Гвинеја: Борбата на Надин Бари за намалување на сиромаштијата во Гвинеја

Надин Бари во документарниот филм

Надин Бари е Французинка која половина од времето го поминува во Гвинеја во Западна Африка, а другата половина на францускиот остров Реунион на Индискиот Океан.

Г-ѓа Бари го загубила својот сопруг Абдулај „Џибрил“ Бари во текот на еден од насилните бунтови во Гвинеја кои беа вообичаени во време на диктатурата на Секу Туре. Пред 25 години таа основала невладина организација која ги подржува жените, инвалидите и руралната популација во Гвинеја.

Глобал Војсис (ГВ): Како заврши во Гвинеја?

Надин Бари (НБ):  Во Гвинеја прв пат дојдов во јануари 1964 следејќи го мојот сопруг кој е од Гвинеја. И двајцата бевме возбудени поради можноста да ги искористиме нашите дипломи и младешка енергија за развојот на новата независна нација (не поради режимот кој беше тогаш). Мојот сопруг исчезна во 1971. Првата книга што ја напишав „Зрно песок“ беше посветена за мојата потрага за да ја откријам вистината за смртта на маж ми (документарниот филм „Вчера сè уште те чекав“ во режија на Катрин Ву Ложу, исто така е со таа тематика).

ГВ: Кажете ни за вашата организација? 

НБ: Се вика Солидарноста во Гвинеја (СГ). Основана е во Стазбург, Франција 1987. По две патувања во Гвинеја во 1985 и 1986 не можев да си помогнам, а да не го забележам економскиот и социјален пад во земјата. На пример, во Кундара-Јукункун бев запрепастена од глетката дека училиштето во Уорос немаше клупи за учениците. Тие самите мораа да си носат седишта, инаку не би им било дозволено да присуствуваат на час. Во една училница наставникот користеше паднат јарбол за стрија како клупа за учениците. Здраствениот центар имаше многу малку лекови на залиха, некои дури беа со изминат рок на траење. Со сликите кои мојата ќерка ги сликаше во текот на патувањата ја подигнавме свеста во нашата црква во Стразбург. Еден од нашите пејачи во хорот работеше во фирма за транспорт и понуди да наполни неколку контејнери со средства кои ние ги собравме од болниците, училиштата и фирмите во Алзак и да ги пратиме во Гвинеја. Така започна се.

ГВ: Како Солидарноста во Гвинеја помогна во намалувањето на нивото на сиромаштија во Гвинеја?

 НБ:  Ги одбравме селата кои беа заборавени од меѓународната помош. Оние до кои беше тешко да се допре, особено во тешко пристапните гвинејски шуми и во Северна Гвинеја. Во 1986-87 бевме шокирани кога ги видовме пациентите во болницата во село во Мали (во регионот Фута-Џалон) како спијат на подот. Повторно ја кренавме свеста во Алсак и околните региони за донирање на медицински средства. Иницијативата помогна во вкупно 7 државни болници, 12 здраствени центри и 18 здраствени здруженија. Еден од приоритетите беше да им помогнеме на хендикепираните (инвалидите, слепите и социјално отфрлените групи). Научивме  некои од нив да употребуваат велосипеди и трицикли.

Основана работилница за облека од Солидарноста во Гвинеја.(Фотографија искористена со дозвола)

ГВ: Што Солидарноста во Гвинеја конкретно прави за жените? 

НБ: Им помогнавме да создатдат работилница за облека каде жените бојадисуваат платната со индиго боја. Исто така им помагаме на вдовиците кои се занимаваат со градинарство во Фело Вендоу во регионот Фута Џалон. Успеавме да добиеме средства од фондовите од Швајцарија за одгледување на индиго дрвја. Проектот започна во 2007 и помогна во изградувањето на способностите на жените Фулани и како да ги ткаат своите традиционални ткаенини. На жалост кинеската текстилна индустрија го освои локалниот пазар со пониски цени на ткаенините, со трошок со кој ние не можеме да се натпреваруваме доколку сакаме да ги одржиме нашите работници.

Час по читање за гвинејски жени, воден од Солидарноста во Гвинеја. (Фотографија искористена со дозвола)

ГВ: Образувањето на сиромашни и хендикепирани деца е еден од најголемите ваши успеси. Како успеавте во овој проект?

НБ: Во Градот на Солидарноста, сосед на Конакри [главниот град] познат како бездомнчки и питачки кварт, знаевме за околу 450 хендикепирани луѓе. Ниеден не знаеше да чита. За 80 од нив, повеќето девојчиња и деца, најдовме спонзори од Франција, Шпанија и Белгија. Критериумот да придобие спонзор беше детето да биде сираче или хендикепирано. Многу од децата питачи – дури и слепите – беа способни да одат во колеџ во Гамал Абдел Насер или Универзитетот Сонфонија во Конакри. Беше отворена библиотека за децата од Градот на Солидарноста и за оние на соседоството Жан Пол Втори. Прилично добро е посетена. Ние дури инсталиравме соларни панели за постојано да обезбедиме електрична енергија.

Солидарноста на Гвинеја има 4 главни гранки: Стразбург, Марсеј (која финансира голем центар за рехабилитација за хендикепирани во Маму), Париз и Конакри.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.