Јужна Африка: Мислењата на блогерите за Викиликс

Како поголемиот дел од светот овие денови, секој беше погоден од откритијата содржани во Викилкс кејбл. Јужна Африка не е исклучок. Еве ги мислењата на блогерите од Јужна Африка за Викиликс.

Ons fade nie, ons fokof“ го содржи ставот на Рајт2Ноу кампањата во врска со оваа тема:

Протекувањето на тајна дипломатска кореспонденција од страна на Викиликс служи како предупредување за сите оние што сакаат да сокријат информации од јавноста. Како што Јужноафриканскиот Парламент планира да го предложи драконскиот Предлог- закон за заштита на информации (ПОИБ), тој треба да запре и да ја земе во предвид лекцијата научена од Викиликс: Технолошкиот развој со демократски импулс засекогаш ја ослабеа можноста на државите да чуваат тајни како што тоа го правеле во минатото.

Чувањето на тајни претставува вреден бизнис кој бара зголемени човечки и финансиски ресурси. ПОИБ би имал значајни финансиски импликации во сите сфери на владата кои сегашниот Закон не ги регулира.

Како што кампањата Рајт2Ноу се бори во битката против Предлог- законот за тајност кој би го сокрил нашето општество во темнина, ние земаме во предвид една друга лекција од Викиликс: Владите кои се ставаат себеси во една тешка ситуација на тајност можат многу бргу да станат непријатели на својот народ. Нема сомнение дека објавувањето на поголемиот дел од информациите на Викиликс е од интерес на народот- дури и ако не е во интерес на владите. Поради ова ние продолжуваме да бараме обемот и дефинициите на Предлог- законот за тајност на Јужна Африка да мора да бидат намалени.

Блогот Тајм лајв го поставува прашањето на чии интереси им служи Викиликс навистина…:

Дали овие информации им служат на интересите на Американскиот народ? Не знам, но за мене поважно прашање, бидејќи јас не сум американец, е „дали му служи на некој друг“?

И тоа сметам дека ќе биде една од најголемите дебати за слободата на медиумите во следниот век- сега кога се наоѓаме во свет кој е навистина интернационален, во кој една вест може да биде прочитана насекаде во светот- на кого мислиме поточно кога велиме „во интерес на јавноста“?.

Како новинари, чии интереси треба да ги земеме во предвид?

ВЕб Адикт(с) укажува на најдобриот начин на пребарување на Викиликс документите:

250 000 нови Кејблгејт документи во САД. Овие документи содржат врвни тајни информации од целиот свет и се интересни за читање, но најголемиот проблем кој го има Викиликс е тоа што е невозможно да се пребарува големата база на податоци на начин на кој тие го претставиле на нивниот веб сајт.
Leaksearch.co.cc или http://locallist.co.za/leaks е веб сајт гој нуди решение. Тој овозможува пребарување на документите брзо и лесно. Тоа е толку едноставна алатка, но сигурно ќе го направи животот на новинарите многу полесен. Одлично е и ако сте само љубопитни за различни теми. Пробајте.

Африка е држава покрива два интересни коментари на два блога, еден кој го подржува Викиликс и другиот што не го подржува толку многу.

Библиски Патеки и ГалоЗона ги покриваат вестите од платформата „ОпенЛикс“ која ќе биде лансирана наскоро на www.openleaks.org.

2ОушнВајб пишува за за тоа како Џулијан Асанж победува на годинешниот избор за Личност на годината како и за некои многу смешни реклами до кои дошол женски бренд за хигиена користејќи го Викиликс:

Човекот зад Викиликс доби најмногу гласови на годинешниот избор за Личност на годината. Читателите гласаа вкупно 1,249,425 пати и фаворитот беше јасен. Џулијан Асанж доби 382,020 гласа со што дојде лесно до првото место. Тој беше за 148,383 гласа над второ рангираниот, Реџеп Тајип Ергодан, премиер на Турција.

Една друга реклама од истата компанија беше покриен од страна на ОФМ Блог.

За крај, една забелешка, повеќе во духот на времето, во која Мемебурн зборува како 2010 година е „година на Викиликс“, во нивниот пост „Викиликс овозможува „Непстер момент“ во еволуцијата на веб“.

Ако 1999 година, во историјата на интернетот, беше Годината на Непстер, тогаш 2010 ќе оди надоле како Година на Викиликс.
Непстер, одметникот од сервисите за споделување на фајлови, ја доведе до колапс музичката индустрија и авторското право на начин кој се чувствува и декада подоцна, додека Викиликс, за добро или лошо, е многу веројатно да има сличен ефект врз владините тајни и транспарентност.
За сега, Викликс има влади, институции и индивидуалци насекаде во светот кои бараат одговор на тешки прашања кои ја опкружуваат политиката на САД, слободата на говор, слободата на интернет, приватност, тајност, транспарентност и моќта – и заканите- од веб.
Викиликс изјавуваше дека обелоденувањето на стотици илјади тајни документи на САД за војните во Авганистан и Ирак и внатрешните работења на дипломатијата на САД ги изложува злоупотребите кои ги вршела војската на САД на борбените полиња и „контрадикторностите помеѓу јавната личност на САД и што вели таа зад затворени врати.“
Неговите зломисленици го прикажуваат обелоденувањето на документите како криминал направен од незадоволен американски војник и самопрогласен објавувач на вистина мислејќи на основачот на Викилик, Џулијан Асанж.

Препорачувам да го прочитате целиот пост на нивниот веб сајт кој содржи и коментари од медиумите, научниците од електронската медиумска сфера и блогери.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.