Судан: Дефиниција за блогерите и отворено писмо до претседателот

Бидејќи ова е уште еден преглед на суданските блогови, најсоодветно е да наведеме дефиниција за тоа што претставува блогерот, искажано преку слика

Дефиницијата за блогер…или поконкретно, политички блогер, особено во нашиот супер демократски дел од светот:

Кога веќе зборуваме за блогирањето, Суданскиот повратник конечно му се врати на пишувањето блогови по тримесечното отсуство. Тој зборува за интересното искуство што го имал со „убивањето“ на позитивните идеи:

…Бев вчудовиден кога ја слушнав целата таа негативност! Можеби новиот повратник беше дури и повеќе шокиран од мене. Потоа не кажа ништо. Останатите само продолжија да ги наведуваат сите оние класични оправдувања, притоа уништувајќи ги новите позитивни идеи на повратникот.

Седејќи во еден бар неколку часа подоцна, пиејќи ладно Хајнекен, разговарав со друг постар повратник и се уверив дека до неодамна јас сум бил ист како новиот повратник. Во Џуба, или воопшто во Судан, гледаме работи за кои знаеме дека можат да се подобрат. Најчесто знаете како да ја подобрите ситуацијата бидејќи веќе сте ја виделе на друго место. Би посакале да му помогнете на секој просјак што ќе го видите на улица, да го прашате секое дете на улица зошто не оди на училиште, да го превезете до болница секој болен човек што се влече дотаму, да и купите лекови на мајката која тоа не може да си го дозволи итн. Животот може да биде толку комплициран.

Во Џуба, некои луѓе би помислиле дека сте луди ако споделувате позитивни идеи. Треба да се сретнам и да разговарам со новиот повратник и да размениме мислења. Ќе сторам се што можам за да и помогнам на оваа сестра, но исто така заклучив дека има такви кои што сакат да им се помогне, но има и такви кои се откажале.

Суданскиот повратник исто така ги сподели неговите мислења за Џуба како и Дрима, Суданскиот мислител кој го изрази мислењето за повиците на претседателот на Судан да бојкотира се што е данско како одговор на објавувањето на цртежите со Мухамед.

На Амџад, Суданец кој студира во Тексас, му се чинеше забавно тоа што му се јави Барак Обама повикувајќи го да гласа иако не е граѓанин на САД.

Не верував дека еден ден навистина ќе пишувам блогови за американските претседателски избори, се до последниот четврток кога ми се јави Барак Обама. По тој повик, почнав да ги следам неговите говори на неговиот канал на ЈуТјуб, а видеозаписот погоре е од неговиот говор за прелиминарните избори во Тексас, овде во Сан Антонио, Тексас. Едноставно почнав да му се восхитувам.

Слушнав дека тој требало да дојде во мојот град, но поради некоја причина не бил во можност. Претпоставувам дека единствените градови во Тексас во кои тој беше неодамна се Хјустон, Сан Антонио, Бомонт и Далас (не сум сигурен за последниве). Пред неколку недели и Бил Клинтон беше тука. Ако Барак Обама дојде овде навистина би сакал да се сликам со него.

Во меѓувреме Кизи одвои време да напише отворено писмо до претседателот на Судан, Омар Хасан ал-Башир:

Почитуван претседателе,

Навистина не можам повеќе да ја толерирам вашата влада. Таа претставува криминален режим во секој поглед. Последните 19 години, измачувавте, убивавте, ограбувавте, трауматизиравте и не успеавте да ја стабилизирате земјата.

Не ви веруваме г. претседателе. Премногу пати не разочаравте. Прекршивте премногу мировни договори.

Веќе не се чувствувам безбедно во мојата земја.

Милиони живеат како бегалци во својата сопствена земја.

Ако се пожалиме, не судите.

Молчевме 19 години.

Сега е време да зборуваме, време е вие и светот да ги слушнете нашите гласови.

… Не ни се допаѓаат вашите насилни методи. Сетете се што направивте во планините Нуба, сетете се на светата војна во Југот, сетете се на Дарфур, сетете се на напуштените куќи во Картум, сетете се на војниците што беа закопани живи во деведесеттите, тие не планираа државен удар, сетете се на мајките кои се жалеа поради тоа што нивните 15 –годишни синови беа принудувани да се борат во војна во која не веруваа.

Војна која не ја разбиравме.

Го добивте својот дел од колачот, ја излижавте и скршивте чинијата… сега задржете си ја искршената чинија, затоа што ние купуваме нова.

Џа Гајд, познат и како рас баби бабикер, како и претходно, објави кратка политичка поема за режимот во Судан:

Крв на нивните раце
За Дарфур
Крв на нивните раце и пари во нивните џебови
Ја продаваат нашата иднина
Знакот на ѓаволот е во нивните раце
Ова е мојата црна листа
Браќа и сестри
Гласајте за неа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.