Малечка библиотека која прави голема разлика во Гренада

West Indian Stories. Photo by Flickr user coconinoco. CC BY-NC-ND 2.0

Приказни од Западна Индија. Фотографија на Фликер корисникот кокониноко. CC BY-NC-ND 2.0

Постои библиотека во Гренада која е далеку од вообичаена. Основана од писател, црковна група и грасрут колектив за социјална акција наречен Граундејш Гренада, планината Сион е како малечката библиотека која би можела — да промовира култура на волонтерство која не е вообичаена на Карибите и поттикнувајќи ја младината не само да се инволвира, туку и да научи да го сака читањето.

Фокусот на проектот на младите е особено релевантен следејќи го извештајот од 2009 на Развојната програма на Обединетите Нации за Човечки развој во која е забележано дека Гренада има највисока стапка на сиромаштија помеѓу Карипските земји од англиско говорно подрачје. Младите се најлошо погодени, бидејќи економската ситуација има ефект врз нивното образование и евентуално вработување. Процентот на невработеност во државата моментално изнесува околу 40%.

Планината Сион, сепак, се обидува да ги направи библиотекарските услуги одржлива можност за кариера, и бонусот е цела една нова генерација која страсно чита.

Граундејшн Гренада споделува еден таков пример: 20 годишната Алесиа Ерд, музичарка и артистка која воопшто не изгледа како конвенционална библиотекарка. Таа ја слуша свесната реге музика на јамајканската реге икона Питер Тош, и повеќе изгледа како Лорен Хил отколку Ненси Прл. Сепак, таа го поминува поголемиот дел од своето слободно време волонтирајќи во планината Сион и стана обожавател на западно-индиската литература и дела од научната фантастика.

Граундејшн објаснува:

Алесиа не беше читател од секогаш. Всушност таа се сеќава дека читањето го чувствувала како казна; нешто што била присилена да го прави. Таа го опишува нејзиното искуство во училиште како аналогно на учење на риба да се качува на дрво, бидејќи образовниот систем не успева да ги препознае и спроведе различните стилови и темпо на учење.

Како тогаш некој што не чита се нафатил да волонтира во библиотека? Малку по малку, се чини. Пријател и побарал помош со сортирање на книги. Таа прифатила, и била понесена од „позитивната енергија“ на инволвираните и вели дека причината поради која останала се „насмевките на луѓе кои не читале кога ќе наидат на книга што ја сакале“.

Ерд е убедена дека планината Сион е посебна, не само поради страста на волонтерите, туку и поради „локацијата [во центарот на Сент Џорџ] и потеклото кои и го даваат на библиотеката невообичаеното чувство и  уникатни карактеристики“.

Популарноста на планината Сион продолжува да расте — како што велат дури и по два нови члена секој ден — особено помеѓу младата популација, кои ја сметаат за простор каде имаат поддршка и место каде можат да разменуваат идеи и да бидат автентични.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.