Светски ден на храната: Живот со измачување од глад

woman selling food

Жена продава храна Некои права задржани од #Eelco

Според Светска Банка, околу 1 милјарда луѓе во светот легнуваат гладни, а зголемените цени на прехрамбените продукти ќе допринесат овој број да биде уште поголем. Денес, за време на Светскиот ден на храната, овие гладни фамилии добиваат ликови и ги слушаме нивните приказни.

Видео волонтерите од Индија, за нивниот видео проект Глад, ги посетија заедниците со цел да потенцираат дека иако има пораст на економијата, сепак многу луѓе си легнуваат гладни ширум нивната земја.

 

Видеозаписите беа продуцирани за лансирањето на Светскиот извештај за катастрофи во 2011 година, што претставува соработка меѓу Светската програма за храна, Унијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации и Меѓународната федерација на црвениот крст и движењето Полумесечина (IFRC). Извештајот цели да го одговори основното прашање: „Зошто 1 милјарда луѓе ширум светот одат во кревет гладни, иако светот произведува доволно храна за сите?“

Тоа што ги прави специфични овие 12 видеа е фактот дека тие се направени од луѓе кои доаѓаат од засегнатите области, а не од аутсајдери. Видео волонтери е образовна програма за луѓето од маргинилизираните заедници во кои учат да создаваат вести, да ги гледаат, да превземаат акции и да наоѓаат решенија за проблемите кои ги засегаат нив и нивните соседи.

На нивната веб страна можат да се најдат 12 видеа, со кратко објаснување за секоја заедница каде се снимени. Ова видео беше снимено во Силчар, Асам во северно-источна Индија, која претежно е рурално-земјоделска област со племенски маргинализирани малцинства. Во видеото еден татко зборува за тешкотиите и беспомошноста кога оди да спие знаејќи дека неговите деца се гладни.

Во Рај Нанџаон, која е недоволно развиена и претежно земјоделска област во Чатисгар, една жена е принудена да се проституира за да може да ги нахрани своите деца.

Лекарите без граници со години се соочуваат со проблемот на неухранетите деца во различни области низ целиот свет, и забележаа дека она што се чинеше дека ќе помогне, всушност го влошува овој проблем: Организациите за донирање на храна не обезбедуваа храна која е доволно хранлица за деца под 2 години. Заедно со кампањата „Изгладнети за внимание“, тие одлучија да побараат од актерите во системот за донирање на храна, да престанат да испраќаат храна со низок квалитет, а наместо тоа да обезбедат соодветни хранливи производи за неухранетите деца.

Овогодинешната тема на Светскиот ден на храната е  цената на прехрамбените продукти, од криза до стабилност. Овој преглед е за 15-минутниот филм „Игри на гладот“ на Феликс Алварез Торес од Перу, каде тој утврдува дека си поигруваат со цените на прехрамбените продукти, како тие да се чипови во играта за моќ.

Во последните 10 години, цената на прехрамбените продукти во светот скандалозно се зголеми. Мултинационалните претпријатија инвестираат милјарди долари за купување на следните жетви, создавајќи недостаток во сегашницата. Влоговите за цените на производите се зголемуваат: игра во која секогаш победувате.

Надвор од масата за покер, сиромашните треба да им платат на играчите на „Игри на гладот“.

Благодарение на иницијативата Ден за блогерска акција многу луѓе ќе пишуваат онлајн за храната и проблемите со храната на блоговите и сајтовите за микроблогирање, под таговите #BAD11 и #food. Земете учество во дискусијата и раскажете му на светот што мислите за зголемувањето на цените на храната и за гладта.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.