Свет: Заштита на човековите права во граѓанските видео филмови

Снимањето на видео за заштита на човековите права може да биде неуспешно и да се претвори во закана за оние кои учествуваат во него. Блогот WITNESS’ The Hub споделува со нас како можеме да снимиме видео за човековите права кое ќе го претстави она што треба, со минимален ризик за оние кои се вклучени во неговото снимање..

Постот Штитејќи се себеси, своите предмети и своите видеа за Човекови права на YouTube на  Sameer Padania од WITNESS и Steve Grove од YouTube, ги вклучува и следниве анимации кои укажуваат на суштинските чекори за заштита на учесниците пред да се донесе одлуката за сминање на видео за човековите права.

Еден од најважните елементи е прашањето за заштита на оние кои сте ги претставувате во видеото преку нивна согласност за снимање:

In the past, videographers could generally control the size and scope of their audience, but nowadays it’s safe to assume that if a human rights video is online, it’s only a matter of time before the offenders see it. So it’s always good practice to get informed consent from the people you film. That means making sure they understand the possible negative consequences of appearing in your video. You can also blur or obscure faces, to mitigate the ability of authorities to reveal someone’s identity or location.This is important: authorities in Burma, for example, have used online footage of protests to identify and arrest activists.

Во минатото, снимателите можеа да ја контролираат големината и досегот на својата публика, но денес безбедно е да се претпостави дека доколку видеото е он- лајн, прашање е на време кога навредените ќе го видат. Затоа секогаш е добро да се информира оној кој се снима и да се добие неговата согласност. Тоа значи сниманата личност да биде сигурна за можните негативни последици од појавувањето во вашето видео.  нивните лица секогаш може да се замаглат или да се замрачат, да се намали можноста на властите да го откријат нивниот идентитет или локација. Ова е важно: властите во Бурма, на пример, ги користеле он-лајн снимките од протестите за да ги идентификуваат и да ги уапсат активистите.

Во постовите, тие вклучуваат начини со кои може да се засени нечиј идентитет, кои можат да бидат со високо технолошка природа (со употреба на софтвер) или со постара технологија (на пример, со употреба на позадинско осветлување).

Други видеа во серијата на WITNESS опфаќаат теми како Снимање, аудио и употреба на мобилните телефони, Снимање и заштита на испитаници, исто така како до ефективно и етичко Уредување и дистрибуирање на твојот филм.

Еден аспект кој треба секогаш да се има на ум, е како да се направи една локална приказна  да добие глобално значење и поетот и писателот Kwame Dawes во видеото за проект на YouTube's Project Report зборува за тоа како да ги натерате луѓето да се поврзат со приказната која сакате да ја прикажете:

Други теми спомнати во постовите на WITNESS се, како да се дистрибуира филмот и притоа да се постигне најдобар ефект: дали да се направи светско влијание или пак е подобро да се емитува локално и да им се покаже на главните актери кои можат да превземат акција во однос на прашањата кои се емитуваат и се однесуваат на човековите права. Исто така, некои клучни моменти се дадени за да го чуваат видеото да не биде обележано како несоодветно, вклучувајќи коректно обележување на видеата и пишување на објаснувања кои ќе вклучат колку што е можно повеќе текст, земајќи одобрение од сите кои што се во видеото така што не би можеле да го обележат, разбирајќи ги локалните закони за легални прашања кои се однесуваат на одредени теми или карактери прикажани во видеото, познавање на авторските права за да не биде вашето видео не биде обележено за кршење на авторските права, и исто така да се биде во контакт со YouTube, да бидат информирани каква содржина објавувате.

Најдобар начин за да ги информирате луѓето за да го видат вашето видео за човекови права, е да им кажете за: email Global Voices authors кои можат да пишуваат за вашето видео, пишете на CitizenTube или WITNESS или пак пратете ни на сите нас порака на twitter: @citizentube, @witnessorg or @globalvoices.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.