Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Франција: Зошто славниот филм „Артистот“ не е толкав хит дома

[Сите линкови упатуваат до француски статии, освен ако не е наведено поинаку.]

Во февруари 2012, се создаде француска, а и светска филмска историја откако му беа доделени пет Оскари на филмот Артистот и неговиот главен актер Жан Дижарден (најдобра режија, најдобра машка главна улога, најдобар филм, најдобра костимографија и најдобра оригинална музика).

Ова е прв пат како филм кој не е англосаксонски добива оскар и за најдобар филм и за најдобра машка главна улога. Сепак, во Франција ентузијазмот не беше толку голем.

„Артистот“ беше промовиран во мај 2011 за време на 64-от годишен меѓународен филмски фестивал во Кан. Филмот беше добро прифатен од страна на жирито и јавноста, со тоа што Жан Дижарден ја прими наградата за најдобар актер. И така почнa меѓународната победувачка кариера на филмот: собра повеќе од 80 награди, вклучувајќи ги и трите Златни глобуси, седум БАФТА награди, шест Цезар награди, една Гоја и пет Оскари.

Photo from the official website of The Artist www.the-artist-lefilm.com

Фотографија од официјалниот веб-сајт на Артистот www.the-artist-lefilm.com

Овој холивудски триумф не само што ја воодушеви Франција, туку и ја збуни.

Претседателот Саркози, кој моментално ја води кампањата за претседателските избори 2012, беше еден од првите политичари кои му честитаа на режисерот на Твитер:

@NicolasSarkozy: Je présente mes félicitations à Michel Hazanavicius, Oscar du meilleur réalisateur pour The Artist, qui fait la fierté du cinéma français NS

@NicolasSarkozy: Му честитам на Мишел Азанависиус, Оскар за најдобар режисер за Артистот, поради тоа што ја направи горда француската кинематографија.

Бернард Морлино го смета Жан Дижарден за Ballon d'Or 2012 на кинематографијата (забелешка на уредникот: Ballon d'Or е награда за најдобар светски фудбалер на годината, често употребувана метафора во Франција за награда призната на меѓународно ниво):

[…] The Artist est d’abord un film avant d’être la France. Cela dit, il en a fallu du temps pour que les Etats-Unis récompensent les Français qui ont inventé le cinéma par le biais des Frères Lumières, en 1895. Espérons que les récompensés gardent la tête froide et qu’ils restent humbles. The Artist permet que l’on parle en bien de la France, cela nous change du comportement dégradant des politichiens…[…]

[…] Артистот најпрво е филм, а потоа француски филм. Според оваа изрека, помина доста време пред Франција (дом на браќата Лумиер, кои што го измислија киното во 1895) да биде наградена од страна на Соединетите Американски Држави. Се надеваме дека сите ќе останат смирени и скромни во поглед на примање на наградите. Артистот овозможува да се зборува за Франција во позитивно светло, што претставува огромна промена и одвлекување на вниманието од понижувачкото однесување на нашите политичари…[…]

Од страна на филмските критичари, arretsurimages коментира во неговиот преглед на критиките во печатот дека не сите новинари, француски како и американски, сметаат дека успехот на Артистот е оправдан. Некои дури сметаат дека се работи за „чиста среќа“:

«Je n'ai rien contre The Artist, qui est une charmante lettre d'amour au vieil Hollywood, réalisée avec habileté. Mais d'ici un an ou deux, on s'apercevra que c'était un pur coup de chance », écrivait lundi un journaliste du site culturel Salon. «Je suis sûr que la France est en pleine euphorie, mais tôt ou tard elle aura un moment de lucidité et se dira: de tous les films que nous avons faits depuis l'époque des Frères Lumière, c'est celui-ci qui a conquis Hollywood ?»”, ajoute Le Figaro.

„Немам ништо против Артистот, кој што е вешто направен и на некој начин претставува заносно љубовно писмо упатено до стариот Холивуд. Но, година или две од сега ќе воочиме дека се работеше за „чиста среќа“, еден новинар пишува за Салон, веб-сајт со содржина од полето на културата. Францускиот весник Le Figaro додава, „сигурен сум дека цела Франција е пресреќна, но порано или подоцна ќе дојде моментот на јасност и сите ќе речат, “од сите филмови што ги направивме по ерата на браќата Лумиер, ова е филмот што го освои Холивуд?”“

Французите исто така знаат како да се потценат себеси. Сликата од филмот прикажана подолу беше споделувана на француските социјални мрежи, често придружувана со саркастични коментари:

Comme quoi, quand les Français ferment leur gueule, tout le monde les apprécie

Покажува само колку светот обожава и цени кога французите ќе заќутат.

На Твитер, главната критика е упатенa кон фактот дека филмот го нема она француското во себе: филм, кој не само што беше сниман во Америка за Холивуд, туку е и нем филм. Твитер корисниците имаат теорија на заведување насочена кон Американците:

@Lena: Sur 60 acteurs dans #TheArtist, 2 seulement sont Français , bravo le #cinéma français! http://bit.ly/Abikhd 

@Lena: Од 60 актери во #TheArtist, само двајца се Французи. Браво, француска кинематографијоhttp://bit.ly/Abikhd

@PK16:  The Artist film typiquement français …mdr faut arrêter c'est un film américain fait par un français rien d'autre !

@PK16: Артистот е типичен француски филм… хаха, подобро да прекинам. Не е ништо повеќе од американски филм направен од страна на Французин!

@robocup555:  The Artist mérite bien ses 5 Oscars. Les français ont appris à faire d'excellents films américains. Celui là est le Top. Muet.Noir & blanc.

@robocup555: Артистот ги заслужува своите 5 Оскари.Французите научија како се прават одлични американски филмови. Овој е најдобриот. Нем. Црно-бел.

@Just a boy:  Tout le monde aime Jean Dujardin, tout le monde est fier des oscars et content pour le cinéma Francais, mais aucun de nous a vu The Artist.

@Just a boy: Целиот свет го сака Жан Дижарден, горди сме на неговите Оскари и среќни сме за француското кино, но никој од нас го нема гледано Артистот.

Сепак, тука е wangyoann да не потсети дека успехот на Артистот е голем и светски: филмот стигна дури и до насловните страници во Кина:

"Les Oscars! Enivrés! Succès complet pour "The Artist"" -  via 内蒙晨报 Neimeng chen bao

„Оскарите! Заносно! Целосен успех за „Артистот““ – преку 内蒙晨报 Неименг чен бао

Оскарите! Заносно! Целосен успех за Артистот!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.