„Според Законот за дигитална безбедност, јас сум шпион “- новинарите од Бангладеш го бранат своето право на истражување

Фотографии преземени од Фејсбук – луѓе кои протестираат користејќи го хаштагот #আমিগুপ্তচর (#ЈасСумШпион)

Од 29 јануари голем број новинари во Бангладеш објавуваат на друштвените мрежи дека се шпиони.

Држејќи плакати со хаштагот #আমিগুপ্তচর (се изговара „ Ами гупточор“ и на бенгалски значи „Јас сум шпион“) тие отворено зборуваат против новиот предложен закон, според кој клучните истражувачки методи на истражувачките новинари би се сметале за кривични дела.

Се мисли дека цел на Законот за дигитална безбедност за 2018 година ќе биде дигиталниот криминал. Актуелниот нацрт-закон беше одобрен од Советот на министри на бангладешката влада на 29 јануари и се планира да се достави до Џатија Сангсад (Националниот Парламент) за одобрување. Се очекува законот да биде одобрен без противење, благодарение на мнозинството предводено од владеачката политичка партија на Бангладеш – Авами Лига.

Овој закон треба да го замени Законот за информациска и комуникациска технологија (ИКТ) од 2006 година (изменет во 2013 година), којшто беше предмет на многу критики во текот на изминатите години. Озогласениот член 57 од законот забранува дигитални пораки коишто можат да доведат до „влошување“ на законот и редот,  „загрозување на угледот на државата или личноста“, или  „повреда на религиозните верувања“. За овие прекршоци, за коишто нема кауција, следуваат најмалку седум години затвор и голема парична казна. Нејасните фрази дозволија голем број новинари и стотици блогери и интернет-активисти да бидат приведени за своите написи и коментари на друштвените мрежи. Министерот за правда, Анисул Хак, во јуни 2017 година вети дека членот 57 ќе биде отстранет.

Зошто #ЈасСумШпион?

Членот 32 од предложениот закон предвидува:

Ако некој влезе нелегално во влада, полу-влада или автономна организација и тајно сними каква било информација или документ со помош на електронски уред, тоа ќе се смета како акт на шпионажа и тој/таа ќе се соочи или со затворска казна или казна од 2 милиони бангладешки таки (24,000 американски долари), или и двете.

Многу новинари и интернет-активисти се плашат дека истражувачката работа со цел да се разоткријат неправилностите на службениците во владата и политичарите ќе се смета за шпионажа.

Од член 57 до член 32, од протест до срам. Според Законот за дигитална безбедност, јас сум шпион! Дојдете да го уапсите овој самопрогласен шпион и дозволете државава да напредува преку давење на новинарите.

Се верува дека новинарот Парвез Реза, специјален дописник за телевизијата „Екатор“, е оној кој прв го започна овој тренд. Тој на Фејсбук објави:

অনেকেরই প্রশ্ন, কেন সাংবাদিকরা নিজেকে গুপ্তচর হিসেবে স্বীকার করে নিচ্ছে? সহজ উত্তর, সরকার, রাষ্ট্র এখন আইনের মাধ্যমে আমাদের গুপ্তচর বৃত্তির অভিযোগে অভিযুক্ত করার পায়তারা করছে।[…]

Многумина се прашуваат, „зошто новинарите се нарекуваат самите себеси шпиони?“ Одговорот е едноставен, владата се обидува да ги криминализира нашите истражувања означувајќи нѐ како шпиони.

Истражувачкиот новинар Бадрудоза Бабу се бунтува :

#আমিগুপ্তচর। আমি বদরুদ্দোজা বাবু। অনুসন্ধান করি, সাংবাদিকতা করি। মানুষের স্বার্থে কাজ করি। অনিয়ম আর দুর্নীতি খুঁজি। ফলে আমাকে সরকারি অনেক নথি জোগাড় করতে হয়! ডিজিটাল নিরাপত্তা আইনের ভাষায়, এখন আমি গুপ্তচর!

