Во можеби најемотивниот момент на церемонијата за старт на игрите, публиката се дигна на нозе за да ги поздрави грузиските спортисти со овации во чест на трагично загинатиот 21 годишниот репрезентативец во санкање, Нодар Кумариташвили. Фотографија ©s.yume (Лиценцирана под Криејтив комонс)
Вестите за трагичната смрт на грузискиот санкач Нодар Кумариташвили неколку часа пред отворањето на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, Канада, се појавија веднаш после полноќ, истиот ден на грузиски форум. 21 годишниот почина откако изгубил контрола врз санката за време на тренингот, блиску до последниот свиок на траката со брзина повеќе од 140km/h, прелетувајќи го заштитниот ѕид и удирајќи во заштитен столб. Кумариташвили беше однесен во болница со хеликоптер каде беше прогласен за мртов.
Неколку часа по несреќата, грузискиот олимписки тим, носејќи црни марами и знаме со црна трака, беа поздравени со овации на церемонијата за отворање на игрите. При крајот на церемонијата, му беше одадено почит на Кумариташвили со минута молчење.
Неколку Facebook групи и страници беа креирани и поддржани од илјадници корисници, кои најчесто го искажуваа своето сочувство на фамилијата. Грузискиот претседател Михаил Сакашвили, кој беше во Канада на дводневна посета, се сретна со седмочлениот олимпискиот тим на Грузија и ги замоли да учествуваат на церемонија за отворање. Министерот за спорт и култура, Николоз Руруа, рече дека новата патека за санкање, која треба да се отвори во Бакуриани, Грузија, ќе биде наречена по Нодар Кумариташвили.
Twitter корисниците коментираат за трагедијата.
@DeCap69: Треба да му дадат постхумен златен медал на Нодар Кумариташвили… тоа ќе биде вистинскиот чекор за да се памети паднатиот спортист…
Форумите, како и многу интернационални и грузиски медиуми, го прикажаа видеото од трагичната несреќа по неколку пати, што предизвика лутина кај многумина и изгенерира многу голем број на твитови
@15minutesstupid Дали телевизиските мрежи треба да ја прикажуваат смртта на олимпискиот санкач Нодар Кумариташвили http://www.15minutesofstupidity.com/
Кога Интернационалната федерација за санкање изјави дека фаталната несреќа не била причинета од небезбедна патека, туку поради човечка грешка, корисниците на грузискиот форум, од кои многумина за аватар имаа поставено слика од Нодар Кумариташвили во негова чест, беа убедени во спротивното.
Многу Twitter корисници искажаа сомнежи за официјалното објаснување.
@designspotnyc како може да речат дека смртта на санкачот е поради неискуство? написите кои ги прочитав вчера покажуваат дека тој бил далеку од неискусен. срамота!
@thoughtsonthis Олимписката патека не била причината за смртта на санкачот ??? Да, таа беше!: http://digg.com/d31IhkD?t #Digg (Via @ tvvitter)
Дури и Google се соочи со критики кога новото лого на неговата страница за пребарување содржеше санкач скоро цел ден, создавајќи забуна кај корисниците од целиот свет, кои не беа сигурни дали тоа беше поради почит кон починатиот спортист, коинциденција или едноставно лош вкус.
@tara според мене, ако Google поставува слика од санкач на нивната страница, тие треба да одадат почит на Нодар Кумариташвили http://bit.ly/aGe4F3 #fb
@lisarowan: Олимписката графика на Google денес е санкач – намерно или било планирано? не знам дали да поздравам почитта или да ја мразам иронијата
Дали поради конфузијата која ја создаде, критиката од многу корисници на интернет или поради времето потребно да се дизајнира друго лого, тоа беше сменето на крајот на денот со слика од сноубордер. Меѓутоа и тоа не помина без коментари на Twitter.
@steverubel Google го замени денешното олимписко лого од санкач со сноубордер. Добар чекор. Зошто не се сетија на ова вчера
RT @mashable: Нашиот најсподелуван пост во овој момент: „Google го тргна логото со санкач по многуте реакции“ – http://bit.ly/d6ffKC