Притисок како никаде во светот: Новинарството во Авганистан

First female journalists trained in Afghanistan in more than a decade, and first ever trained in digital media, produce a documentary as part of a groundbreaking training program for Afghan women journalists supported by The Asia Foundation, a leading non-governmental organization active in Asia since 1954. The hour-long documentary captures the stories of women in Afghanistan, describing both their lives under the Taliban and their hopes for the future. www.asiafoundation.org. (PRNewsFoto/The Asia Foundation)

Првите новинарки обучени во Авганистан снимаат документарец како дел од иновативна тренинг-програма за авганистански новинарки поддржана од Фондацијата Азија (The Asia Foundation). Фотографија: PRNewsFoto/The Asia Foundation, Creative Commons.

Со укинувањето на талибанскиот режим во Авганистан пред речиси 15 години, се појави една демократска влада во релативно либерален состав која теориски прифати слобода на печат и слобода на изразување. Сепак, основна сигурност на медиумските работници не беше лесно да се обезбеди.

Делумно, благодарение на фондовите од невладините организации, меѓународни организации и странски земји, бројот на јавни гласила експоненцијално се зголеми откако анти-медиумски настроената талибанска влада беше срушена.

Но со повлекувањето на странските трупи, фондовите за овие акции започнаа да се намалуваат а само неколку останаа солвентни додека многу други се затворија.

Заканите кон новинарите се многубројни. Медиумските работници се на тапет зашто ја обелоденуваат бруталностна на бунтовите предводени од Талибанците и други милитантски групи, а истовремено укажуваат на недостатоците на владата и на злоделата на милитантските предводници и парламентарците слични на нив.

Според еден извештај објавен од Дојче Веле во јануари 2015, во 2014 имало 125 пријавени инциденти на насилство врз новинари, и тие ја обележаа годината како „најнасилната година за новинарите во земјата“ откако илјадници трупи на коалицијата предводена од САД се повлекоа од земјата.

Оттогаш работите не тргнаа на подобро. Во август 2015, Азизула Хамдард од Пајвок Њуз Ејџенси (Pajhwok News Agency) беше застрелана и ранета во Кабул од неидентификувани напаѓачи откако пријавила случај на изборна измама.

Но лани есента работите навистина тргнаа на полошо за медиумите во земјата откако Талибанците драматично го освоија стратешкиот северен град Кундуз, а тоа беше и еден од нивните најголеми пучеви во изминатите години.

Како што и беше посочено во неодамнешен извештај на Меѓународнaта Поддршка на Медиуми (МПН), непрофитна организација која се залага за права на медиумите и безбедност низ светот:

In the months leading up to the attack, the Taliban had exhibited increasing hostility towards media workers following a spate of years in which the terrorist group had built up stable relationships with mainstream media, providing regular press statements from spokesmen and utilising social media with great effect to broaden their outreach. In September and October 2015, this strategy changed abruptly, as the Taliban proceeded to openly target journalists during the terrorist group’s capture of the Northern city of Kunduz. According to the IMS-supported Afghan Journalists Safety Committee (AJSC), the Taliban actively sought out journalists, searching and raiding the offices of media outlets.

Месеци пред нападот, Талибанците беа сè понепријателски настроени кон медиумските работници а во наредните години терористичката група изгради стабилни врски со мејнстрим медиумите, редовно даваше изјави за медиумите преку своите претставници и доста ефикасно ги користеше социјалните медиуми за да го прошири своето влијание. Во септември и октомври 2015, оваа стратегија нагло се промени, откако Талибанците и натаму отворено ставаа новинари на мета за време на опсадата на северниот град Кундуз од страна на терористичката група. Според Авганистанскиот комитет за заштита на новинарите (АКЗС) поддржан од МПМ, Талибанците активно трагале по новинари додека пребарувале и упаѓале во просториите на јавните гласила.

Меѓу гласилата кои го почувствувале гневот на Талибанците е и ТОЛО ЊУЗ (TOLO News), динамична организација во сопственост на МОБИ (MOBY) медиа групацијата која се стекна со доверба кај голем дел од авганистанската публика со тоа што нудеше 24-часовна покриеност која ги вклучува и некои од најопасните и најнепристапните области во земјата.

