Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Aмерика: Косплеј во Латинска Америка

Косплеј (игра со костуми), е начин на изразување на кој учесниците користат костуми и додатоци да ги претстават нивните омилени ликови, обично од манга, aниме или видео игри. Косплеј има следбеници насекаде во светот и Латинска Америка не е исклучок.

Страста на нејзините следбеници (косплеери) не е отсликана само во нивните изработени костими, туку и во нивниот интерес во промовирање на Косплеј и да ги споделат нивните авантури преку лични блогови, Фејсбук, Фликр и Твитер.

Косплеј Гватемала. Фотографија на Хозе Фернандо, корисник на Фликр под име Summon Baka. Фотографијата е користена со Криејтив комонс генерична дозвола Наведи извор-Сподели под исти услови 2.0.

Косплеј оди подалеку од облекување во костими. На веб- страницата Imperio Anime [шпански] од Коста Рика, Мироку објаснува што е Косплеј [шапнски] и што произлегува од тоа, разјаснувајќи:

Aunque no todo es vestirse; no. No se puede olvidar la parte ‘play’ de Косплеј.
Gran parte de todo esto es pretender ser ese personaje al que se esté interpretando. Esto también es muy importante, además de divertido. Aunque solamente sea para una foto, o durante todo el evento o fiesta, o incluso para alguna dramatización; sin olvidar lo entretenido que puede resultar.

Но не е се само во облекувањето. Не можеме да го заборавиме делот “play (игра)” од Косплеј.
Голем дел од сето ова е да се трудиш да бидеш ликот што го изведуваш. Ова исто така е важно, освен што е забавно. Дури и ако е само за фотографија, или за време на целиот настан или забава, или дури и само драматизација, без да заборавиш колку може да биде забавно.

Фотографија од Фликр корисникот TulioPa. Користена под Криејтив комонс лиценца Наведи извор – Некомерцијално – Без измени 2.0

Блогот Cosplay Ecuador Elite [шпански] промовира Косплеј и ги интервјуира учесниците од целиот свет. Авторот интервјуирал учесници од Италија, Франција, Мексико, Панама, Перу и Чиле и многу други. Во овие интервјуа може да се научи повеќе за содржината, вклучените работи, мотивацијата на учесниците, поддршката од нивната фамилија и колку е комплицирано да се вклопат сите овие костими кога колекцијата се зголемува.

Блоговите и веб-страниците посветени на Косплеј исто така пристапуваат кон некои прашања во рамките на заедницата.

Во Коста Рика, Крис од блогот Cosplay de Costa Rica [шпански], напиша минатата година за недостатокот на смиреност што некогаш се покажува од страна на некои учесници:

Ser un Косплејer de calidad, es un trabajo duro y que requiere mucho esfuerzo, nadie lo puede negar, pero últimamente algunos de estos Косплејer han tomado el titulo de *superiores* a otros Косплејer que no son tan buenos o si lo son pero simplemente quieren tratar de hacerse los importantes ante todos.

Да се биде квалитетен учесник на Косплеј, е напорна работа и бара многу труд, никој не може да го негира тоа, но од неодамна има некои учесници кои им ја доделија титулата „најдобри“ на други учесници кои не се толку добри или можат да бидат, но едноставно сакат да се направат себеси поважни од другите.

Сепак авторот објаснува дека:

Hay muchos (por dicha son más) que son totalmente diferente; siempre se les ve escribiendo en los foros procurando hacer más emocionante el tiempo de espera de los aficionados que lo leen y anhelan con ansias los eventos, nunca niegan nada a nadie y lo mejor saben dar cumplidos a los otros participantes para así motivarlos más; creo que esa es la actitud que se debe tener ante las personas, que de cierta forma admiran el trabajo que los Косплејer realizan y mostrarce siempre agradecido ante ellos…
Nada Cuesta un Simple Gracias!! o sonreir ante los demas…

Има многу (за среќа повеќето) кои се сосема различни, секогаш пишуваат на форумите обидувајќи се да го направат времето за чекање по возбудливо и да чекаат нетрпеливо за настаните, тие никогаш не одбиваат никого за ништо и најдобриот дел е дека тие знаат да дадат комплименти на други учесници со цел да ги мотивираат. Јас мислам дека тоа е вистинскиот став и мора да се покаже на други луѓе, на оние што на некој начин и се воодушевуваат на нивната работа и секогаш покажуваат голема благодарност до нив…
Не е тешко да се каже само едноставно Ви благо дариме!! или да им се насмевнете на другите…

Преку нивните блогови, некои учесници ги споделуваат техниките користени за да се направат нивните костими. На блогот Panama Cosplay Tutorials [шпански], авторот објаснува како тој постигнува некои елементи во неговите изведби. Последниот запис беше за “Dr. Stein from Soul Eater” [шпански], каде што е лесно да се цени генијалноста користена од страна на учесниците за да го постигнат ефектот што го посакуваат. На пример, Кохаку (прекар на авторот на блогот) објаснува како тој ја изработил главата на завртката што неговиот лик ја користи:

Фотографија од Фликр корисникот TulioPa. Користена под Криејтив комонс лиценца Нацеди извор – Некомерцијално – Без измени 2.0.

