· јули, 2010

Написи за Дигитален активизам од јули, 2010

Палестина: Работилници ги инспирираа блогерите во Газа и на Западниот брег

Неодамна, директорот на Програмата за поддршка на Глобал Воисес, Сами Бен Гарбиа, реализира серија на работилници за блогирање во Газа и Западниот Брег. Работилниците беа организирани од Arabic Media Internet Network (AMIN), чија цел е зголемување на бројот на блогери во палестинското општество.

Свет: Заштита на човековите права во граѓанските видео филмови

  10 јули 2010

Снимањето на видео за заштита на човековите права може да биде неуспешно и да се претвори во закана за оние кои учествуваат во него. Блогот WITNESS' The Hub споделува со нас како можеме да снимиме видео за човековите права кое ќе го претстави она што треба, со минимален ризик за оние кои се вклучени во неговото снимање.

Костарика: Конгресот го одобрува присуството на армијата на САД за да се бори против трговијата со дрога

Владата на Костарика го одобри доаѓањето на северно-американската флота на своите брегови, по спогодбата за дејствување против тргувањето со дрога. Костариканците се насочија кон блогирање и кон социјалните мрежи за да го искажат своето мислење за ова прашање; засега, се чини дека повеќето корисници ја одбиваат оваа мерка, но оние што позитивни, се обидуваат и новниот глас да биде слушнат.

Либан: Тројца уапсени за постовите на Фејсбук

Либанците Naim George Hanna, 27 години, Antoine Youssef Ramya, 29 години и Shebel Rajeh Qassab, 27 години, беа уапсени за постирање на Фејсбук статуси против либанскиот Претседател Michel Suleiman. Либанската он-лајн заедница е навредена заради нападот на нивниот кибер-простор; еве некои од нивните реакции.