Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Првата кинеска новела на Twitter?

Лиан Јуе, поранешен наставник и деловен управител, а денешен популарен блогер и политички коментатор во Кина, на својот блог најави дека овој месец започнува со пишување на новела наречена 2020, која ќе биде објавена на Twitter. Според неговиот блог, содржината на новелата ќе трае се до 2020та година.

Според моите досегашни информации (ве молам поправете ме ако грешам), ова е првата кинеска новела која ќе биде објавена на Twitter. Првиот писател кој досега објавил целосна новела на Twitter е Мет Стјуарт, а името на неговата новела е Француската револуција. Тој се реши за ваков начин на објавување, откако доживеа неуспех во потрагата по издавач кој ќе ја прифати неговата „ризична“ новела. Но, мотивацијата на Лиан Јуе беше навистина поразлична. Еве зошто:

这跟在浴室唱歌同一个道理。人在放松自由的时空里,你会想到娱乐自己,你有创造与表达的热情。浴室歌声无法发行,偶然听到的人也许耳朵要受罪,可是那个在水雾中温暖松弛的家伙,他无法控制自己啊。

Тоа е како пеење под туш. Кога сте опуштени наоѓате страст за креативно изразување и се забавувате. Сепак, пеењето под туш не може да биде објавено. Тие кои го слушаат, можеби страдаат. Но, личноста која ужива во магливиот тоалет не може да се контролира сама себе.

在极端严酷的环境中,创造力将逐渐消亡,文字的多义和暧昧,可以任意引申为犯罪的故意,创造等同于自杀,于是再也没人做了,文字只残存标准化的批判与审判。

Екстремно суровата околина полека ја убива креативноста. Двосмисленоста и полисемијата на зборовите овозможуваат нивна лесна замена со доказен материјал за прекршок или злочин. Никој не е посветен на креативноста, бидејќи таа е еднаква на самоубиство. Зборовите се деградирани до тој степен, што стандардно подлежат на критика и осуда.

气候稍稍回暖以后,不必穿得那么厚,泥土也变软了,友好地保存你的鞋印,就像苗要从缝里钻出,创造性在这个阶段也是靠它的多义与暧昧甩掉追踪的尾巴,面对指控也可以自我辩护,好比巧妙的示爱,遭拒后并不丢脸。

Времето е потопло, веќе не мора да се облекуваме повеќеслојно. Почвата е помека, отпечатоците од вашите стапала остануваат на неа. Како садница која расте во пукнатина. Во денешно време, креативноста зависи од умешноста на заобиколување и одбегнување на одредени обвиненија со помош на двосмисленоста и полисемијата. Тоа е како да ја изразите љубовта кон некого на таков начин на кој нема да се чувствувате засрамено доколку сте отфрлени.

只不过,这场游戏不是爱情,谁也不知道哪块肉里有刺,不小心碰到了就痛得发火。创造力还是佯狂装醉,这对思维照样有害。李白与怀素不敢喝醉,只能在微醺中算计,这对他们来说,就失去了一切活力。

Секоја игра не е љубов. Ако сте невнимателни, ќе бидете повредени. Уметничкото размислување се коси со потребата од глума на лутина и пијанство. Ако Ли Баи и Хуаи Су (едниот поет, другиот краснописец во античкиот период од кинеската историја) не се осмелија да бидат пијани, ќе ја загубеа целата своја живост.

假如一个人在受酷刑,头被摁在水里,快要憋死时,可以探头吸一口气,此时呼吸是唯一主题。而到了正常呼吸的时候,呼吸却被忽视了,这个人就会去找一些别的事情消磨时间。在twitter上就是这种感觉,有创造力的新人们,在那里相会吧。

Замислете личност чија глава принудно се држи под вода. Можноста од земање воздух при давењето ќе биде неговата основна грижа. Но, откако ќе успее да дише нормално, тој ќе ги отфрли сите размислувања во поглед на дишењето. Ќе бара алтернативни начини за забава. Користењето на Twitter ми влева вакви чувства. Сакам да ве најдам таму сите вас кои сте доволно креативно и деловно настроени.

Ако знаете да читате кинески, може да ја следите новелата на twitter.com/lianyue (hashtag #ly2020).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.