Десетгодишник веќе ја тужел Владата на САД заради нејзината климатска политика. Потоа, климатските промени навистина му го погодија домот

Десетгодишниот Ливај Дрејхајм е најмладиот тужител во тужбата поднесена од група од 21 младо лице која тврди дека владата ги прекршила нивните уставни права преку поддршката на континуираната употреба на фосилни горива кои придонесуваат за глобалното затоплување. Фотографија на Дипа Фернандес/ПРИ
Приказната на Дипа Фернандес првично беше објавена на ПРИ.орг на 23 јануари 2018 година. Овде е реобјавена како дел од партнерството на ПРИ и Глобал војсис.
На десетгодишниот Ливај Дрејхајм му оди математиката, иако не ја сака баш. Ја свири смирената „Хумореска“ на Дворжак на виолина и има милениче рак по име Џејџеј. Како и повеќето деца, Дрејхајм мрази да си ја чисти собата.
Сепак, Дрејхајм не е како повеќето деца на негова возраст заради една важна причина – тој ја тужи Владата на Соединетите Американски Држави заради кршење на неговите уставни права преку поддршката на континуираната употреба на фосилни горива кои придонесуваат за глобалното затоплување.
Дрејхајм живее на мало островче веднаш до централноисточниот брег на Флорида. Проекциите за покачувањето на нивото на морето во комбинација со ерозијата на плажата значат дека неговиот дом најверојатно ќе биде под вода за 30-40 години а неговиот остров ќе биде целосно потопен до крајот на векот. Реалноста е дека повеќето возрасни во загрозената Флорида не се ангажираат многу околу ова, што го прави активизмот на ова дете уште понеобичен.
Климата која се менува е нешто што Дрејхајм го посведочил од прва рака. Кога ураганот Ирма ја погоди Флорида во септември 2017 година, прилично силно го погоди и неговиот град Сателајт Бич. Една седмица по ураганот заврнаа поројни дождови кои поплавија многу улици. Дрејхајм и неговото семејство мораа да се евакуираат, а неговата улица се поплави.
„Беше толку длабоко што… беше до средината на колата“, рече тој.
Училиштето на Дрејхајм беше многу поплавено и мораше да се затвори.
Пред поплавата, Дрејхајм одеше на училиште трипати неделно а другите два дена учеше дома. Многу сакаше да оди во училиште бидејќи се дружеше со другите деца. Но повеќе нема да се гледа со тие деца. Училиштето е толку оштетено што не може да се поправи. Затоа мајка му, Леј-ен Дрејхам, е приморана целосно да го образува во домашни услови.
Сепак, тоа ѝ е најмала грижа.
„Целата наша улица беше под вода, ставивме вреќи со песок и слични работи“, вели таа. „Загрижени сме дека ако заврне силно ќе мора да минуваме низ истиот проблем одново и одново.“
Семејството живее на мало островче кое е долг, тенок, песочен појас одделен од копното. Проекциите за покачувањето на нивото на морето не се добри за овој дел од брегот на Флорида.
„Островчето ќе го снема на крај бидејќи е на исто ниво со морето“, рече Леј-ен. Дрејхајм дотрча да објасни повеќе.
„Значи, има како мапи и такви работи кои покажуваат дека целава оваа улица ќе биде под вода. Ние сме на нула метри надморска височина. Ако малку се стопи мразот на половите, улицата ќе отиде во океанот кој ќе отиде во лагуната Индијан ривер која ќе ни по поплави домот“, вели Дрејхајм.
Една природна заштита против покачувањето на нивото на морето се цврстите песочни дини, но и тие еродираат во Сателајт Бич.
Дрејхајм сакаше да ми покаже како исчезнуваат песочните дини, кои формираат бариера налик ѕид на страната од островот која гледа кон Атлантикот.
Тој и мајка му ме одведоа до еден дел од плажата каде ерозијата прилично ги зафатила дините.
„Знакот овде вели: Стојте подалеку од дините“, рече Дрејхајм.
Тој не зборува само за климатските промени, тој се обидува и да ги спречи. Заедно со неговата мајка, меѓу другото, помогнале во реставрацијата на дините со тоа што на островот посадиле вид трева наречена „морски овес“.
„[Морскиот овес] е она што навистина ги држи дините, на пример кога има ерозија, морскиот овес е она што држи силно, стварно“, вели Дрејхајм.
Сепак не е сѐ само игра без забава. Дрејхајм може да вози велосипед до плажата и да ја користи пловката кога и да посака. Си го сака животот тука.
Несомнено, тој ги живее влијанијата на покачувањето на нивото на морето и екстремното време. На многу начини тој по природа им се приклучи на 20-те други деца ширум земјата кои ја тужат владата заради тоа што не презема доволно мерки да ги запре климатските промени. Тој е најмладиот во групата.
„Општо гледано мислам дека климатските промени се како природна катастрофа и ќе влијаат на сите“, рече Дрејхајм. „Во Флорида последиците се очигледни, два урагани за една година и моравме да се евакуираме заради тоа, и ерозијата на плажата, такви работи.“
Дрејхајм не е баш во право во овој случај. Научниците не мислат дека климатските промени предизвикуваат повеќе урагани. Но постојат докази дека климатските промени генерално ги прават ураганите и другите бури полоши.
Дрејхајм не е само слатко, младо лице за движењето. Тој постојано се труди да научи повеќе за, како што вели, да може да направи повеќе. Слуша вести, ја тера мајка му дома да го учи за климатските концепти и внимателно слуша кога соборците тужители зборуваат.
Дрејхајм се приклучи на тужбата од младите лица преку непрофитната „Довербата на нашите деца“, откако свештеникот во црквата кажал на мајка му за неа. Леј-ен го прашала Дрејхајм дали сака да се вклучи, и тогаш деветгодишното дете не се двоумело.
Дрејхајм и мајка му одат во локалната црква на унитарните универзалисти. Таа е прилично релаксирана, либерална црква. За време на мисата, Леј-ен е боса, а Дрејхајм си игра со топка за време на службата. Верниците гордо дискутираат за активизмот на Дрејхајм за време на утринскиот чај по мисата.
Тој е едно од неколкуте деца во црквата и многу го сакаат.
Судењето е закажано за 5 февруари 2018 година. Дрејхајм вели дека без разлика дали ќе победат или изгубат се надева дека претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа што се случува.
„Малку е тешко тоа што најмоќниот човек на светот одбива да признае дека климатските промени се проблем и дека некогаш ќе бидат проблем“, вели Дрејхајм. „И така, малку тешко е.“
Што и да се случи, Дрејхајм рече дека ќе продолжи да се бори. Не сака неговиот островски рај да исчезне.
И потоа збриша, со тркалца на неговите патики, и се намести под една боровинка да се слади со слатките, сочни плодови.
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!