На 21 јануари, вработените на ТОЛО Њуз (TOLO News) биле мета на бомбаш самоубиец во Кабул, кој убил седум од нивните работници.

Талибанците биле особено бесни на ТОЛО Њуз заради, како што објасниле, обидот да бидат оцрнети откако медиумот ги опишал случките на насилство и силување на цивилното население на Кундуз во октомври.

Следниот напад врз телевизискиот канал го разгори јавниот бес.

Слободата значи имање глас. @TOLOnews и @TOLO_TV ни дадоа глас и  #FreedomOfExpression (слобода на изразување). Застануваме до МОБИ и го осудуваме нападот.

Четврти напад врз авганистанските новинари во 3 недели, а само еден указ на неуспехот 15-годишната војна да донесе мир. https://t.co/0IbVaqXyTM @TOLOnews

Како одговор на талибанскиот напад, некои новинари предложија бојкот на преносот на идните напади, а притоа ја лишија групата од неопходниот извор на публицитет.

Така, бомбардирањето на Кабул од први февруари во кое загинаа 20 лица не беше пренесено од ТОЛО ТВ и Толо Њуз.

Сепак, на иницијативата имаше различни одѕиви:

По нападот врз вработените на @TOLO_TV@TOLOnews прекина со директен пренос од нападите. Ништо за денешниот напад врз #Kabul. Не плашете се.

И покрај талибанските напади врз вработените на @TOLOnews, денес повторно сите авганистански медиуми пренесоа за самоубискиот напад врз Кабул. Брзо си ги забораваме ветувањата!

Во меѓувреме, владини функционери се обидуваат да ја тргнат корупцијата, проневерата, присвојувањето на земјиште и злоупотребата на човековите права од агендата на медиумите.

На првиот ден од неговиот мандат, претседателот Гани му дозволи на Метју Розенбег од Њујорк тајмс, кој беше истеран од авганистанската влада поради обвинение за нарушување на авганистанските национални интереси, да се врати во земјата, а ја истакна заложбата на неговата администрација за слободен печат и слобода на изразувње.

Исто така тој го потпиша Законот за пристап до информации кој претходно беше изгласан во собранието, а кој вели дека информациите на владата треба да и’ бидат достапни и на јавноста „освен во случаи кога националната безбедност би била загрозена, приватноста компромитирана, или пак криминалната истрага попречена“.

Сепак, владата на Гани не ги исполни тие ветувања.

Контроверзната Комисија за истрага на насилство врз медиумите (КИНМ) на владата, која работи уште од 2005, неколкупати ги свика водечките дневни весници.

Хашт-е-Суб Дејли (Hasht-e Subh Daily), Делји Опен Сосајети (Daily Open Society) и Етилат-е Роз Дејли (Etilaat-e Roz Daily) се меѓу весниците чии главни уредници беа свикани од функционерите поради критичко известување.

Исто така, кога сатиричната фејсбук страна Кабул Такси (Kabul Taxi) која е анонимно управувана, го исмеваше моќниот шеф на обезбедувањето на Гани, Ханиф Атмар, Атмар започна неуспешна истрага за да открие дали некои истакнати медиумски работници стојат зад страната. Најпосле страната беше избришана.

Иако телевизијата привлекува многу публика низ земјата, радиото сепак останува главниот извор на вести за најголем дел од населението.

Читателската публика на печатените медиуми е мала, но користењето на социјалните медиуми е во пораст, а интернет конекциите стануваат побрзи и подостапни.

На овие трендови им се придружуваат и граѓанското новинарство и блогирањето, кои сè повеќе ги сака младата и образована читателска публика.

Извонредниот пораст на независните медиуми во постталибански Авганистан е едно од малкуте важни достигнувања на кои може да укаже власта, која е сè уште корумпирана и неспособна да обезбеди многу јавни услуги.

И покрај сите видови притисок, медиумите ја исполнуваат својата должност и го бранат јавниот интерес. Сепак, жртвите кои требаше да ги направат за да ја постигнат целта беа многубројни.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.