Убиството на Марсија Хенвил новинарка од Тринидад и Тобаго ја шокираше јавноста

The late journalist and television personality, Marcia Henville. Photo by Mark Lyndersay, used with permission.

Новинарката и телевизиска личност, Марсија Хенвил. Слика од Марк Линдерсеј, искористена со дозвола.

Корисниците на интернет од Тринидад и Тобаго се огласија по вознемирувачките вести од утрото минатата сабота дека новинарката и телевизиска презентерка Mарсија Хенвил почина во пожар во нејзината куќа во источен Тринидад. Шпекулациите дека имало нешто нечесно се појавија уште на почетокот, благодарение на вестите за „гласните расправии“ […] кои доаѓале од нејзиниот стан на третиот кат непосредно пред експлозијата која наводно го започнала пожарот. 

Доцна вчера, резултатите од аутопсијата потврдија дека Хенвил е убиена – причината за смртта покажа дека се работи за удари со тап предмет и неколку рани од убоди. Како што народот се префрли од шок кон бес, вниманието на јавноста беше свртено кон полициската истрага. Вниманието е насочено кон сопругот на Хенвил, кој го избегнал пожарот претрпувајќи изгореници од прв степен и моментално се наоѓа во болница. Некои вести кажаа дека нејзиниот сопруг инсистирал дека не постоеле домашни проблеми, додека други тврдеа дека нивната врска била „тешка“.

На Фејсбук, многу корисници, изразија жал за насилниот начин на кој почина Хенвил. Тие го сметаат за особено трагично тоа што таа посвети голем дел од нејзиниот професионален живот помагајќи им на малтретираните и обесправени, смело влегувајќи во „жариштата“ полни со дрога и војни помеѓу бандите се со цел да им се даде глас на безгласните. Point Blank, социјалните прашања покажуваат како Хенвил снимена и прикажана на локалнта телевизиска станица, беше позната по нејзината немилосрдна потера по правда за малтретираните.

На Твитер, вознемирените корисници оддадоа почит кон нејзиниот живот и работа:

R I P за дама со која секогаш сакав да зборувам #MaрсијаХенвил ќе недостигаш pic.twitter.com/ppghjTbXfU

— Danna (@dannanekeisha) 24 јануари, 2015

О Боже!!! Таа секогаш кон мене беше охрабрувачка, страствена за нејзината работа и навистина сакаше да им помага на другите #RIP #MaрсијаХенвил.

— Achsah Gulston (@AGulstonTV6) 24 јануари, 2015

CCN телевизиската мрежа, којашто ја прикажуваше емисијата на Хенвил, ја објави на Твитер оваа изјава на премиерот на земјата:

Премиерот: #MaрсијаХенвил беше позната по нејзината бестрашна потрага по вистината, и нацијата загуби талентирана и посветена новинарка

— CCN TV6 (@tv6tnt) 24 јануари, 2015

Твитер корисникот Едвард Чарлс се согласува:

Секогаш ја ценев нејзината брутална чесност и пристапот при прикажувањето на проблемите во Тринидад и Тобаго #MaрсијаХенвил #RIP #БЕЗСТРАШНА

— Edward Charles (@Edd_Boi) 24 јануари, 2015

Други ја оплакуваа загубата на пријател, колега и новинар:

#марсијахенвил @брзиновости #скршеносрце Ја запознав Марсија на нејзиниот прв ден во Express во раните 90ти. Каква штета. Збогум xx

— Carlene de Bourg (@TriniBoogie) 26 јануари, 2015

#Rip #MaсијаХенвил,#TринададИТобаго новинарка од Тринидад. Уживав во свежината која ти ја внесе во новинарството во ит

— Nahshon Jaffier (@NahshonJaffier) 26 јануари, 2015

Уште пред резултатите од аутопсијата да бидат објавени во јавност, некои корисници на социјалните мрежи се запрашаа дали решителноста на Хенвил да ги посочи тешките проблеми беше на некој начин поврзана со нејзината смрт:

Еднаш откако ќе пробаш да го покажеш лошото во оваа земја е како да си поставил смртоносна замка за себе си. #RIP #марсијахенвил

— YourCaribbeanGirl ♕ (@_Sach92) 24 јануари, 2015

@AnselmGibbs @tv6tnt Работата во врска со безгласните е дека штом еден паѓа друг секогаш се издигнува. RIP #MaрсијаХенвил. Навистина навистина тажно.

