Кога се критикува нешто банално, луѓето се обраќаат кон сарказмот, а интернетот значително го забрзува тој процес. Месецов, многу интернет корисници одговорија на слики од светски лидери присутни на Парискиот марш против тероризам со бран од критика и мемиња наменети да ги пренесат нивните чувства на лутина, фрустрација и недоверба.
Повеќе од 40 светски лидери учествуваа на настанот одделно од обичните демонстранти. Повеќето од пристуните достоинственици дојдоа од земји со свои проблеми со тероризам и човекови права. Ако го додадеме на ова бесот на јавноста поради нападот на сатиричното списание Чарли Хебдо и нападот на прехранбениот супермаркет, кој резултираше со 17 смртни случаи, не е тешко да се разбере зошто онлајн атмосферата е толку напната.
Ахмад Ал-Нимер, од Рамалах, Палестина, укажува на лица кои тој смета дека недостасуваат на Парискиот марш, како Јосиф Сталин, Адолф Хитлер, Муамер Гадафи и врховниот лидер на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.
— Ⓐhmad (@ANimer) 11 јануари, 2015
Обидете се да ја проголтате оваа сатира. Лицата кои недостасуваат на денешниот #ParisMarch
Зијад Киле на Фејсбук споделува малку сириски хумор, сугестирајќи дека од перспектива на сириско јавно лице, единствени легитимни маршeви се оние кои го слават сирискиот диктатор Башар Ал Асад. На крајот на краиштата, кои други маршeви би биле возможни?
Шериф Азер го замислува поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак како ја поздравува париската толпа:
Интернет корисниците не го пропуштија ни фактот дека повеќето од овие светски лидери се самите осомничени за вршење терористички акти и други многубројни криминални дела.
Кај одзумираните фотографии од Парискиот марш и поворката на лидерите, поделбата помеѓу политичарите и општата маса е лесно видлива:
Кога би ги виделе политичарите овие мемиња инспирирани од нивното „учество“ на Парискиот марш, којзнае што би си помислиле?