Видео: Традиции и ритуали за крајот на годината

Огномети од ТормелНиз целиот свет, луѓето го прославуваат пристигањето на Новата година со посебни традиции. Вечерва, преку видео ќе ви покажеме некои од традициите и ритуалите кои луѓето ги следат за да ја подобрат нивната среќа, богатството или други детали во нивните животи за годината што доаѓа.

Во Мексико, некои луѓе палат свеќи, темјан и се „бањат“ со билки за да им донесе среќа и богатство во годината што доаѓа. Во следново видео, трговци зборуваат за најпродаваните новогодишни предмети како што е мешавина од 7 билки, новогодишниот пакет со свеќа, темјан, молитва и света вода и потоа спомна за тоа дека продажбата била бавна годинава. Можеби вечерва ќе запалат неколку свеќи за среќа.

Најчесто традиционални се посебни јадења:по потекло од Сандаски Охајо, некои луѓе ќе учествуваат во германската традиција со переци на новогодишната вечер. Еве го рецептот преку видео:

Во Шпанија постои традиција на јадење на 12 зрна грозје, едно за секоја секунда од полноќ. Во ова видео ќе можете да видите како фамилија собрана на маса, со 12 зрна грозје поставени на ражен, се обидува да ја открие најдобрата техника за остварување на задачата на јадење на едно зрно во секунда:

Оваа следна фамилија има незначително поразлична техника, ги поставуваат пред нив и го наместуваат емитувањето на радио на 12 отчукувања пред полноќ.

Ова видео од Перу ја покажува латино американската традиција на трчање по улицата со куфер за да си обезбедат Нова година со многу патувања:

Во Молдавија, Романија имаат традиција на сламена мечка, танц кој го покажува раѓањето и оживувањето на сезоните:

Joy of Ritual постави на својот влог некои од нејзините омилени традиции за Нова година од цел свет :

Кои се традициите во Вашиот дел од светот? Ја прославивте ли Нова година на посебен начин? Ве молиме слободно да ги споделите овие информации преку коментари!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.