Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Запознајте го јамајканскиот претприемач кој најде начин да го направи „станувањето зелен“ исполнето, социјално одговорно па дури и профитабилно

Jamaican 'green' entrepreneur Jovan Evans, demonstrating his invention on World Water Day. Photo courtesy Mr. Evans, used with permission.

Јамајканскиот „зелен“ претприемач Јован Еванс го демонстрира својот пронајдок за време на Светскиот ден на водата. Фото: Г-дин. Еванс, искористена со дозвола.

Програмата за животна средина при Обединетите Нации (UNEP), во партнерство со јамајканската влада, ја лансираше Студијата од областа на јамајканската зелена економија за време на Светскиот ден на водата (22 март) во градината на Девон Хаус во Кингстон. Студијата која опфаќа пет сектори (земјоделство, градежништво, енергија, туризам и вода) беше финансиски поддржана од Европската комисија и е во склоп на регионалната програма за „Подобрување на одржливиот развој на карипските држави преку зелена економија“.

Јамајка е една од најзадолжените земји во светот, со тоа што дури 90 проценти од енергетските потреби зависат од увозот на петролеј. Земјата изгледа зрела да стане економија со ниска емисија на штетни гасови, но сепак останува да се види дали јамајканскиот приватен сектор е подготвен на тој чекор. Во меѓувреме, се јавува надеж: пронаоѓачите како Јован Еванс создаваат услови за иновативни еколошки идеи и ги претвараат истите во производи. Глобал Војсис имаше можност да зборува со Еванс и да продискутира за неговите идеи, претприемачки дух и за „станувањето зелен“.

Глобал војсис (ГВ): Кажете ни нешто за Вашето минато. Како Вашето воспитување и образование Ве подготвија за претприемништвото?

Jovan Evans (JE): In my younger years I would spend hours watching my grandfather, a retired engineer and farmer, build things — from bicycles to water pumping systems. He was one of those “Why buy when you can build” kind of men. Having people like that in your life reinforces the idea that man manipulates the environment and not the other way around. As a child, my favorite toys were Lego. Later, I abandoned it for a PC. Lego stimulates your imagination and confidence in your creative abilities. It is up there with reading books and playing musical instruments, in my view.

I went to Campion College, the best school in the Caribbean, where I met some really smart kids and excellent teachers. At the time, I think Campion was the only school where you had the option of building remote-controlled aeroplanes as an extracurricular activity through the Science Club. I guess that makes me a nerd! But apart from that, the standards of the school made mediocrity synonymous with failure. Having this in mind when developing products is an asset.

I graduated from the University of the West Indies with a B.Sc. in Computer Science and for ten years I worked in the IT sector. This was until January 2015, when I left the “nine-to-five” world to start my company, AquaFlow Products & Services Ltd. As an IT professional you are always solving problems, whether it's infrastructure acquisition and deployment or software implementation and development.

There are many things that contributed to my development as an entrepreneur, but the most notable to me are the skills I gained throughout the years working for and with others. Academia played a small role in my journey and I found training from entrepreneur-targeted workshops was more impactful. For example, expertise in procurement, graphics design, web-development and photography went a very long way. Believe it or not, I built software to manage the accounting and sales aspect of my business.

Јован Еванс (ЈЕ): Кога бев мал го гледав со часови го гледав дедо ми, пензиониран инженер и земјоделец, како создава работи – од велосипеди до системи за пумпање вода. Тој беше еден тие кои велат „Зошто да го купиш кога можеш да го направиш“. Таквите луѓе околу тебе ја зајакнуваат идејата дека човекот управува со околината, а не обратно. Како дете, обожавав да си играм со „Лего“ коцките. Подоцна, ги оставив за компјутер. „Лего“ ја стимулира имагинацијата и довербата во твоите креативни способности. Според мене, тие се на исто рамниште со читањето книги и свирењето инструменти.

Учев во „Кампион Колеџ“, најдоброто училиште на Карибите, каде што запознав навистина паметни деца и одлични наставници. Во тоа време, мислам дека „Кампион“ беше единственото училиште каде постоеше можноста за градење авиончиња на далечинско управување како дел од дополнителна настава преку Научниот Клуб. Претпоставувам дека тоа ме прави бубалица! Шала на страна, стандардите на училиштето го израмнија просечното со неуспехот. Предност е да се има ова на ум.

Дипломирав на „Универзитетот на Западните Инди“ на одделот за информатика и десет години работев во ИТ секторот. Така беше до јануари 2015, кога го напуштив светот „од девет до пет“ и основав моја компанија, „AquaFlow Products & Services Ltd.“ Како ИТ професионалец секогаш решаваш проблеми без разлика дали се работи за мрежи или имплементација и развој на софтвер.

