Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Костарика: Парада на кравите и видеозаписи на интернет

Café con leche - Cow Parade Costa Rica 2008 photo by mdverde
Café con leche – Парада на крави,Костарика 2008

фотографија од mdverde

Парадата на крави себеси се нарекува најголем јавен уметнички настан во светот, а тоа што беше избран да биде домаќин на легијата на крави секако е голема работа за главниот град Сан Хозе, ако се имаат предвид стандардите на малата Костарика. На веб-сајтот АмелијаРуеда.ком [es], низ серија од видеозаписи на интернет и преку ЈуТјуб се информираше публиката на сајтот за доаѓањето и заминувањето на 120-те крави и локалните уметници задолжени за нивно декорирање по повод настанот.

Серијата од интернет видеозаписи посветена на прикажување на процесот на пристигнувањето на кравата во градот не е единствениот продукт што АмелијаРуеда.ком го дистрибуира преку интернет: откако започнаа со оваа задача на создавање интернет содржини пред два месеци, повеќе од 14 видеозаписи беа качени и ослободени преку лиценцата Криејтив комонс. Амелија Руеда, имењак на веб-сајтот и блогер, е еден од највлијателните новинари во Костарика, и според Кристијан Камбронеро [es] кој ги создаде и качи видеозаписите на интернет, ова е уште еден чекор напред кон мрежното новинарство кое Амелија Руеда го промовираше во текот на нејзината кариера, простор во кој корисниците обезбедуваат видеозаписи, материјали и каде тие се витален дел од составувањето на вести кои им значат.

Новинарот и блогер Кристијан Камбронеро, од Фусил де Чиспас, ми кажа нешто повеќе околу новинарската работа на АмелијаРуеда.ком. Во Костарика, до неодамна, не се создаваа никакви содржини за интернет од областа на оригинално видео новинарство и тоа е всушност празнината која што сакаат да ја пополнат преку создавање на кратки видеозаписи со еден наслов и живописен јазик и ризично уредништво, наместо адаптација или едноставно качување на содржини наменети за телевизија. Видеозаписите беа качени на ЈуТјуб, и на веб-сајтот. Нема намери за иницирање на медиумска кампања за привлекување луѓе на веб-сајтот, засега тие се само во почетната фаза на добивање посети од луѓе кои можат да го препорачаат веб-сајтот или да поставуваат линкови до видеозаписите: што воопшто не се разликува од еден анонимен блогер кој почнува да пишува блог и полека почнува да собира читатели.

Видеозаписите се снимаат со дигитални видеокамери кои повеќето луѓе ги користат за снимање семејни настани, а делови од нив се монтираат на домашни компјутери со помош на софтвер наменет за монтирање на видео и слики. Видеозаписите со ниска резолуција може да се репродуцираат со бавните конекции застапени во Костарика, и сето тоа со цел пораката да се пренесе дома: кој било од гледачите може да земе камера и самиот да направи видеозаписи во доменот на граѓанско новинарство. Како последно прашање, го прашав Кристијан за процесот на снимање на улиците, и реакциите на луѓето кога дознаваат дека снимките всушност ќе бидат пуштени на интернет, а не на телевизија:

Тоа е можеби најинтересниот дел. Камерите и опремата што ја користи телевизијата се по природа инвазивни, а за тоа досега пишувале безброј експерти за комуникација. Телевизијата ја менува сцената на местото каде нешто се случило, со самото присуство на камерите, микрофоните и секако познатата фигура на телевизискиот репортер. Сите сме го виделе тоа: кога се појавува телевизиска камера сцената буквално замрзнува, и повеќе не е природна. Од друга страна, нашите мали камери и ние остануваме незабележани, ние сме уште еден гледач повеќе. Луѓето не се уплашени и извештачени. Околината ни најмалку не се менува. Помалата опрема делува помалку застрашувачки, и исто така бараме природност. Сакаме интервјуата да звучат како разговор а не како соопштение за печат. Тоа е друг јазик.

Во продолжение, следуваа четвртиот видеозапис поврзан со Парадата на кравите, каде уметниците ја поправаат штетата нанесена на скулптурите од невнимателни граѓани и вандали. Титлуван е на англиски јазик, а се надеваме дека наскоро сите видеозаписи на АмелијаРуеда.ком ќе бидат титлувани на англиски јазик.

Погледнете ги останатите 3 видеозаписи од Парадата на кравите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.