Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бутан на пат да постане целосно органски

Хималајското кралство Бутан, познато по неговиот индекс на „Бруто национална среќа“ отколку по бруто домашниот производ, си ја постави задачата да постане првата земја на светот која ќе стане целосно органска.

Џесика Картер, австралиски професионалец за медиуми и меѓународен развој, ги сподели вестите на нејзиниот блог „Црвени чевли и калдрма“:

Малото кралство од 1.2 милиони луѓе објавија дека тие ќе постанат првата целосно органска земја во светот со забранување на продажбата на хемиски пестицити и ѓубрива.

Не е прв пат пристапот на Бутан да предизвика подигнати веѓи и тоа е така веројатно бидејќи не е прв пат да изберат решение кое е спротивно на трендовите кои се следат од остатокот од светот.

Објаснувајќи ја таа одлука, министерот за земјоделство и шуми, и самиот фармер, беше цитиран како едноставно вели дека:

„Сакаме да ги видиме растенијата и инсектите среќни“

Agriculture in Bhutan contributes to 35.9% of GDP of the nation. Image from Flickr by Michael Foley. CC BY-NC-ND

Земјоделството во Бутан придонесува со 35.9% во БДП на нацијата. Фотографија од Фликр на Мајкл Фоли. CC BY-NC-ND

Индискиот активист Арти Партасарати (@aarthipartha) твитна:

@aarthipartha (Арти Партасарати): Која е процедурата за да се преселам во Бутан? | Бутан сам ќе ја ора браздата како првата целосно органска земја во светот http://gu.com/p/3dkfv/tw

Онлајн сајтот за вести на Бутан, Би-Би-Ес (BBS) извести дека Будистичкото Кралство става во употреба Бутански систем за органска сертификација (БСОС) со цел да „осигура дека зеленчукот е 100 проценти органски“. Би-Би-Ес интервјуираше консултант од регулаторното тело за земјоделство и храна на Бутан, кој објаснува како функционира БСОС:

„Развивме едноставен дневник за фармерите кој може да биде напишан со користење на Џонгка… Фармерите можат да ги забележуваат нивните активности на фармата, од каде се нивните семиња/ѓубриво, типот на био-пестициди кои се употребени. Секој аспект на одгледувањето е документиран, и верификуван од обучени инспектори од РТЗХБ кои ќе ги посетуваат фармите“, вели консултантот на РТЗХБ, д-р А. Тимаиах.

BHT (@BHTFLASHNEWS) исто така ја објави таа одлука на Твитер:

@BHTFLASHNEWS (BHT Flashnews): Вести: Систенот за органска сертификација на Бутан (БСОС) се воведува за да се осигура дека зеленчуците се 100 проценти органски.

Но, како што не потсети новинарскиот блог на Технолошкиот универзитет Нанјанг во Сингапур, „Оди далеку Бутан“, предизвиците се големи:

Многу бутански фармери живеат во далечни села, додека други сметаат дека нивните култури не напредуваат без пестициди и ѓубрива. Земјата создава само 60 проценти од културите кои и се потребни, без оглед дали се органски или не.

This weed grows wild in Bhutan . Image by Flickr user Hockadilly. CC BY-NC

Оваа трева расте во Бутан и со неа ги хранат свињите. Фотографија од корисникот на Фликр, Hockadilly. CC BY-NC

Од друга страна, треба да се спомене дека според сајтот за вести „The Bhutanese“, Пема Гјамтшо, министерот за земјоделие и шуми на Бутан, одрекол дека официјално е направена таква објава по прашањата со кои се изразува грижа, поттикнати од опозицискиот лидер Tшеринг Тобгеј кој е цитиран како вели:

„Тоа ме загрижува бидејќи е национален влог кој може да има големо влијание врз нашите фармери кои зависат од приходот од земјоделските активности“

Тој понатаму изјави дека додека исклучувањето на хемикалиите е добра идеја, реалноста на лице место ја прави реализацијата тешка задача од истите причини споменати погоре.

„Некои фармери едвај произведуваат доволно храна за конзумирање, а камоли да ги продадат посевите“

Исто така важно е да се спомене дека и во другите делови од светот имало обид да постанат целосно органски. Впрочем, TreeHugger извести дека индиската држава Сиким има поминато третина од патот за да постане целосно органска до 2015 година.

Државниот министер за земјоделство на Сиким, е цитиран во „The Telegraph“ во Калкута, објаснувајќи како функционира нивниот процес:

The organic certification is a three-year process. Three agencies accredited to the APEDA issued C-1 certificates to 12,456 registered farmers who own 18,453 hectares in four districts of the state. The land gets the C-1 tag in the first year, followed by a C-2 in the second, and C-3 in the following years. The C-3 tag denotes than any crop produced on a particular plot is organic.

That being said, the very idea of Bhutan turning completely organic was received with enthusiasm among the world's netizens.

Школскиот администратор Џудит Ренауд (@JudithRenaud) твитна:

@JudithRenaud (Џудит Ренауд): Бутан ќе му покаже на светот дека можеме да ја браниме нашата земја, нашата храна и нас самите од оние кои сакаат да не отрујат. http://bit.ly/YroO4m

Членовите на Мрежата на граѓанска акција, исто така ја изразија нивната среќа на Фејсбук.

Што се однесува до реакцијата на Бутан, „Оди далеку Бутан“ го објави овој видео извештај.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.