Има многу работи кои придонесоа кон мојот развој како претприемач, но за мене најзначајни се вештините кои ги стекнав во годините работејќи со и за други. Академскиот свет игра мала улога во моето патешествие и сметам дека обуките од работилниците за претприемачи беа многу покорисни. На пример, познавањето на набавките, графичкиот дизајн, создавањето веб страници, фотографирањето се стигнати многу далеку. Верувале или не, јас создадов софтвер за да управува со сметководството и продажбата од аспект на мојот бизнис.

The 'Pump-N-Spray'. Photo courtesy Jovan Evans, used with permission.

Системот „Pump-N-Spray“. Фото: Јован Еванс, искористена со дозвола.

ГВ: Како дојдовте до идејата – и зошто видовте потреба – за Вашиот Pump-N-Spray?

JE: Pump-N-Spray was born from frustration: the annoyance of bucket bathing every night because of water restrictions, a back-breaking chore I was introduced to on my grandfather’s farm decades prior. One day I forgot to catch my water, and that was the straw that “broke my back”. I originally sought to buy a solution but couldn’t find one, so this “camel” decided to build one. After six weeks I developed my first prototype. At that time, the pump-n-spray was just for myself. When the water situation was regularized I actually shelved it; but months later water restrictions were back and I was forced to use my Pump-N-Spray. It was then it dawned upon me that other persons were having the same challenge and that more than likely they would also be interested in my creation. Climate change indicates that water accessibility is not going to improve, so Pump-N-Spray was set to be a winner.

ЈЕ: Pump-N-Spray се роди од фрустрација: од мачното капење со кофа секоја вечер заради рестрикциите на вода, еден исцрпувачки процес со кој се запознав на фармата на дедо ми уште пред неколку децении. Еден ден заборавив да си наполнам вода и тоа беше „капката што ја прели чашата“. Првично барав да купам некакво решение но не можев да најдам, па затоа „камилава“ одлучи да направи еден. Го развив мојот прв прототип по шест недели. Тогаш, Pump-N-Spray беше само за мене. Кога се подобри ситуацијата го ставив Pump-N-Spray малку на страна, но неколку месеци подоцна, ситуацијата пак се влоши и бев приморан повторно да го користам. Тогаш ми светна дека и други луѓе се соочуваат со истиот проблем и дека сигурно ќе се заинтересираат за мојот изум. Климатските промени покажуваат дека пристапот до вода нема да се подобро, што значи Pump-N-Spray е вистинското решение.

ГВ: Дали едноставно сами се впуштивте во ова или имавте поддржувачи кога почнавте?

JE: I was alone in the product development process and financing for most of my journey; but I was fortunate to get into the Branson Centre of Entrepreneurship and that helped a lot with the business development. I recall the last day of my job of nine years was also the day I was accepted as an official Branson Centre Entrepreneur. For those who are unfamiliar with it, the Branson Centre ignites businesses to operate in a sustainable and socially responsible way to improve livelihoods and transform the world.

ЈЕ: Во поголемиот дел од развивањето и финансирањето на производот бев сам, но имав среќа да влезам во Центарот за претприемништо „Брансон“ и тоа ми многу помогна во развивањето на бизнисот. Се сеќавам дека на последниот ден од мојата претходна деветгодишна работа ме признаа за официјален претприемач во Центарот „Брансон“. За оние кои првпат слушаат, Центарот „Брансон“ поттикнува бизниси да работат на одржлив и социјално одговорен начин за да ја подобрат егзистенцијата и да го променат светот.

ГВ: Кажете ни за Вашето партнерство со градот Флинт, Мичиген. Како дојде до ова?

JE: Essita Duncan, a lawyer from Washington, DC, started this initiative. I met her by chance at a Branson Centre-organized “meet and greet” in Montego Bay, Jamaica. She was part of a small audience with whom I shared my entrepreneurial journey. Weeks later, she made contact with me and introduced me to the water crisis in Flint and a non-profit she was a part of, Servants without Borders. They had heard the stories and visited the communities in Flint and were moved by the state of their water situation. We knew the Pump-N-Spray would have a positive and significant impact on the families in Flint — particularly on the children. A crowdfunding campaign was started and it has been well supported.

ЈЕ: Есита Данкан, адвокат од Вашингтон ДЦ, ја почна иницијативата. Се сретнавме случајно на еден собир организиран од Центарот „Брансон“ во Монтего Беј, Јамајка. Таа беше дел од потесниот круг на луѓе со кои што го делев моето претприемничко патешествие. Неколку седмици подоцна, таа ме контактираше и ме запозна со кризата за вода во Флинт, и со непрофитната организација „Служители без граници“, каде што членуваше. Тие имаа слушнато за случувањата во Флинт и беа трогнати од ситуацијата кога го посетија. Знаевме дека Pump-N-Spray ќе има позитивен и значаен удел на семејствата во Флинт – посебно на децата. Започна и кампања за донирање (главно преку интернет) и за сега оди многу добро.

