Замбија: Лидерот на опозицијата ја ризикува политичката кариера за правата на хомосексуалците

Хомосексуалноста е тема за којашто е подобро да не дискутираме, но замбискиот политичар на опозицијата не размислува така. Тој им порача на хомосексуалците дека доколку тој победи на претстојните претседателски, парламентарни и локални избори ќе им ги признае нивните права.

Лидерот на најголемата опозициска партија Патриотски фронт, подобро позната по насекаде распространетите иницијали ПФ. Владее мислење дека Мајкл Сата присуствувал на состаноци заедно со дипломатите од западните земји донатори акредитирани од Замбија и дека наводно се заколнал дека доколку тој биде избран за претседател ќе ги признае правата на хомосексуалците во државата.

Zambian politician, Patriotic Front's Michael Sata, arrives at the Supreme Court in a bid to recount the 2008 presidential election. Image by Harrison Tuntu, copyright Demotix (17/02/09).

Замбискиот политичар Мајкл Сата, Патриотски фронт, пристигнува во Врховнит суд и бара пребројување на гласовите на претседателските избори во 2008 година. Фотографија Харисон Тунту, авторско право Демотикс (17/02/09).

Секогаш контроверзниот Сата, политичкиот ветеран на кој постојано му се зголемува популарноста, во 1970 година, гувернер на Лусака во време на администрацијата на републикански претседател др. Кенет Каунда, која потоа стана владејачка партија, секретар на ММД и министер без портфолио и кој за време на вториот републикански претседател, Фредерик Чилуба, работел во неговиот кабинет на третата по важност позиција, од 2001 година па досега се има кандидирано три пати.

Сата ја формира неговата политичка партија во 2001 година откако Чилуба изјави дека аутсајдерот Леви Мванаваса, претходниот заменик на претседателот којшто се откажа од позицијата поради разликите со Сата помеѓу 1991 и 1994 година, ќе се кандидира на изборите таа година, заобиколувајќи го него бидејќи тој наводно ги протерал оние квалификувани кандидати кои му се спротивставиле на неуставниот обид на Чилуба за неуставен трет мандат.

Поради неговата изјава за хомосексуалноста, сегашниот заменик-претседател и министерот за правда, Џорџ Кунда, постојано  го критикуваат Сата и при секое нивно излагање ги изложуваат нивните ставови против истото. Многубројните напади на Кунда го инспирираа Хенри Кјамбалеса, Замбиец којшто живее во Америка, да го искаже своето мислење на веб сајтот Zambia News Features, кој притоа предизвика  реакции кај публиката:

За нападите на Кунда упатени кон Сата на темата хомосексуалност, Кјамбалеса напиша:

…учените господа заменик-претседател и министерот за правда треба да заземат неутрален став во однос на прашањето за хомосексуалците бидејќи на тој начин најверојатно ќе предизвикаат омраза во одредени сегменти на замбиското општество. Неговите говори не смеат да бидат засновани врз лични мислења, инсинуации, шпекулации или пак да промовираат омраза кон одреден политичар или група граѓани.

Знаеме дека Уставот на нашата држава не признава никакви здруженија, бракови и посвојување деца на хомосексуалците. Сè што Комрад Кунда треба да стори е да воведе Повелба во парламентот којашто ќе содржи прашања поврзани со сексуалната ориентација, а особено треба да посвети внимание на дискриминацијата, треба да забрани дискриминација од секаков тип базирана врз нечија сексуална ориентација.

Она што најмногу ги налути медиумите и црквата е изјавата којашто Сата наводно ја даде пред неколку месеци на еден дански весник. Тој изјавил дека законот на Замбија всушност ги признава правата на хомосексуалците. Како и да е, тој не посочи кој дел од законот на Замбија ги признава правата на хомосексуалците. Единствените закони во Замбија коишто зборуваат за хомосексуалците се оние со кои осудуваат на неморал и бараат казна за истите.

Црквата е многу гласна кога станува збор за ова прашање бидејќи Замбија е христијанска нација. Истото го има изјавено и претседателот Чалуба во првите месеци од неговиот мандат во 1991 година, а сето тоа е потврдено и во републиканскиот Устав.

Дел од наводното интервју на Сата е цитирано на веб сајтот, Afrique en ligne, во кое се смета дека тој го изјавил следново:

Г-дин Сата: „Некои луѓе велат дека јас се обраќам на народот бидејќи сакам да ги поттикнам хомосексуалците, а јас им велам да ме послушаат дека постојат закони во Замбија коишто ги признаваат правата на хомосексуалците.

Исто така, законите во Замбија содржат и одредени рестрикции, но кога ќе појдете низ светот ќе видите дека не постои една единствена држава којашто нема пропишани рестрикции за правата на хомосексуалците. Сето тоа е само евтина пропаганда. Ние имаме закони, сè што треба да сториме е да ги спроведеме истите“.

Прашање: Дали сметате дека сегашната влада презема мерки за спроведување на законот? Г-дин Сата: „Мислам дека сегашната влада е корумпирана, а кога некој или нешто е корумпирано не прави ништо правилно.

Кога си корумпиран не можеш да направиш ништо правилно, како што велат во Англија „како ти свират- така ќе играш“. Тоа е проблемот на корупцијата. Тоа е проблемот на корупцијата“.

Вообичаено, нетизените го коментираат прашањето за хомосексуалноста: за или против хомосексуалноста. Овие реакции ги предизвика изјавата на заменик-претседателот во којашто вели дека хомосексуалноста во Замбија е нелегална. Статијата се појави во еден од водечите замбиски онлајн сајтови  Лусака Тајмс.

