Написи за француски од јули, 2012
Мароко: Девојче принудено да се омажи за нејзиниот силувач изврши самоубиство
Амина, 16 годишно девојче од Ларахе, Северно Мароко, кое беше присилено да се омажи за нејзиниот силувач за да ја сочува „семејната чест“, реши да земе отров за глувци и така да му стави крај на својот живот. Нејзината судбина длабоко ја потресе граѓаните на Мароко кои искажаа сочуство преку твитер со користење на хаштагот #RIPAmina.
Тунис: Онлајн платформа за следење полициски злоупотреби
Јези е туниска колаборативна платформа која документира и известува за злоупотреба на полициските овластувања и злосторства направени од полициски службеници. Во земја во која полициската корупција долги години поминувала незабележано и неказнето, луѓето сега имаат можност да го пренесат јавно (по потреба и анонимно) она за што се осудувале само да шепотат со блиските.