Арапски свет: „Престанете да плачете за Судан“

Денешниот референдум за независност во Судан ја стави земјата на радарот на арапската твитосфера. Од Саудиска Арабија до Палестина, Арапите дискутираат за единството на Судан, поделбата и ресурсите.

Референдумот е дел од Наиваша договорот од 2005 година помеѓу централната влада на Чартоум и Ослободителното движење на Суданците од кој што може да се видиподелбата на Јужен Судан од остатокот на земјата.

Од Саудиска Арабија, Омар прашува:

متي ستظهر نتايج انتخابات السودان
Кога ќе бидат објавени резултатите од референдумот?

И тогаш заклучува:


اليوم ستصبح الجزائر أكبر دولة عربية عوضا عن السودان بلد المليون ميل
Денеска Алжир ќе го замени Судан на листата на најголеми арапски земји

Бадер Ужан, исто така од Саудиска Арабија, гледа позитивно кон иднината:

ألمانيا اتحدت بعد أنقسام وهونغ كونغ عادت للصين بعد أقتطاع وستعود السودان إن شاء الله وسيكون الأنفصال دافعاً قوياً للتنمية
Германија се здружи по нејзината поделба; Хонг Конг се врати во Кина по нејзината поделба и јас се надевам дека Судан ќе се врати. Јас се надевам оваа поделба ќе биде силен поттик за развој.

Тој понатаму додава:

Германија е одличен пример за тоа како одделените земји еден ден пак ќе се обединат на мирен начин. не е исклучок!

И Мохамед Осман, исто така од Саудиска Арабија, ги повикува неговите читатели:

نرجوا من الأخوة العرب الأعزاء عدم النياحة والردح في موضوع السودان، 26 سنة من الحرب وأنتم صامتون فأكملوا صمتكم
Драги браќа Арапи, ве молам престанете да плачете и да правите проблеми за Судан. Имаше 26 годишна војна во којашто бевте тивки. Ве молам продолжете со тишината и сега.

Палестинецот Баха Алкајали се моли за обединет Судан:

الوحدة للسودان… الوحدة#Судан
Единство за Судан.. Единство

Додека од Јордан, Али Дахмаш насочува кон богатите ресурси на Судан:

Дали знаете дека 70% од производството на нафта во Судан е лоцирано на југот. Не е ни чудно што Џон Кери и американските политичари ја подржуваат поделбата!

И да се вратиме во Саудиска Арабија, Бандар Бин Наиф, :

قمر صناعي أنشىئ خصيصا لمراقبه الاستفتاء والأحداث في السودان، هل هو حبا في السودان أم مباركة للإنفصال
Сателит беше лансиран специјално за да го следи референдумот и развоите во Судан. Дали е ова заради љубовта кон Судан или благослов за поделбата?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.