INDEPENDENT OBSERVER напиша:

Западниот свет е премногу заглавен во неговиот либерализам. На политичарите им е јасно како ден дека ако случајно проговорат нешто против хомосексуалците ќе бидат исфрлени од власта, особено во САД, Велика Британија, Германија, Франција и секако Грција, како најстариот Геј-храм во Европа.

Имаме секакви групи во Европа коишто водат кампањи против затворањето на педофилите, тие сметаат дека тие не треба да бидат затворени туку дека треба да им биде обезбедена професионална помош и третман. Каква глупост е ова?

И сега, што мислите? Дали јас го дискриминирам геј општеството? Во никој случај!!!…. Како и да е, на Замбија не ѝ треба самоуништување бидејќи таа поседува културен морал и христијански вредности.

Areaboy се сложуваa:

Законите против хомосексуалните активности треба да останат исти. Доволно е веќе од овие непотребни либерални разговори и политичка коректност.Уф!

Monster вели:

Како прво, колку христијани има во Замбија? Мислам, христијани со нивната душа, дух и дело, не лажни христијани. Многу е тешко да запознаеш некој таков. Секој е свесен за тоа дали живее според учењата на Библијата, и запомнете дека во Евангелието според Матеј не се христијани оние кои само го изговараат името Господово и нема да го наследат Кралството Господово; самата Библија нè учи да не им судиме на другите, понатаму во учењето подетално се објаснува… како да ја извадиш раската од окото на твојот пријател, а ја имаш и во твоето око… Па затоа ве молам пред да се обидете да зборувате за моралот на другите луѓе првин погледнете се себеси. Јас не ги поддржувам хомосексуалците и не би сакал да се случи такво нешто во Замбија, барем не во нашата генерација… Она што нè прави христијани сигурно не е политичката декларација на еден политички грабливец…

Monster продолжува:

тие што сакаат да инсинуираат дека Сата ги поддржува правата на хомосексуалците- грешат; ако на луѓето не им се допаѓа тоа нека се воздржат, но некои луѓе ако сакаат да се вклучат во валкан бизнис тие тоа и ќе го направат. Денешниот свет нема да биде ист како во новите генерации. Затоа Сата сака да си ја обезбеди неговата позиција. Додека пак  ММД сака да стави крај на сето тоа.

Mushota се прашува зошто христијаните мислат дека секогаш се во право:

Христијаните мислат дека секогаш се во право.

Тие се чувствуваат навредено и преземаат легални постапки кога атеист ќе го искаже своето мислење и ќе ја презентира неговата анти-религиозна литература.

И покрај тоа, тие имаат право да им држат предавања на сите други и да ги споделуваат нивните мислења на улица, во поштенското сандаче, на училиште, на состаноци на Советот, на радио, на телевизија, итн.

За првпат христијани (и муслимани), погледнете малку подалеку и ќе видите дека воопшто не сте посебни, ете тогаш ќе можеме да зборуваме прашања од ваков тип на соодветен начин.

Дозволете ја хомосексуалноста и прифатете ја. Хомосексуалците се исти како луѓето со лева рака, тоа е ген и МОРА да биде прифатен.

Ве молам учете од мене
Благодарам

The Lord SITH не сфаќа зошто сите се оптоваруваат со тоа:

Не ми е јасно како може во општество во кое хетеросексуалноста е табу тема, толку многу се истакнува прашањето за хомосексуалците  секојдневно во јавните дебати секојдневно. Не сфаќам зошто сите се оптоваруваат со сето тоа.
….Нашето општество е многу конзервативно за такви работи и тоа ни е јасно на сите нас. Ова ми остава впечаток дека ние сме под закана од морално пропаѓање, не сакам помислам дека ние го прифаќаме тоа и дека дозволуваме странци да ни диктираат како треба да се однесуваме. Иако ние знаеме дека не треба воопшто да дискутираме за хомосексуалноста на тој начин (или пак можеби нè фаќа параноја од прикажаното). Вистинска дебата треба да се води околу тоа зошто хомосексуланоста е кривично дело и зошто треба да сноси толку строги казни.

RAT RACE не сфаќа што ја прави Замбија христинска нација:

Прво нешто што воопшто не го разбирам е дека Замбија е христијанска нација и што никогаш нема да го разберам во мојот живот. Не гледам ништо злобно во тоа мојот комшија да биде хомосексуалец сè додека тој не ги загрози моите права. Ако двајца возрасни мажи одлучиле да бидат заедно тогаш оставете ги. Постојат и многу други прашања за кои треба да се поведе ред, на пример, полигамијата е прифатена поради традицијата. Мислам дека Замбија е единствената држава во која е забрането рационално размислување со слабите аргументи на христијанството. Ако сме ние навистина христијанска нација тогаш ајде да ги забраниме полигамните бракови, актовите на возвишување на духовите на предците итн.

Ова не е прв пат прашањето за хомосексуалноста да предизвика голем интерес во Замбија. Пред само 15 години, коалиција на невладини организации сакаше да извојува слобода за хомосексуалците и да формира организацијата ЛЕГАТРА или Асоцијација на лезбејки, гејови и транссексуалци. Организацијата никогаш не започна да функционира поради истите причини на нетолеранција и критичност со кои сега се соочува и Сата. Останува прашањето уште колку ќе потрае овој долг циклус дискусии? Ќе оставиме да ни каже времето.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.