Ова се случи во близина на градот Бразилиа, во Бразил.
Бездомник беше транспортиран во амбулантно возило откако претрпел удар. Одненадеж, болничарите забележаа нешто невообичаено: кучето на човекот очајно се трудеше да држи чекор со возилото. Тоа продолжи да трча неколку километри по што конечно му беше дозволено да влезе во возилото и да биде со неговиот сопственик.
Ова се случи во март годинава, но дури сега стана вирално на Божиќната вечер. Како што Дејли Мејл Онлајн објавија, 42 годишниот болничар Калиомар Фереира до Коуто ја снимил случката и вели дека ова првпат го доживеал, по 19 години работа во оваа професија. Во болницата, верното куче стрпливо чекаше до носилката додека за неговиот сопственик се погрижија докторите.
Cachorro persegue ambulância em Taguatinga: http://t.co/oEmwWGttFn via @YouTube
— Норманд Боудин (@tourloo) 24ти декември, 2014
Куче трча по амбулантно возило во Тагуатинга.