Статијата е оригинално објавена како студија на случај на Angkety map – истата претставува извештај за дигитални содржини, направени од страна на First Languages Australia. Овде повторно ја објавуваме со нивна дозвола.
Проектот „Жива архива на домородните јазици“ започна со стремеж за создавање на дигитална архива, со цел сочувување и зголемување на знаењето кое го поседувало домородното австралијанско население.
Архивата содржи дигитализиран материјал на домородните јазици од Северната Територија, и првично се фокусира на собран материјал од околните училишта во кои се одвивала билингвална настава. Овие училишта имале центри за книжевна продукција, каде се печателе книги на локалните јазици. Учителите-лингвисти и книжевно-продукциските набљудувачи забележале широк спектар на приказни: верзии на древни детски приказни, историски книги за периодот пред и по првите контакти со домородците, книги за животната средина, за лов, за природни лекарства, приказни за духови, за настанокот, за значајни настани, животни приказни, приказни за зачнувањето, како и бајки со дидактички карактер. Имало читачи, наставни планови, билингвални магазини и весници. Приказните произлегувале од учениците, членовите на зедницата, како и повозрасното насление.
Додека некои книги се сè уште достапни во заедниците, други се рашириле и биле возобновени од мали приватни и големи јавни колекции ширум Австралија. Носителите на авторските права (како Катедрата за образование на Северната Територија) дале дозвола за дигитализирање на книгите, при што секој именуван соработник бил побаран (или доколку починале, членовите на нивните семејства) за да одобри јавно објавување на книгите на отворено достапната веб страница.
Архивата сега содржи стотици книги на повеќе од 25 јазици од заедниците низ Северната Територија. Визуелниот интерфејс им овозможува на корисниците пристап до книгите преку мапа, каде со кликање на јазикот или локацијата, се даваат кориците на книгите од направената селекција. Стандардното пребарување и опцијата за прелистување се исто така достапни, кои овозможуваат пребарување на метадата и целосен текст. Повеќето од книгите се илустрирани, а многу од нив и се преведени на англиски јазик. Почитувајќи ги потребите за сочувување и презентирање на архивата, направени се умножени верзии и формати од секоја книга, во процесот на дигитализација. Во архивата, книгите се достапни во PDF формат, придружени со Уникод текстуален редактор, додека сочувувањето на сликите во висока резолуција е достапно по избор. Некои од книгите се објавени во аудио верзија, која ги содржи и оригиналниот текст е објавен и новата аудио снимка на текстот. Ваквото постоење на материјалите во различни формати отвора нови потенцијални употреби на содржините.
Објавувањето на текстовни и сликовни елементи ја прави архивата одличен извор на содржини за создавање идни содржини во соработка со авторите на приказните. Им овозможува на луѓето да го адаптираат материјалот според нивните потреби, во смисла на адаптација на самиот текст, додавање на слики или изнаоѓање на нови начини за поинтересно прикажување на содржината.
Creative Commons лиценцата дозволува некомерцијална употреба на материјалите со соодветна атрибуција. Процесот на реформатирање ги одразува активностите и возбудата кои биле присутни за време на оригиналното правење на книгите – снимањето, транскрипцијата, илустрирањето, проверките, креирањето, печатењето, средувањето и дистрибуирањето. Токму овие активности и можноста материјалите во архивата да се менуваат, уредуваат, обновуваат, се она што истите ги одржува во живот.
Архивата ги балансира двојните потреби материјалот истовремено да биде приказ на знаење, но и да биде перформативен, флексибилен и употреблив на повеќе начини.
Втората фаза од проектот вклучува ангажирање на корисниците со материјалите во архивата. Преку слоганот „пронајди и зачувај“ сите луѓе се поканети да придонесат кон зголемувањето на материјалите во колекцијата; се прават напори и за вклучување на заедниците во приспособувањето и зголемувањето на нивните лични колекции; исто така, академиците од Австралија и од целиот свет се охрабруваат да црпат информации од содржините. Архивата сѐ уште се модифцира со цел да овозможи ваков вид на ангажирање и консултација со засегнатите страни.