Еден руски сојузен регион наскоро ќе започне со „експериментален“ проект чија цел е цензура на интернет. Станува збор за заеднички напори на сојузниот регион Кострома и на една невладина организација наречена Лигата на безбеден интернет, духот на овој проект наликува на новата руска црна листа на интернет [GV] и други мерки за цензура застапувани од страната на Лигата со цел заштита на децата. (Гувернерот на Кострома регионот, Сергеј Ситников, е поранешен шеф на Роскомнадзор кои управуваат со црната листа)
Сепак, во бизарен случај во кој животот ја имитира уметноста, новиот потфат на Лигата исполнува едно сатирично пророштво предводено од RuNet Echo во декември минатата година [GV]. Во тоа време, RiNet, интернет провајдер во Москва, објави единствен начин на наплата наречен „Чист интернет“ кој гарантира дека неговите корисници ќе гледаат само „пристојни веб-страници“. Со тој план, корисниците имаат пристап до веб-страници од листата на страници проверени од страна на провајдерот. Дел од оваа листа се www.kremlin.ru, www.gov.ru, www.government.ru, и многу мал број на други веб-страници. За жал, деталите од апсурдната, сатирична изјава за печатот на RiNet, чија главна цел беше исмевање на тековните напори за воведување на интернет-цензура, се неверојатно блиску до тоа што ги очекува интернет-корисниците во Кострома. Пред неколку дена овој таканаречен „Чист интернет“ му беше објаснет на еден репортер од страна на претставник на Лигата:
Пользователям из тестового региона будут доступны только те страницы и сайты, которые проверили эксперты лиги.
Корисници од тестираниот регион ќе имаат пристап само до веб-страници однапред проверени од страна на експерти од Лигата.
Последиците од таквиот вид на цензура ќе преминат и над таканаречениот филтер на содржини безбедни за работа. Впрочем, за една страница (од стотици, милиони постоечки страници) да биде одобрена за пристап, треба најпрвин да биде проверена од страна на „експерт“. Тоа значи, било која страница може да биде блокирана од страна на Лигата, која е силно поврзана со Кремлин и православната црква. Корисниците на популарниот форум за технологија Habrahabr нагласија дека ова ќе претставува особен проблем со веб-страниците на друг јазици. Други пак, на шала се прашуваат за финансиската мотивација позади овој потег:
stenogriz: […] Тут можно еще и доп заработок получить. Тарифные пакеты! Тарифный пакет «Базовый» — доступно 5 сайтов; тарифный пакет «Домашний» — 10 сайтов, теперь и с YouTube! Тарифный пакет «Профессионал» — 100 сайтов. […] Тариф «Тролль» — возможность выбора любого ника. отличающегося от паспортных данных и возможность писать комментарии (не более 3 в сутки). […]
stenogriz: […] Може да го користите ова за да дојдете до пари. Пакетите на кои може да се приклучите се: „Основниот“ пакет — со кој имате пристап до 5 веб-страници; пакет „за домаќинство“ — 10 веб-страници, во кои сега спаѓа и YouTube! „Професионален“ пакет — 100 веб-страници. […] „Troll“ пакет — со можност за избирање на алијас различен од податоците во нивниот пасош и со можност за пишување на коментари (не повеќе од 3 на ден). […]
Можеби највознемирувачки е дека изјавите кои ги дадоа претставници на Лигата оставаат впечаток дека за разлика од сатиричниот „Чист интернет“, корисниците ќе мора да отстапат од процесот доколку сакаат да пристапат до некоја „непроверена“ страница:
Суть эксперимента состоит в том, что сайты порнографического содержания будут закрыты, а пользователь, желающий получить доступ к ним, должен будет обратиться к провайдеру и заключить с ним договор, предоставив свои паспортные данные.
Главно обележје на експериментот е дека порнографските веб-страници ќе бидат затворени за пристап, корисникот кој ќе сака пристап до нив ќе треба да се обрати кај својот интернет провајдер и да направи договор со истиот, приложувајќи ги своите лични податоци.
Еден корисник на Livejournal се прашува за можните негативни последици:
Человек должен раскрыть свои аспекты личной жизни. Его внесут в базу, уже будет не “благонадежным”. Истинный гражданин и патриот не может смотреть порно. Он должен смотреть только программу “Время”, выступления президента и патриарха.
Човек треба да ги отвори сите аспекти од својот приватен човек. Ќе биде ажуриран во база на податоци, и од еднаш не може да му се верува. Вистинскиот граѓанин и патриот не може да гледа порнографски содржини. Тој смее да следи само вести, претседателот и патријархот.
Кога биле прашани за овој алармантен аспект, канцеларијата на гувернерот на Кострома тврди дека корисниците всушност ќе мора да се пријават доколку сакаат да бидат дел од овој експеримент. Откако изјавите од другите членови од Лигата кои наведуваат на спротивното е тешко да бидат погрешно протолкувани, по се изгледа дека станува збор за постоење на интерно недоразбирање или несогласување во врска со целта или идејата на овој проект. RuNet ќе продолжи да ја следи приказната за да види што ќе се случи на крајот и како корисниците ќе реагираат доколку нивните информации станат помалку од бесплатни. Некои од нив веќе заземаат песимистички ставови:
Если vk.com и mail.ru будут в списках, большинство ничего не заметит.
Доколку (социјалните мрежи) vk.com и mail.ru се дел од (белата) листа, поголемиот дел од корисниците нема да забележат никаква промена.