· јули, 2010

Написи за Технологија од јули, 2010

Палестина: Работилници ги инспирираа блогерите во Газа и на Западниот брег

Неодамна, директорот на Програмата за поддршка на Глобал Воисес, Сами Бен Гарбиа, реализира серија на работилници за блогирање во Газа и Западниот Брег. Работилниците беа организирани од Arabic Media Internet Network (AMIN), чија цел е зголемување на бројот на блогери во палестинското општество.

21 јули 2010

Русија: Нови детали за националниот интернет пребарувач

Рунет Ехо

Русија ќе развие свој национален пребарувач, пишува Gazeta.ru [руски]. И покрај  скорешните негирања [руски] на ваквите планови од страна на министерот Игор Шеголев, новинарите издадоа слајдови од затворено прикажување на...

16 јули 2010

Нигерија: Кој го предомисли претседателот – Фејсбук или ФИФА?

По добивањето на стотици коментари на неговата Фејсбук страница, претседателот на Нигерија ја повлече својата контроверзна суспензија на националниот фудбалски тим на земјата. Но, дали тоа што тој се предомисли навистина е одговор на бројните фрустрации на граѓаните искажани на Фејсбук? Или, поради притисокот од моќното меѓународно тело за раководење со фудбалот?

12 јули 2010

Либан: Тројца уапсени за постовите на Фејсбук

Либанците Naim George Hanna, 27 години, Antoine Youssef Ramya, 29 години и Shebel Rajeh Qassab, 27 години, беа уапсени за постирање на Фејсбук статуси против либанскиот Претседател Michel Suleiman. Либанската он-лајн заедница е навредена заради нападот на нивниот кибер-простор; еве некои од нивните реакции.

9 јули 2010

Русија: Анализа на хакерските напади врз блогерите

Рунет Ехо

Во изминативе пет години повеќе од 40 руски блогери станале цел на хакерски напади, повеќето од нив извршени од група на хакери наречени The Brigade of Hell. Хакерски мети се...

6 јули 2010