no vivo ni en San Isidro ni en San Fernando, y no puedo decir que tan insegura es esa zona en particular; pero ya con lo que es Capital Federal me doy una idea. Sin embargo me parece vergonzoso plantear como solución un muro que en realidad no terminaría de resolver nada, como tampoco lo haría la pena de muerte, pero ese ya es otro tema. Cada vez más escucho en todos lados que este tipo de soluciones son las que realmente podrían ser efectivas, y que ese sea el pensamiento de la mayoría realmente me resulta triste.

Не живеам во Сан Исидро, ниту во Сан Фернандо и не можам да кажам каква е безбедноста во таа област, но можам да замислам според она што се случува во главниот град Буенос Аирес. Сепак, мислам дека е непријатно да се предлага ѕид како решение, кое нема ништо да реши, исто како што не ја поддржувам смртната казна, но тоа веќе е друга тема. Секојпат кога ќе слушнам дека таков вид на решенија можат да бидат ефективни и дека мнозинството размислува така, јас станувам тажен.

Во Ла Рунфла иронично изјавуваат дека не зборуваме за Западната банка во Палестина, туку за две локации во Буенос Аирес. Во Листао го исмејуваат градоначалникот Посе, велејќи дека ги копира своите идеи од Мики Ванила, комичен карактер игран од страна на аргентинскиот актер Диего Капусото кој „снима поп музика само за забава“ и на овој начин се обидува да ја прикрие расистичката содржина на неговите стихови. Видео на Мики Ванила со англиски превод.

Конечно, блогот на весникот Кларин Que Parezca un Accidente изјавува дека срушениот ѕид е резултат на проект за кој е потрошена значителна сума на државни пари, а Алекс Пиедо саркастично пишува:

Ahí lo tienen. Una simpática construcción, un muro cuyo único fin era mostrar al resto del mundo y sus alrededores, la capacidad y habilidad de los constructores de San Isidro, destruído, derribado, demolido inmediatamente por la desidia de aquellos que se oponen al progreso y al engrandecimiento de la Argentina toda. Un montón de dinero tirado a la basura por la mano de aquellos que se oponen al desafiante reto de la Argentina potencia.

Сега ја имате. Убава, мала градба, ѕид чијашто цел беше да го покаже остатокот од околниот свет, капацитетот и способноста на градежните работници на Сан Исидро, која сега е уништена, соборена и опустошена од негрижата на оние кои се противат на напредокот и развојот за сè во Аргентина. Многу пари се фрлени во ѓубре од страна на оние кои се противат на предизвикот за создавање моќна Аргентина.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.