За синхронизираната верзија, Марвел го отстранија руското знаме од една сцена во новиот трејлер за ‘Капетан Америка’

Неодамна, „Marvel Entertainment“ го објавија вториот трејлер за долгоочекуваниот „Captain America: Civil War“ (Капетан Америка: Граѓанска Војна). Трејлерот веќе е синхронизиран на неколку јазици, вклучувајќи го и рускиот.

За само неколку часа, интернет корисниците од Русија забележаа една значителна разлика во трејлерите: во верзијата на руски јазик, на раката на еден војник на самиот почеток на трејлерот недостасува руското знаме кое го има во оригиналната верзија. Наместо тоа, налепницата е црна, и руското знаме е избришано.

Marvel's Captain America: Civil War, Trailer 2. Image: YouTbe

Марвеловиот Капетан Америка: Граѓанска Војна, трејлер 2. Фотографија: ЈуТјуб

Marvel's Captain America: Civil War, Trailer 2, in Russian.

Марвеловиот Капетан Америка: Граѓанска Војна, трејлер 2, на руски. Фотографија: ЈуТјуб

Како што е случајот со сите претходни филмови „Капетан Америка“, оваа филмска франшиза во Русија е позната како „The First Avenger“ (Првиот Одмаздник).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.