Para la cabeza del tornillo yo use un plato de corn flakes de mi casa XD porque se ajustaba al tamaño de mi cabeza, les recomiendo que usen algo que no los haga verse desproporcionados, pueden sacarlos de una lamina de cielo raso o foam como les parezca.

За главата на завртката користев чинија за житарици од мојата куќа XD бидејќи големината одговараше на мојата глава, препорачувам да користите нешто не ве прави да изгледате несразмерно, може да го направите од плафон плочки или пена, без разлика кое одговара за вас.

Исто така од Панама, блоговите Konekotan [шпански] и Alatariel's Cosplay [шпански] [англиски] пишуваат за Косплеј и објавуваат фотографии, видеа, совети и настани.

Блоговите Bolivia Cosplay [шпански] и Myo Blog [шпански] исто така споделуваат фотографии кои покажуваат Косплеј активности и настани во Боливија.

Myo Blog исто така нуди водич за Косплеј за тоа како да се направат чизми без чизми. Судејќи според коментарите во ова упатство, нејзината креативност им користеше на другите и беше прифатена со голема благодарност.

Блогот AmaCosplay [шпански] од Венецуела исто така има некои упатства, како и забавен опис за нејзиниот почеток во Косплеј и нејзиниот пораст како учесник. На нејзиниот блог [шпански], Ама или Мерко (прекари на учесникот), таа ги сподели среќата и тешкотиите на еден учесник: ограничување на суровите материјали, недостатокот на пари и задоволството по завршениот проект. Нејзиниот последен запис [шпански] покажува како економските реалности на една држава влијаат на соништата и страстите на луѓето. Ама напиша:

Pues si ._. cada vez se pone más difícil la cosa, y em doy cuenta que de verdad vivía en una burbuja ._. ahora estamos sin agua, sin luz, sin dinero y sin comida ._. quiero hacer mis Косплејs pero ahora cada vez pienso más que no podré hacerlos

Па да… секој ден работите стануваат се потешки и јас сфатив дека живеам во меур… сега ние немаме вода, ниту моќ, пари и сме без храна…Јас сакам да ги направам моите костими, но сега мислам дека нема да можам да ги направам.

Во истото додава:

el futuro es tan incierto que me preocupa ._. y los planes que he hecho se han caído todos, siento como si no pudiera hacer más planes… ni siquiera tengo la menor idea de dónde estaré ni qué estaré haciendo dentro de 1 año… es suficiente para hacer que me preocupe

иднината е толку несигурна и јас сум загрижена… и сите планови што ги имав ми пропаднаа, се чувствувам како да не можам да правам никакви планови…Јас веќе не знам ни што ќе правам ниту каде ќе бидам наредната година… тоа е доволно за да се грижам.

Cosplay Peru [шпански] е друга социјална страница и тие имаат фотографии и видеа за Косплеј во Перу како и интервјуа и покривање на интернационалните настани. Од Перу е и Guía Cosplay de Todos [шпански], кој исто така промовира Косплеј настани и натпревари. Неодамна ги промовираа натпреварите Мистер Косплеј и Косплеј изведба.

Во Мексико, блогот Exolimpo [шпански] покрива многу теми, меѓу нив аниме, манга и Косплеј. Што се однесува до Косплеј, тие пишувале за предрасудите и негативните критикувања врз основа на непознавањето на тоа што подразбира Косплеј , како и добрите и лошите страни од тоа да се биде Косплејer. Овие теми се споменати во два записи: “Косплеј: Трошење време и пари?” [шпански] и “Косплеј: Лудило ?” [шпански].

Фотографија од Фликер корисникот TulioPa. Користена под Криејтив комонс лиценца Наведи извор – Некомерцијално – Без измени 2.0.

И покрај фактот дека немаат сите учесници активен блог, очигледно е дека латино-американската заедница е значајна и Косплеј има страсни следбеници насекаде во регионот. Во интервјуата објавени од Cosplay Ecuador Elite [шпански], јасно е колку труд учесниците вложуваат во нивните ликови. На крај, тоа е повеќе од само костим, многу креативност, трпение и работа се вклучени во создавање успешен Косплеј. Во исто време, тука е и процесот на учење на ликот со цел да се прикаже за време на групната изведба.

Фотографија од Хектор Цен, Фликр кориснико Zentra. Користена под Криејтив комонс лиценца Наведи извор – Некомерцијално – Сподели под исти услови 2.0.

Повеќето од нив вложуваат многу време и како што објаснува Кирен во „Косплеј: Трошење време и пари?“ [шпански] има неколку бенефиции што луѓето може да ги добијат од изведбите: да научат нови нешта, да стекнат нови пријатели, да се забавуваат и да го надминат срамот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.