Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сирија: Божиќен масакр

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Сирија во 2011.

Повеќе од 250 Сиријци се убиени во претходните два дена, пракајќи шокантни бранови ширум светот. Извештаите за „ужасните масакри“ дојдоа од опозицијата Сириски Национален Совет (СНС ), кој ја повика Арапската лига да ги осуди убијците, а Обединетите нации да превземат мерки за заштита на граѓаните.

Рима Мактаби објави на Твитер:

@rimamaktabi: СНС изјавува дека 250 луѓе се убиени за 48 часа во #syria  и повикаа за меѓународна заштита на граѓаните

Саудискиот блогер Ахмед Ал Омран, кој работи во НПР, ги поминува неговите денови (и ноќи ) прегледувајќи ги видеата од злосторствата извршени против сиријските граѓани и ги споделува онлајн на неговиот профил на Твитер.

Претходната ноќ тој на Твитер објави неколку вознемирувачки видеа и тогаш изјави:

@ahmed: Болно, болно до гадење.

Тој му ги објаснува причините на Саудиецот Иман Ал Ќатани:

@ahmed: @ImaQh се чувствувам многу вознемирено по гледањето на овие видеа од Сирија. Не ги гледајте.

Ал Омран, јасно ги одбележа видеата кои ги линкуваше, со предупредување за експлицитно и екстремно експлицитно, објаснувајќи:

@ahmed: видеата за бомбардирањето на Баб Амр се страшно ужасни. Не сум сигурен дека ќе можам да ги гледам видеата кои ќе излезат од Кафарваид, Идлиб.

Овој хорор и светската тишина како подготовка за празничната сезона, ги поттикна нетизените да твитаат за развојот на настаните во Сирија со хаштагот Божиќен масакр. Целта е да се привлече вниманието на страдањето на Сиријците и недостатокот од акција во коридорите на светските сили.

Јана Слободна Сирија го согледува хоророт на лицата на Сиријците. Таа напиша:

@SYRIAslyJana: За да сфатиме колку овој режим е ладнокрвен, тие убиваат цели фамилии, но оставаат по еден жив за да гледа и да страда #Assad #christmasmassacre

СиикерСк објавува:

@SeekerSK: Додека некои го гледаат „Како Гринч го украде Божиќ“ други го преживуваат „Како Асад ги украде животите“ #ChristmasMassacre #Syria

и додава:

@SeekerSk: #ChristmasMassacre Некои луѓе ги декорираат нивните домови со црвено и зелено, Асад го претвори нашето зелено во крваво црвено #Syria

Се чувствува огорченоста во следниов твит во однос на Јутјуб, каде се објавуваат повеќето видеа на кои се гледа како се извршувани злосторствата врз граѓаните на Сирија.

@SeekerSk: Смешно како видеата на Јутјуб за нашите загинати се сметаат соодветни за луѓе над 18 год., а нашите загинати самите се на возраст под 18 год. #Syria

Друг корисник на Твитер, Сириски Бисер, напиша:

@March15Syria: Како што децата од целиот свет бараат од Дедо Мраз дожд од подароци, така децата од Сирија бараат од светот дожд од помош. #ChristmasMassacre

Карем Лаила не потсетува :

@KareemLailah: #ChristmasMassacre Масакрот за Божиќ е масакр кој се случува во #Syria сега додека вие ги подготвувате подароците за Божиќ.

А Малат Аумран додава:

@MalathAumran: се случи еднаш еден масакр… светот гледаше и го осудуваше цели 10 месеци #Syria

Јас објавив:

@JustAmira: Кога ќе го гледате најгледаното видео на Твитер ќе видите обезглавено тело на дете. Добро направено Башар. Се надевам дека си горд. #ChristmasMassacre

За повеќе реакции, проверете го хаштагот #ChristmasMassacre на Твитер.

Оваа објава е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Сирија во 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.