— Mauricia Ann Atkins (@MauriciaAnn) 24 јануари, 2015

Откако беше потврдено дека Хенвил навистина беше убиена, тонот во блогосферата почна да се менува, особено помеѓу луѓето кои лично ја познаваа Хенвил и за кои убиството беше лично. На Фејсбук, Дион Бучард рече:

Иако се сомневав во ова, тоа не го потисна шокот. Она што најмногу ме боли е дека некој како Марсија којшто се става себе си борејќи се за помалку среќните, којшто ги става другите пред себе си, заслужува да умре со одреден степен на достоинство. Марсија беше лишена од таа можност. НИЕ, земјата, бевме ограбени од несебичен дух кој, иако не беше роден тука, направи оваа земја да биде нејзин дом и енергично се бореше за правото оние помалку среќните да бидат слушнати. Таа бараше правда за сите и нејзиниот живот да заврши вака никогаш не беше начинот кој требаше да биде. Јас сум повеќе од бесен од ова и мојата болка е многу поголема од она што го донесоа саботните вести. Јас немам повеќе зборови, само солзи и омраза. 

Уметникот Дарен Чива ја создаде оваа илустрација во чест на Хенвил, заснована на оригиналната фотографија од Дамиан Лук Пат, којашто е широко распространета на социјалните медиуми
marcia free

Поранешен колега од телевизијата Гејл, општинска телевизиска станица која ги посочува сите нешта од Тринидад и Тобаго – од уметност и култура до социјални зла – објави на Фејсбук минатата ноќ дека станицата ќе и оддаде чест на Хенвил во живо:

Ако сте ја симпатизирале, сакале, почитувале, знаеле, сте биле блиски со…Марсија Хенвил – добредојдени сте

Дојдете во нашето студио… и споделете ја вашата приказна.

Ова споделување на сеќавања за неспоредливата Марсија Хенвил е она што ги утеши нејзините пријатели, фанови и колеги во нивната тага. Како филмски продуцент, Хенвил работеше на филмот Trafficked, кој се однесува на трговијата со дрога во Тринидад и Тобаго. Таа имаше добра соработка со филмскиот сценарист и режисер, Шон Хоџкинсон, глумејќи како Меридит Џемјс во двата претходни филмови на Хоџкинсон, A Story About Wendy, и неговото продолжение. Актерите и екипата ги изразија нивните сочувства на Фејсбук страницата на филмот:

Тимот Венди е шокиран и растажен по запрепастувачките вести за смртта на Марсија Хенвил.

Не постојат зборови за да се опише ненадоместливата загуба на еден од членовите на нашето семејство.

Сакаме да се запамети љубезноста, емпатијата, талентот, живоста, професионализмот, ентузијазмот и љубовта на Марсија.

Таа засекогаш ќе биде во нашите срца.

Кетрин Емануел, којашто глумеше заедно со Хенвил во филмовите Венди, ја памети по нејзината природна способност за глума и вистинскиот интерес за луѓето. „Таа беше толку силна жена“ рече Емануел, „секогаш загрижена за другите, фасцинантна и жива. Таа беше одличен слушател. Марсија не заслужи да умре така; таа толку многу се грижеше за другите луѓе – без разлика дали си црн, бел, богат, сиромашен, нејзе не и беше важно. Ќе ми недостига нејзиниот прекрасен глас. Секогаш мислев дека таа е жена за секој. Таа го сакаше животот, но повеќе од тоа, таа беше живот“. 

Погребот на Марсија Хенвил допрва ќе биде објавен.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.