Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Македонија: Интернет-заедницата спречи прикривање убиство

Како што беше најавено, протестите против бруталното убиство на млад човек кое се случило неделата ноќта продолжија на 7 јуни, 2011 г.  во Скопје, Македонија. Протестите беа ненасилни и учесниците беа проактивни во саморегулација на било какви испади што може да се сфатат како провокација кон полицијата, меѓу другото и извици од „вметнати“ групи навивачи.

Полицијата најави дека ги набљудуваат социјалните мрежи и следат кој создава нереди.

Корисникот на Твитер Коприва напиша:

Пак ќе кажам: „Ние не сме против полицијата… ние сме против полициската бруталност“ – Ал Шарптон

Виктор Арсовски го обезбеди следниот сеопфатен извештај:

Благодарение на виралното информирање на македонските друштвени мрежи се откри дека 22-годишниот Мартин Нешковски е претепан до смрт од припадник на специјални сили на полицијата во неделата вечер. Гневните граѓани со помош на мрежите организираа протести против полициската бруталност.

Protesters walking at the Parliament and the construction site for the Arc of Triumph in Skopje. Photo: Viktor Arsovski/IT.com.mk

Учесниците на протестот маршираат меѓу Собранието и градилиштетот за Триумфална капија во Скопје. Фото: Виктор Арсовски/IT.com.mk

Твитерџијата Велков напиша:

По неуспешниот обид да се прикрие убиството сега се следи цела online зедница, нашите институции ја осетија силата на интернетот #martin

Започна како мистериозно наоѓање на мртво тело во неделата навечер, веднаш по изборите. MВР и CВР излегоа со контрадикторни изјави, првин немаше пријавен случај, но сепак имаше мртво тело на плоштадот „Македонија“. Освен анонимен сведок не се знаеше кој е мртвиот дечко. СВР тогаш рече дека нема траги од насилство, за подоцна обдукцијата да потврди дека мртвото момче било тепано, му бил скршен носот, а на левата страна од телото имал белези од удари.Кој е тој и зошто е претепан од полицијата, кој и ја дава таа слобода на полицијата да посегне по живот?, ечеа инатливите друштвените мрежи одбивајќи да прифатат заташкување на случајот, барајќи одговори и повикувајќи на протести против полициско насилство, едни во понеделник вечерта кога се дозна веста, и втори во вторникот попладни блокирајќи ги скопските улици.

Конечно, дури два дена подоцна од кога се случи убиството, се дозна вистината. МВР излезе со официјален став дека 22-годишниот Мартин Нешковски е претепан до смрт од припадник на единицата за специјални задачи „Тигри“. МВР вели дека закасниле со ова бидејќи сакале да го идентификуваат првин Мартин и дека обдукцијата задоцнило.

Protests in Skopje following the death of 22-year-old Martin (Daniel) from Dejan Velkoski on Vimeo.

http://www.youtube.com/watch?v=7w32OXcYXQo&feature=player_embedded

Виралната моќ на мрежите

Македонија има над 850.000 корисници на Facebook, има и многу помалку бројна, но повлијателна Twitter заедница, што говори дека друштвените мрежи се сериозен фактор за споделување информација и мислење. Токму поради тоа споделување веста се појави и на влијателниот блог BoingBoing и на GlobalVoices.

Интересно, некои од Facebook групите кои повикуваа на протести ги снема од мрежата. Очекуваме одговор oд Facebook зошто ги снема групите, дали креаторот ги тргнал или се тргнати под притисок од МВР бидејќи портпаролот Иво Котевски за Алфа ТВ рече дека „полицијата ќе ја блокира на интернет секоја содржина преку која, според нив, се повикува на насилство”. Покрај групи можат да се најдат и events како „ПРОТЕСТ! Стоп на полициската бруталност! Правда за убиеното момче!“.

Твитерџијата Рибаро напиша:

@bazerko_88 МВР ги следеле социјалните мрежи вчера и имале увид кој повикувал на насилство. Котевски за канал5 #daniel #martin

На страна од Фејсбук, македонската Твитер-заедница продолжи „гласно“ да твита, да споделува информации и да организира протести користејќи го хаш-тагот #daniel (прифатен поради лоша информација од медиум) и #martin според името на жртвата.

Рибаро продолжи:

оставка и од Иво Котевски. вчера ја лажеше цела јавност дека нема информации, а убиецот сам се пријавил #daniel #martin

Дневник објави напис заснован на полициски извори, во кој се наведува дека главниот осомничен е Игор Спасов (33):

Полицискиот специјалец Игор Спасов (33) е осомничен дека го претепал до смрт Мартин Нешковски (22), кој бил пронајден мртов во неделата на градскиот плоштад во Скопје.

Полицаецот Спасов, кој е припадник на специјалната единица”Тигар”, вечерта бил службено на плоштадот поради обезбедување на министрите на прославата на изборната победа. Тој не бил во униформа, а за задачата имал добиено усна наредба. МВР се’ уште нема информации кои биле причините полицаецот со два удара да го усмрти момчето од скопската населба Козле.

Твитерџијата Andrej_A накратко (на англиски) ја пренесе a веста од антивладината А1 ТВ, насловена „Државата ми го уби синот“:

Мајката на жртвата на убиство од полицијата – „Бевме посетени од функционери на државата и ВМРО кои ни рекоа да не зборуваме!“

Counting of protesters' financial contributions on TwitpicТој исто така објави линк до фотографија во која се зборува за отчет за трошоците од протестот, коментирајќи:

Чудно али не гледам чекови за милионски суми потпишани од Сорос! 😉

Стариот, напиша во описот на фотографијата:

Тука беше броењето… околу 2.500 ден., пред се за батерии за мегафоните, свирчиња…

 

4 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.