Штетата направена врз четири прекрасни филипински острови од масовното ископување руда

Загадена река на островот Рапу Рапу. Фотографија на Народната мрежа за животна средина „Каликасан“ искористена со дозвола

Река загадена од процесот на ископување руда на островот Рапу Рапу. Фотографија на Народната мрежа за животна средина „Каликасан“ [природа на филипински, н.з.], искористена со дозвола

Филипините се составени од повеќе од 7000 острови. Можеби знаете некои од нив: Боракај, Себу, Бохол и Палаван, сите се познати туристички дестинации. Но најверојатно немате слушнато за Мариндуке, Рапу Рапу, Маникани, Хомонхон – четири мали острови кои во последните неколку години беа опустошени од рударството.

Филипини е земја богата со минерали, а владата активно го промовира рударството за да ја зајакне локалната економија. Од 2014 [до моментот кога е напишан оригиналниот текст, 13 март 2015, н.з.] издадени се 999 дозволи за ископување руда низ целата земја. Но, експертите за животна средина се загрижени за деструктивното влијание на масовното ископување руда врз екосистемот, додека пак некои активисти ја критикуваат странската доминација и корупцијата во рударскиот сектор.

Приказните за Мариндуке, Рапу Рапу, Маникани, Хомонхон истакнуваат некои општествени прашања поврзани со рударската индустрија.

Кога рударските операции започнаа на островот Рапу Рапу пред десет години, тие беа поздравени од владата и рударската индустрија како пример за „одговорно рударство“. Но по една година, труењето со цијанид околу рударското окно предизвика масовен помор на рибите со што се уништи средството за егзистенција на рибарите. Рапу Рапу е мала островска општина во регионот Бикол, кој се наоѓа во источниот дел на Филипините.

Во интервју за алтернативниот новински веб-сајт „Булатлат“, Антонио Каситас, постар раководител на месната заедница и активист за животна средина, зборуваше за влијанието на операциите извршени на островот од страна на австралиската рударска компанија „Лафајет“:

Rapu-Rapu Island was once so beautiful. It was like paradise. Our lives there were simple — we lived off nature, and we took care not to damage it because we knew it was the source of our livelihood and means of survival. When the mining companies came, everything changed. Now, 97 percent of Rapu-Rapu Island is virtually under the control of these environmental destroyers, and what was once paradise is a wasteland.

Островот Рапу Рапу порано беше многу убав. Како рај. Животите ни беа едноставни – живеевме од природата, и се грижевме да не ѝ наштетиме бидејќи знаевме дека таа е изворот на нашите средства за егзистенција и преживување. Сѐ се промени со доаѓањето на рударските компании. Сега, 97 проценти од островот Рапу Рапу е буквално под контрола на овие уништувачи на животната средина, а она што еднаш беше рај сега е пустелија.

Островската провинција Мариндуке, која се наоѓа во централниот дел на филипинскиот архипелаг, продолжува да страда од токсичното истекување кое се случи во 1996, предизвикано од рушењето на јаловиштето кое беше под контрола на „Маркопер“. (Видете го видеото погоре) Во тоа време, трагедијата „Маркопер“ беше една од најлошите рударски катастрофи во земјата. Џозеф Израел Лабан, режисер кој потекнува од островот, на „Фејсбук“ напиша дека рударската компанија не успеала да го врати нормалниот живот во заедниците опфатени од катастрофата:

After 18 years and four Presidents, the river is yet to be cleaned and rehabilitated by Canadian mining firm Placer Dome/Barrick Gold. For me, this is personal. I grew up about 10 minutes away from the Boac River. Every time I pass by that waterway when I visit Marinduque, I am reminded that there really is no justice in the Philippines. Not for the poor people. But for us Marinduqueños, we will never forget.

По 18 години и четири претседатели, реката допрва треба да се исчисти и врати во нормална состојба од страна на канадската рударска компанија „Плејсер дом/Барик голд“. За мене, ова е лично. Пораснав на 10 минути од реката Боак. Секогаш кога одам накај Мариндуке поминувам покрај таа река и се потсетувам дека навистина нема правда на Филипините. Не за сиромашните. Но ние, жителите на Мариндуке, нема никогаш да заборавиме.

Рударство со отворен коп на островот Маникани. Фотографија на Народната мрежа за животна средина „Каликасан“, искористена со дозвола.

Рударство со отворен коп на островот Маникани. Фотографија на Народната мрежа за животна средина „Каликасан“, искористена со дозвола.

Најголемата катастрофа во Источни Висаи беше разорниот тајфун Хаијан (локално Јоланда) во 2013 година. Но имаше и други катастрофи опасни по животната средина во регионот предизвикани од рударски дејствија. Луѓето од малиот остров Маникани се против враќањето на рударска компанија чии дејствија значително ги оштетиле природните богатства на островот. Отпорот го води Епархијата од Боронган при Католичката црква, која излезе со изјава во која се тврди дека „таа не може да остане глува и слепа на ексцесите на рударството додека нашите луѓе страдаат од последиците предизвикани од дејствија кои се случиле не по нивна вина.“

Рударство со отворен во Хомонхон. Фотографија на Народната мрежа за животна средина „Каликасан“, искористена со дозвола.

Рударство со отворен во Хомонхон. Фотографија на Народната мрежа за животна средина „Каликасан“, искористена со дозвола.

Друг остров во Источни Висаи кој се бори да се поврати од валканото наследство оставено од рударството е Хомонхон. Рударските операции на островот започнале во 1983 и имаат направено штета врз животна средина која ги натера жителите жестоко да се спротивстават на експанзијата на рударството на островот. Новинскиот тим на „Булатлат“ беше сведок на глетката од островот:

The team was greeted by glorious beaches, but as the journalists went near the mountains, they saw telltale signs of fires, streams without water, the loose soil only a few meters away from the nearly 10 deep pits in every mining site.

Тимот беше дочекан од величествените плажи, но како што новинарите се приближуваа кон планините, тие гледаа предавнички знаци од пожари, потоци без вода, меката почва на само неколку метри од десетината длабоки јами во секое рударско окно.

Локален лидер за „Булатлат“ изјави дека „ние ќе го продолжиме отпорот и ако треба да поставиме барикади за да ги запреме нивните операции, ќе поставиме.“

Загадувањето на животната средина и губењето средства за егзистенција во Мариндуке, Рапу Рапу, Маникани и Хомонхон треба да ги натера локалните лидери на другите мали островски екосистеми да размислат двапати пред да ги рашират рацете за влез на масовното рударство во нивните домови.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.