Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сирија: Молк за „Поголемиот Холокауст“

На 29 Февруари, израелскиот заменик-министер за одбрана Матан Вилнаи предупреди на „поголем Холокауст“ на Палестинците. Сирискиот блогер Ајман, од блогот Дамасцин, прави споредба на молкот на светот за овој коментар и на метежот кој се создаде околу наводниот повик за „бришење на Израел од мапата“ од страна на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Ајман (Ar) објаснува:

Светот стои и не седи кога Ахмадинеџад зборува за бришење на Израел од мапата. Сите раководители на држави, весници, магазини, па дури и главниот на Обединетите Нации го коментираа овој настан, а иранските амбасадори од сите земји беа повикани на протест. Меѓутоа, кога официјален претставник од израелскиот парламент се закани на нов Холокауст во Газа, темата беше игнорирана како да е не е важна.
Влада која тврди дека ги претставува луѓето кои ја преживееја агонијата на Холокаустот, сега и се заканува на друга нација за „поголем Холокауст“ – како што беше најавено од израелскиот министер. Покрај тоа, ова е тема која не предизвика осуда, или било каква реакција, дури и кога Израел се подготвува да ги имплементира своите закани.
Палестинците се изложени на етничко чистење и воени криминални злосторства, почнувајќи со масакрите и со групните прогонства во 1948. Работите на кои тие се изложени денес во однос на затворање на границите, санкции и убивање на цивили, е без сомневање слично на односот кон Евреите во Втората Светска Војна. Стана вообичаено за секој кој ја потпомага оваа споредба да биде познат како анти-семит (анти-евреин).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.