· јуни, 2011

Написи за Дигитален активизам од јуни, 2011

Македонија: Интернет-заедницата спречи прикривање убиство

Како што беше најавено, протестите против бруталното убиство на млад човек кое се случило неделата ноќта продолжија на 7 јуни, 2011 г.  во Скопје, Македонија. Протестите беа ненасилни и учесниците беа проактивни во саморегулација на било какви испади што може да се сфатат како провокација кон полицијата, меѓу другото и...

Македонија: Протестите против полициска бруталност ќе продолжат

Внукот објави мултимедијален извештај за протестите кои се одржаа вечерта на 6 јуни, предизвикани од мистериозната смрт на млад човек наречен Даниел. Нетпрес исто така објави еден видео клип. Паблишер постави прашање зошто сензационалистичките провладини медиуми, заедно со опозициските партии, ги игнорираа овие настани, а Барабас прашуваше дали се работи за...

Македонија: Наводно убиство на млад човек предизвика протести

Маса млади луѓе се собра во Скопје во текот на ноќта на 6 јуни да протестира поради смртта на млад човек кој наводно бил претепан до смрт на маргините на прославата на изборната победа на владеачката политичка партија.

Македонија: Интернет-водич за парламентарните избори

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржуваат на 5 јуни 2011. Водечките кандидати за позицијата премиер се тековниот премиер Никола Груевски од десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ и Радмила Шеќеринска од социајл-демократскиот СДСМ. Груевски ја држи врвната извршна функција од 2006 година. Најпопуларните хаштагови на Твитер на Македонски изгледа дека се...

Македонија: Собирањето на јавен простор е забрането?

Внукот информира дека Министерството за култура им забрани на протестантите да се собираат на малиот плоштад, позади меморијалната куќа на Мајка Тереза, прекршувајќи го нивното право за слободен собир, наведен во член 21 од Уставот на Република Македонија.

Грција: Документарецот „Долгократија“ достапен на англиски

  2 јуни 2011

„Долгократија“ (анг. Debtocracy), документарен филм на Катерина Китиди и Арис Хаџистефану за причините и можните решенија на грчката должничка криза, од 6 мај може да се гледа со англиски превод. Филмот, кој до тогаш наводно имал над 1 милион гледања, е дистрибуиран под лиценцата Криејтив комонс наведи извор-сподели под исти...