Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

ВИДЕО: Булдожери во Бразил рушат станбени објекти без предупредување поради светското првенство

Овој напис, од Андреа Дип е дел од специјалната репортажа на Agência Pública, #CopaPública (Јавен Куп) и првпат е објавен на 1 февруари 2013, под наслов Минидокументарец: Франциска губи сè затоа што се наоѓа на патот Transoeste.

Видеото го прикажува моментот кога службениците на Рио де Жанеиро, опремени со булдожери, се спуштаат во Рестинга со намера да рушат домови и канцеларии на 153 фамилии кои живеат во околината.

Франциска де Пино Мело ги опишува своите очајни обиди да ги запре екипите за рушење:

 

Foto: Agência Pública

Фотографија: Agência Pública

Видов кога булдожерите тргнаа кон капијата. Се обидов да им застанам на патот, но еден човек ме сопре. Беше нормално да го направам она што секој би го очекувал, надевајќи се дека ќе запрат и ќе поразговараат со мене и со другите жители. Меѓутоа, мојата сестра и мојата ќерка викаа, молејќи ме да се откажам од тоа. Се вратив во куќата, ја земав торбата полна со документи и тргнав кај брат ми. Бев во шок, постојано плачев. Која беше причината за тоа? Зошто мора да се одземат становите што им се потребни на толку многу луѓе?

Поставена во јануари 2013, оваа снимка е дел од втората поставка на серијата мини документарци „O Legado Somos Nós” (Наследството сме сите ние), која ја направи организацијата за човекови права „Сведок“, во партнерство со Бразилскиот национален светски куп и Олимпискиот комитет (Comitê Popular Rio Copa e Olimpíadas). Овие присилни иселувања и разурнувања во околината Рестинга на западната страна на Рио де Жанеиро, кои се појавуваат во документарецот, се случиле во 2010-та година, со цел да се прошири Avenida das Américas во покраината Recreio dos Bandeirantes, што е предуслов за поставување на автобуската експрес линија Transoeste.

Foto: Agência Pública

Фотографија: Agência Pública

Досега, жителите примиле незначителен надомест за својата загуба, додека бизнисмените-сопственици воопшто не примиле надомест, иако Општинската уредба бр. 20.454, од 2001 година утврдила дека, во случај на бизнис, „треба да биде понудена нова бизнис единица, надомест или купување на друг објект што е предмет на истите критериуми како и оние кои се утврдени за користење на стамбени простори, како што е предвидено во СМХ проектите“.

Според документарецот, 8000 луѓе веќе ги изгубиле своите домови во Рио де Жанеиро од почетокот на подготовките за претстојните Светско првенство и Олимписки игри, а досието, објавено од Бразилскиот национален светски куп и Олимпискиот одбор наведува дека околу 30000 луѓе од градот ќе бидат иселени поради Светското првенство 2014 и Олимписките игри 2016.

Семејствата „губат сè

Francisca de Pinho Melo em "Minidoc: Francisca perdeu tudo por estar no caminho da Transoeste." Agência Pública

Франциска де Пињо Мело во видеото „Минидокументарец: Франциска губи сè затоа што живее на патот Трансоесте.“ Agência Pública

Во ова видео, Франциска зборува дека го изгубила столарскиот бизнис, каде што работела рамо до рамо со мажот, ќерката и двајца роднини кога ја демолирале околината. Кажува дека морала да започне живот во друга заедница, да преживува продавајќи јадења:

Работев во столарска струка шест, седум години. Заработувавме пари доволно за ги задоволиме нашите потреби. Кога се случи ова, три месеци не заработивме ништо, само трошевме. Потоа, моравме да започнеме да плаќаме кирија за куќата. За децата беше најтешко, тешко е да гледаш како дете моли. Моите пријатели, роднини, комшии ни дадоа врата, каса, и сега заработувам продавајќи оброци, грицки, безалкохолни пијалаци. Работам и по 18 часа секој ден.

Франциска, која не само што ја изгубила куќата, туку и работата и изворот на приходи, изјавила за Copa Pública дека сè уште се бори заедно со јавниот бранител да добие прифатлив надомест за загубата на столарската работа; а што се однесува до губењето на куќата, морала да прифати симболична сума од околу 3800 реалии [околу 1800 американски долари] која ја понудила градската власт:

Изгубив сè, куќата, работата и изворот на приходи на моето семејство. Уште полошо е за оние луѓе кои и живееле и работеле на исто место, а не добиле никаков надомест за тоа.

Погледнете го видеото [со англиски превод] (Видеото содржи информации кои се претставени во овој напис, со оглед на фактот дека 8000 луѓе ги изгубиле своите домови во Рио де Жанеиро во почетокот на подготовките за Светскиот куп 2014 и Олимписките игри 2016):

Дознајте повеќе за приказната на Elisângela во првиот од серијата документарци.

Доколку сакате да стапите во контакт со Одборот на жители погодени од Трансоесте, пратете имејл на atingidos@gmail.com

Блогот #CopaPública е иницијатива на граѓанското новинарство кое известува за сè она што го трпи населението во Бразил – и кои активности ги презема – поради подготовките за Светското првенство 2014. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.