Ова не е првоаприлска шега ниту вирална Интернет зафрканција. На 30 март 2016 година, филипинската Национална Академија за Наука и Технологија (НАНТ) објави фотографија на Фејсбук, направена во 1954 година, од филипинскиот инженер Грегорио И. Зара кој го демонстрира својот најнов пронајдок: двонасочен телевизор телефон, или видеофон, патентиран како „фото фон мрежа за разделување сигнал“.
Оваа објава брзо стана популарна, посебно меѓу филипинските Интернет корисници, на кои им беше мило кога дознаа дека Филипинец открил видеофон уште во 50-те години на минатиот век. Еве го целиот опис на фотографијата на Фејсбук:
Before there was Skype and Facetime, a Filipino scientist invented a television-telephone. Aha!
National Scientist Gregorio Y. Zara, a physicist, invented a device that makes it possible for two persons to see each other on a television while talking on the telephone as early as 1954.
Филипнски научник открил телевизор – телефон пред Скајп и Фејстајм. Аха!
Националниот Научник Грегорио И. Зара, физичар, откри направа која им овозможува на двајца да се гледаат преку телевизор додека зборуваат на телефон уште во 1954.
НАНТ е советодавно тело во филипинската влада кое се занимава со наука и технологија. Една од задачите е да оддаде признание на исклучителните достигнувања на Филипинците во полето на науката и технологијата.
Покрај видеофонот, Зара има 30 патенти зад неговото име, вклучувајќи ја и направата на соларна енергија, машина за сечење со пропелер и авионски мотор кој користел чист алкохол како гориво.
Повеќето од реакциите на друштвените медиуми беа со пофални зборови за пионерското достигнување на Зара. Многу студенти го познаваат Зара како важен филипински научник, но само малку од нив се сеќаваат дека еден од неговите пронајдоци е ран прототип на гаџет познат како видеофон.
Други корисници на друштвените медиуми ја окарактеризираа ситуацијата како доказ дека претходните владејачки гарнитури во земјата не ја поддржале работата на научници и визионери како Зара.
Нема јасно објаснување зошто видеофонот на Зара не стигнал до комерцијалниот пазар, но во еден коментар е забележано дека емитувањето преку оваа машина е исто како гледање телевизија во живо. Што значи, било „скапо и непрактично“.
Зара почина во 1978, но неговото наследство продолжува да живее секојпат кога Филипинец кој работи во странство се гледа со својата фамилија на Филипините користејќи Интернет видеофон.