#ЈасСумШпион. Јас сум Бадрудоза Бабу. Јас истражувам, јас сум новинар. Јас работам за луѓе кои бараат неправилности и корупција. Јас морам да наоѓам многу докази тајно. Според најновиот закон за дигитална безбедност, јас сум шпион.

Новинарката Розина Ислам во интервју за „Бибиси бангла“ рече дека Законот за дигитална безбедност многу ќе го отежни процесот на собирање докази за новинарските статии.

Што друго вклучува Законот за дигитална безбедност за 2018 година?

Во предложениот Закон за дигитална безбедност има 48 членови. Новинарите прво реагираа на членот 32, кој вели дека недозволеното собирање информации од која било влада, полу-влада или автономна институција со помош на електронски уред ќе се смета за дигитална шпионажа.

Во новиот закон има и неколку други членови кои би можеле да го загрозат слободното изразување на Интернет и правата на медиумите во државата. Членот 57 од Законот за ИКТ, кој наскоро треба да биде отфрлен, предвидува затворска казна од најмногу 14 години за прекршоци како клевета, повреда на религиозни чувства, нарушување на законот и редот и провоцирање луѓе или организации. Нацрт-законот за дигитална безбедност ги дели овие прекршоци во четири различни члена со казна која варира од три до десет години. Некои од поекстремните делови од законот вклучуваат:

- Section 27: Material in websites or in electronic devices that hurts religious beliefs. The offense is non-bailable and punishment is 5 years imprisonment and BDT 1 million (USD$ 12,000) fine or both.

- Section 28: Publication of false and degrading remarks in media. The offense is bailable and punishment is 3 years imprisonment and BDT 300,000 (USD$ 3,600) fine or both.

-  A lifetime prison sentence for spreading negative propaganda against the Liberation War or the Father of the Nation using digital devices

- Authorization for security agencies to search or arrest anyone without any warrant if a police officer believes that an offense under the Act has been committed or there is a possibility of crimes

- Член 12: Содржина на веб-страниците или во електронските уреди коишто повредуваат религиозни погледи. Прекршокот е без кауција и се казнува со 5 години затвор и 1 милион бангладешки таки (12,000 американски долари), или и двете.

- Член 28:. Објавување лажни и деградирачки коментари во медиумите. За прекршокот има кауција и се казнува со 3 години затвор и 300,000 бангладешки таки (3,600 американски долари), или и двете.

-  Доживотна затворска казна за ширење негативна пропаганда против Ослободителната војна за слобода или против Таткото на нацијата преку дигитални уреди

- Овластување на агенциите за безбедност да го пребараат или уапсат кого било без дозвола, доколку полицаецот верува дека е извршен прекршок според Законот или доколку има некаква веројатност за злодело

Правникот Јуотирмој Баруа, адвокат од Врховниот суд во Бангладеш во интервју за „Монитор“ вели:

The Digital Security Act is an Eyewash. It is section 57 for all intent and purposes. All the provisions have merely been redistributed among other sections. Its approval will ensure that people lose their freedom of speech.

Законот за дигитална безбедност е глупост. Членот 57 е за сите намени и цели. Другите одредби се само прераспределени меѓу другите членови. Со неговото прифаќање ќе се гарантира губењето на слободата на говор.

Баруа исто така напоменува во интервју за „Дака Трибуне“:

Why won’t I be able to record something wrong happening before my eyes? If I try to copy classified government records, we have the Official Secrecy Act for that.

Зошто да не смеам да снимам нешто неправедно, што ми се случува пред очи? Ако се обидам да направам копија од доверливи владини документи, за тоа постои Законот за службена тајност.

Преземено од Фејсбук

Новинарот и блогер Маскаваит Ахсан воочува дека со новиот закон, владата го следи Законот за службени тајни од колонијалната ера. Тој пишува на Фејсбук.

