Кампањата на Кина против Божиќ го отежнува славењето на празникот

На таблите пишува: „Делувајте и не прифаќајте го фестивалот на Западот“ и „Промовирајте ја традиционалната култура, не прифаќајте го фестивалот на Западот“. Слики од „Веибо“.

Божиќ се ближи, но наместо да бидат радосни, многумина од Кина се фрустрирани од идеолошката кампања на Кина против Божиќ како фестивал на Западот.

Во 2017 година, централниот комитет на Комунистичката партија на Кина и државниот совет издадоа документ со наслов „Предлози за спроведување проекти за промовирање и развивање на традиционалната кинеска културна возвишеност“. Тие дадоа краток преглед на проект за културно оживување кој ги набројува кинеските фестивали како Лунарната Нова година и Фестивалот на фенерите, меѓу другите, како културни собири кои се вредни за прославување.

За да ја спроведат оваа политика, кинеските власти започнаа низа идеолошки кампањи против некинеските прослави. Годинава, баш пред Божиќ, властите во некои градови како Лангфанг, во провинцијата Хебеи, побараа од продавниците да ги отстранат божиќните декорации од улиците и излозите.

Коментарите против фестивалите на Западот ги преплавија друштвените медиуми во Кина и го отежнаа славењето за оние кои мислат дека мора да ја чуваат својата радост во тајност.

Screen capture of news feed on anti-western festival commentaries on Weibo.

Корисникот на „Веибо“, Лонг Жигао, фати кадар од екранот од својата почетна страница на „Вичат“ за да ги открие аспектите на дебатата. Насловите се следниве: 1. Фестивалот на Западот се ближи. Да се слави или не, тоа е прашањето сега. 2. Кинез сум и не ги славам фестивалите на Западот. 3. Кажи не за славењето фестивали на Западот во училишниот кампус. 4. Партијата-држава ги забрани фестивалите на Западот. Славењето фестивали сега е политичко прашање.

Покрај Божиќ, на списокот на фестивали на Западот се, меѓу другото, и Денот на заљубените, Велигден и Ноќта на вештерките. Фестивалите на Западот во поголемиот број коментари се оценети како „ културна инвазија“ или „национално омаловажување“.

На пример, во еден распространет коментар се вели:

如果一个民族的群体热衷于另一个民族的节日,这说明文化入侵已是极其严重了。党员干部如果认识不到这点,那就是丧失政治敏锐性,也失去了先进性。

Ако луѓето на една нација се премногу ентузијастички расположени да слават фестивали на други нации тогаш тоа кажува дека земјата страда од екстремно сериозна културна инвазија. Ако членовите на партијата и функционерите во владата не се свесни за ова тоа значи дека тие не се политички чувствителни и ја изгубиле својата прогресивност.

Коментарите се однесуваат на Алијансата на осум нации, коалиција формирана како одговор на Боксерското востание во Кина помеѓу 1899 и 1901 кога кинеските селани се кренале против странското, колонијално, христијанско владеење и култура. Понатаму се вели дека роденденот на основачот на Народна Република Кина, Мао Зедонг, треба да се слави како Божиќ на Кина:

中国人民共和国第一任主席毛泽东,是他拯救人民与水火之中,我们应该将他的诞辰定为中国的圣诞节,拒绝洋节,从自己做起!

Првиот претседавач со Народна Република Кина, Мао Зедонг, ги спаси луѓето од пропаст. Неговиот роденден треба да биде кинески Божиќ. Делувајте и не прифаќајте ги фестивалите на Западот.

За многумина на „Веибо“ овие аргументи се нелогични:

洋人过春节,中国人自豪,叫传统文化振兴……
中国人过个洋节,怎么又叫外来文化入侵了呢?
年轻过个洋节,只是图个热闹,又拉动消费,哪里不好?
有些人,把过个圣诞节和160年前的民族耻辱又扯上了,何必呢? ​

Кога западњаците ја слават кинеската Лунарна Нова година, Кинезите тогаш се многу горди и го гледаат феноменот на оживување на кинеската традиционална култура… Кога Кинезите слават фестивали на Западот, која е поентата да се обележуваат како културна инвазија? Младите ги слават фестивалите на Западот за забава и радост. Фестивалите може да ја зголемат потрошувачката, што е тука проблемот? Некои се обидуваат да ги поврзат славењето Божик со националното омаловажување од пред 160 години. За што?

Општествен притисок, самоцензура

Поплавата од коментари против Божиќ на друштвените медиуми ги натера некои од корисниците да се самоцензурираат. Еден корисник на „Веибо“ ја искажа својата фрустрираност:

快圣诞了,朋友圈里的洋节反对派和反反对派又开始刚上了。爱过过不爱过拉倒呗,没必要非逼着别人认同自己的看法,所有人都站一边不挤啊?真要都站一边了,本来站在中间的我们为了保持平衡就只能站到另一边去了。

Божиќ се ближи. Во мојот круг на пријатели има два табори – антизападни фестивали и антиантизападни фестивали. Никој не треба да води сметка дали некој сака да слави или не, зошто тогаш луѓето ги принудуваат другите да се согласат со нивниот став? Преголема гужва е кога сите се на една страна. За да се создаде рамнотежа, ние што сме во средината треба да застанеме на другата страна.

School notice against the celebration of Western festivals on campus.

Притисокот се прошири вон рамките на друштвените медиуми и стигна до институциите како што се училиштата и корпорациите.

Некои корисници на „Веибо“ споделија училишни известувања кои беа дадени на учениците. Едно од известувањата (десно) се однесува на мандатот на „Предлозите“ и ги повикува наставниците и учениците да се воздржат од прослави во западен стил.

Во известувањето исто така се бара од учениците да шират антизападни пораки низ пријателите и семејството преку „Вичат“ и други апликации за праќање пораки.

Една мајка беше изненадена кога откри дека нејзиното дете го одби подарокот за Божиќ. Таа напиша:

?:宝宝,你想要什么?圣诞礼物?
?:我不过洋节,因为圣诞节不是我们中国人自己的节日!

好吧,
果然是党和人民的好宝宝

Мајката: Злато, што сакаш за подарок за Божиќ?
Детето: Нема да славам фестивали на Западот, Божиќ не е фестивал на Кинезите.
Во ред, ти дефинитивно си послушно златце на Партијата и Народот.

Сепак, средношколците и студентите размислуваат покритички. Еден студент ја стави политиката на училиштата под знак прашалник:

学校范围内不让出现一切和Christmas有关的东西,不能互赠礼物,不能有装饰物,不让过所谓的“洋节”,这到底是要弘扬传统文化,还是对自己文化的一种不自信

Училиштето ги забрани божиќните декорации во кампусот и им забрани на студентите да разменуваат подароци како дел од кампањата против фестивалите на Западот. Дали сите овие мерки се донесени за да ја подобрат и промовираат кинеската култура или се знак на губење доверба во сопствената култура?

Некои, пак, се одлучија да прослават во тајност. Еден корисник на „Веибо“ изјави:

公司不让过“洋节”,人事小姐姐提前偷偷给发的平安果。预祝平平安安。

Фирмата забрани да се слават фестивалите на Западот. Но секретарот од кадрово тајно подели божиќно јаболко [чест подарок за Божиќ] на вработените. Да си посакаме мир.

Друг корисник на „Веибо“, пак, го искажа својот став преку божиќна желба:

圣诞快乐!上帝我爱你!请圣诞老人给我一只大大的袜子,里面装着自由。

Среќен Божиќ! Те сакам Боже! Дедо Мраз, те молам подари ми ептен голем чорап со слобода во него.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.