ГВ: Што би ги советувале амбициозните претприемачи, особено од областа на „зелените“ производи?

JE: Take a triple bottom-line approach to business. People, Planet, Profit. No matter how “green” your product is, your operations have to be sustainable and/or profitable. Always try and make people’s lives better with whatever you do and always listen to your customers. Try and partner with other entrepreneurs or institutions where possible. Together, everyone achieves more. Sometimes your products are more relevant to communities or countries [that are] not your own. Make a habit of looking outside of your “box”.

ЈЕ: Треба да пристапат кон трите основни принципи на бизнисот. Луѓе, Планета, Профит. Без разлика колку е „зелен“ Вашиот производ, Вашите дејствија треба да се одржливи и/или профитабилни. Што и да правите, секогаш трудете се да ги направите животите на другите подобри, и секогаш слушајте ги клиентите. Обидете се да станете партнер со други претприемачи или институции доколку можете. Заедно се постигнува повеќе. Некогаш Вашите производи се порелевантни за заедниците и земјите [кои не] се Ваши. Навикнете се да гледате подалеку од Вашиот „двор“.

ГВ: Дали се сметате за бизнисмен? Дали планирате да го проширите асортиманот на производи со други еколошки направи?

JE: I see myself more as an inventor than a businessman, even though those closer to me tend to say the opposite. I have three other innovations to patent. My most recent idea involves the recycling of greywater.

ЈЕ: Повеќе се сметам како пронаоѓач отколку како бизнисмен, иако тие што ми се блиски го обично го велат спротивното. Имам три други изуми да патентирам. Мојата последна идеја е за рециклирање искористена вода од целиот дом (освен од тоалетот).

Daryl Vaz , Jamaica's Minister Without Portfolio in the Ministry of Economic Growth and Job Creation (responsible for environment and climate change; left) and Leo Heileman of UNEP's Regional Office for Latin America and the Caribbean (right), receiving a report on Jamaica and the Green Economy. Photo courtesy Jovan Evans, used with permission.

Лево: Дарил Ваз, министерот без ресор на Јамајка во Министерството за економски развој и создавање работни места (одговорно за животната средина и климатски промени), до Лео Хеилеман од регионалната канцеларија на UNEP за латинска Америка и Карибите, прима копија од Зелената студија од областа на економијата во Јамајка, финансирана од Европската Унија. Фото: Ема Луис, искористена со дозвола.

ГВ: Што мислите за можностите на Јамајка како „зелена економија“? Како би сакале да ја видите дека се развива?

JE: I would say we are on our way. We have agencies keeping the private and public sectors “honest”, reducing environmental risks and increasing the public’s awareness on such issues. The government encourages sustainable development, as reflected in procurement procedures. However, there are also threats to the environment and livelihoods that do not seem to be priority items for the government. But it's hard to make a judgement based on the financial constraints that we face and our current obligations. I would like to see more Jamaicans volunteering in their communities in green projects; and a greater effort to be made to teach our children in schools about the environment, “green” solutions to everyday issues and the impact of our current way of life on the environment.

ЈЕ: Би рекол дека сме на вистинскиот пат. Имаме агенции кои ги одржуваат јавните и приватните сектори „чесни“, намалувајќи ги ризиците за животната средина и подигајќи ја јавната свест за вакви прашања. Владата охрабрува одржлив развој, што се рефлектира во процедурите за набавки. Сепак, има закани кон животната средина и егзистенцијата кои изгледа не се приоритети на Владата. Но, тешко е да се суди врз основа на финансиските стеги со кои се соочуваме и нашите моментални обврски. Би сакал да видам повеќе Јамајканци како волонтираат во нивните заедници за зелени проекти; треба да се направи и поголем напор за да ги научиме нашите деца за животната средина, „зелени“ решенија за секојдневни прашања и влијанието на нашиот моментален начин на живот врз животната средина.

ГВ: Според Вас, дали Јамајканците општо стануваат посвесни за животната средина и за влијанието на климатските промени?

JE: Yes we are, as we have in recent times felt its impact in our homes. I am specifically talking about the drought of 2015, which left many households without running water, made us think more about our food security and helped improve the conditions for certain virus-carrying mosquitos to breed.

ЈЕ: Да, посвесни сме, бидејќи го имаме почуствувано влијанието директно врз нас. Збоувам конкретно за сушата во 2015 која остави многу домаќинства без вода, и нѐ натера да помислиме повеќе на безбедноста на храната и ни помогна да ги подобриме условите за размножување на одредени видови комарци кои пренесуваат вируси.

Без разлика дали е пронаоѓач, бизнисмен или и двете, Јован Еванс е дефинитивно пример за креативност и иновација кои ѝ се очајно потребни на јамајканската „зелена економија“ за да се движи напред.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.