· март, 2008

Написи за Политика од март, 2008

Сирија: Молк за „Поголемиот Холокауст“

На 29 Февруари, израелскиот заменик-министер за одбрана Матан Вилнаи предупреди на „поголем Холокауст“ на Палестинците. Сирискиот блогер Ајман, од блогот Дамасцин, прави споредба на молкот на светот за овој коментар и на метежот кој се создаде околу наводниот повик за „бришење на Израел од мапата“ од страна на иранскиот претседател...

Палестина: „Се плашам од “Тааакх” и се тресам кога ќе видам“

На промоција на еден од документарците од Ал Џезера, за израелската окупација на Палестина, младо девојче од Палестина го објаснува својот живот. Со нејзините мали зборови, таа ги заплени срцата на скоро сите што го гледаат видеото… и сепак нејзините зборови не велат ништо за моите чувства кога ќе ја...

Судан: Дефиниција за блогерите и отворено писмо до претседателот

Бидејќи ова е уште еден преглед на суданските блогови, најсоодветно е да наведеме дефиниција за тоа што претставува блогерот, искажано преку слика Дефиницијата за блогер…или поконкретно, политички блогер, особено во нашиот супер демократски дел од светот: Кога веќе зборуваме за блогирањето, Суданскиот повратник конечно му се врати на пишувањето блогови...

Video HUB: Заштита на правата на жените – активисти во светот

Бета верзијата на The HUB од веб-сајтот Witness нуди три видеозаписи снимени на настанот „Човекови права за жените; Човекови права за сите“, на кој три решителни жени кои ги бранат правата на останатите жени говорат за Меѓународната кампања за заштитници на човековите права на жените. Од веб-сајтот на кампањата: Меѓународната...

Ерменија: Против интернет цензура

Со оглед на тоа дека разни медиумски сајтови, како и ЈуТјуб се блокирани во Ерменија, откако минатата недела се прогласи вонредна состојба во земјата, Монитор на иборите во Ерменија 2008 вели дека првиот интернационален ден на слободно онлајн изразување, кој ќе се одржи на 12 март, е токму на време.

Ерменија: Самиздат & интернет

По 20-дневната вонредна состојба која беше прогласена во Ерменија кога избија судирите помеѓу безбедносните служби и приврзаниците на поранешниот претседател, Левон Тер-Петросијан на улиците на главниот град по оспорените претседателски избори на 19 февруари, пристапот до медиумите беше во голем степен ограничен. Според претседателскиот декрет, локалните медиуми сега може да...