ডিজিটাল নিরাপত্তা আইন ২০১৮ প্রণয়ন দেখে অনুভূত হয়; সরকার ২০১৮ সালের বাস্তবতায় বসে ১৯১৮ সালের তামাদি শাসন কৌশল অনুসরণের চেষ্টা করছে। বৃটিশ শাসনে অফিশিয়াল সিক্রেসি এক্ট বা দাপ্তরিক গোপনীয়তা আইন প্রণীত হয়েছিলো। ঔপনিবেশিক অপশাসন চালিয়ে যাবার জন্যই জনগণের স্বার্থে পরিচালিত সরকারী দপ্তরের তথ্য জানার অধিকার থেকে জনগণকেই বঞ্চিত করার অপচেষ্টা চালানো হয়েছিলো এই আইনের মাধ্যমে।

Гледајќи дека Законот за дигитална безбедност за 2018 година се усвои, ми се чини дека владата се обидува да ги следи тактиките на управата од 1918 година, во сегашноста на 2018 година. Законот за службени тајни најпрво се појавува во времето на британското колонијално владеење. Негова главна цел била да го прошири колонијализмот и да ги спречи обичните луѓе да дојдат до службените информации на владата.

Новинарот Адитја Арафат верува дека члено 32 ќе значи крај за истражувачкото новинарство. Тој пишува:

এ ধারায় অনুসন্ধানী সাংবাদিকতা বলতে কিছুই থাকবে না। সারাবিশ্বেই অনুসন্ধানী বা অনিয়ম-দুর্নীতি নিয়ে রিপোর্টিংয়ের তথ্য সাংবাদিকরা জনস্বার্থে গোপনেই নিয়ে থাকেন। এ ধারার প্রয়োগে কোনো দুর্নীতির সংবাদের তথ্য সংগ্রহ করা যাবে না। এমনিতেই দেশে অনুসন্ধানী সাংবাদিকতা, দুর্নীতি বিরোধী রিপোর্টং করা অনেক ঝুঁকির। থাকে মামলা হামলার শংকা। [..]আর যাই হোক ধারাটি যারা তৈরি করেছেন তারা অসৎ সরকারি কর্মকর্তা-কর্মচারি এবং দুর্নীতি পরায়ন ব্যক্তিদের বাহবা পাবেন, হয়তো পাচ্ছেনও।

Доколку се спроведе законот, повеќе нема да постои истражувачко новинарство. Во другите делови од светот, новинарите наоѓаат информации за корупција или неправилности во тајност, во интерес на јавноста. Овој закон нема да дозволува да се собираат информации. Процесот на истражувачкото новинарство и известувањето за неправилностите се многу опасни во земјава. Новинарите храбро се соочуваат со стравот од тужба. Оние кои го напишале законов ќе добијат признание од корумпираните и неискрени функционери, а можеби и веќе добиле.

Парвез Реза одговори на изјавата на министерот за правда во интервју за интернет-страницата Сарабангла.нет:

আইনমন্ত্রী বলছেন, ” গুপ্তচরবৃত্তি আর সাংবাদিকতা এক নয়, দুর্নীতির খবর করলে এই আইন প্রযোজ্য হবে না।” আপনি কিভাবে নিশ্চয়তা দিচ্ছেন মন্ত্রী বাহাদুর? আইনের প্রতিটা প্রয়োগ কি আপনাকে জিজ্ঞেস করে হবে? ৫৭ ধারা অপপ্রয়োগের শিকার কিন্তু সাংবাদিকরাই বেশি হয়েছেন।

Министерот за правда рече: „шпионажа и новинарство не е исто, законот нема да важи за известување за неправилности“. Како можете да бидете толку сигурен господине министре? Дали Вие ќе го контролирате секое спроведување на законот? Новинарите беа оние кои ги трпеа последиците од злоупотребата на члено 57 од законот за ИКТ.

Протестирам против Законот за дигитална безбедност за 2018 година. Нека живее истражувачкото новинарство. #ЈасСумШпион

Сцени од протест. Полицијата не дозволи употреба на микрофони.

Заедно со новинарите, различни политички партии, членови на граѓанското општество и обични луѓе протестираат против законот. Една статија објавена во „Д Индепендент“,  забележува дека „препораките на засегнатите страни биле игнорирани во составувањето на нацрт-законот“. Тие бараат од владата да оддржи јавна дискусија пред донесувањето на законот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.