Реформаторите на судење во Саудиска Арабија

Активистите за човекови права Мохамед ал Катани (лево) и Абдула ал Хамид (десно) пред нивното шесто сослушување во Ријад, Саудиска Арабија. Фотографија на корисникот на Твитер @thumarm.

Двајца истакнати реформатори и активисти за човекови права во Саудиска Арабија се на судење. Мохамед ал Катани и Абдула ал Хамид се товарат за „откажување од верност спрема владетелот и неговиот наследник“ и „обид да се попречи развојот на земјата“.

Реформаторите

Мохамед ал Катани е професор по економија и скоро беше наведен во листата на Топ 100 глобални мислители за 2012 година во однос на надворешната политика. Абдула ал Хамид најпрво беше притворен во 1993-та година и е најверојатно најдолгостоечкиот реформатор во државата. Тие повикуваат на уставна монархија, заштита на правото на политичко неединство како и крај на прекршувањата на човековите права. Двајцата се дел од основачите на Саудиската асоцијација за граѓански и политички права (ACPRAHR), најактивната независна група за одбрана и застапување на човековите права. Организацијата која е формирана во 2009-та година и се до ден денес не е лиценцирана продолжува да ги документира прекршувањата на човековите права, да поднесува локални тужби против Министерството за внатрешни работи и да ги пријавува прекршувањата до Советот за човекови права на ОН. Неколку основачи на асоцијацијата се гонети од властите, а еден од нив веќе е осуден на затворска казна во текот на тајно судење.

Историско судење

Судењето на ал Катани и ал Хамид започна во јуни 2012-та, одделно и тајно. После првото сослушување судијата ги спои двата случаи. Десетици активисти присуствуваа на второто сослушување и во живо твитаа од заседанието на судот, правејќи и неколку фотографии поради што подоцна судијата означи дека редот во судницата е прекршен и реши да ги затвори следните заседанија. Во текот на наредните неколку сослушувања, двајцата активисти одбија да им биде судено во тајност и се заканија дека нема да проговорат. До петтото сослушување судијата конечно капитулираше со тоа што го претвори процесот во јавно судење. Осмото сослушување привлече деведесет луѓе вклучувајќи и локални и странски новинари.

Саудиска Арабија е една од неколкуте преостанати апсолутистички монархии во светот и има разурнувачки рекорд  во поглед на човековите права којшто вклучува 30000 осудени и притворени лица. Од официјалното наметнување од страна на државата (на нејзиното толкување) на Шеријатското право, судењата и сослушувањата се очекува да станат религиозни дебати околу значењето на Шеријатот.

Следење на судењето

2013 
13 јануари - Одложена е пресудата за саудиските активисти

2012
29 декември – Финално сослушување: Завршува сослушувањето на саудиските активисти 
15 декември – Деветто сослушување: Саудискиот судија: Башар ал Асад е последицата на демократијата
9 декември – Осмо сослушување: Саудиски активист: „Јавното судење го открива нивниот менталитет и недостатокот на докази”
1 декември – Седмо сослушување: Саудиски активист: „Ова е инквизиција, не гонат поради нашите мислења“
24 ноември – Шесто сослушување: Саудискиот судија: „Тоа што се однесува на владетелот не се однесува и на оние со кои тој владее“
10 ноември – Петто сослушување: Саудискиот судија: „Владетелот има право да го прави тоа што мисли дека е соодветно”
6 октомври – Четврто сослушување: Саудиска Арабија: Тајното судење продолжува, а со тоа и одбивањето на активистите
8 септември – Трето сослушување: Саудиска Арабија: Бројот на реформатори одби тајно судење

1 септември – Второ сослушување: Саудиска Арабија: Судење оспорено од истакнати реформатори за човекови права

Ресурси

Твитер

Следете ги на: @MFQahtani | @Abubelal_1951 |@acprahr
Хаштагови: #محاكمة_حسم | #acprahr

Ве молиме контактирајте го уредникот на Глобал Војсис за Блискиот Исток и Северна Африка, Амира ал Хусеини или пак авторот за Глобал Војсис за Саудиска Арабија, Осама Халид, доколку имате линкови, идеи за статија или пак сакате да направите придонес во однос на ресурсите на оваа страница.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.