Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мароко: Девојче принудено да се омажи за нејзиниот силувач изврши самоубиство

На 10 март 2012 г., Амина, 16 годишно девојче од Ларахе, Северно Мароко, кое беше присилено да се омажи за нејзиниот силувач, реши да земе отров за глувци и така да му стави крај на својот живот. Според al-Masa'a, Амина на едвај 15 годишна возраст била силувана од 10 години постар маж. За да се сочува таканаречената „семејна чест“, бил договорен брак со нејзиниот силувач. Бракот бил одобрен од страна на еден судија.

Според истиот весник, Амина се наоѓала во куќата на нејзниот сопруг (силувачот) кога го земала отровот за глувци. Откако тој забележал дека нејзината здравствена состојба се влошила, ја однел во куќата на нејзиното семејство. Неколку часа пред нејзината смрт, Амина го известила своето семејство дека на патот кон куќата тој не престанувал да ја удира и тепа.

Мароканското интернет-општество беше длабоко погодено и згрозено од сторијата на Амина. Тие ја изразија нивната тага и жалење на Твитер преку хаштагот #RIPAmina. Еве некои од реакциите:

@marihaep: @Un_Marocain Ne prenons pas nos rêves pour D réalités, personne ne sera jugé, personne ne payera pour son viol, encore – pr sa vie #RIPAmina

@marihaep: @Un_Marocain Да не ги мешаме нашите соништа со реалноста, никој нема да биде обвинет, никој нема да ја плати цената ниту за нејзиното силување, ниту пак за нејзиниот живот. #RIPAmina

@Un_Marocain: En tant que marocain, je me sens plus coupable que triste pour ce qui est arrivé à cette petite fille. #RIPAmina #Maroc

@Un_Marocain: Како марокански маж, се чувствувам повеќе виновен, отколку тажен за тоа што му се случило на ова дете #RIPAmina #Maroc

@nadalouis: Не сакам да живеам во свет каде што едно девојче мора да избере помеѓу брак со својот силувач и одземањето на сопствениот живот #RIPAmina

@mahamiou: Колку Амини постојат? Принудени да се омажат со својот силувач? #Morocco #RIPAmina

@mahi_elbarrad: عندما ينظر العالم العربى للمراة على انها مخلوق مثل الرجل له كافة الحقوق وكامل الاحترام هنا فقط تنجح ثورته ‎‬#RIPAMINA‪

@mahi_elbarrad: Кога арапскиот свет ќе почне да ги гледа жените како рамноправни со мажите, со сите права и сета почит што ја заслужуваат, само тогаш ќе успее револуцијата.

@citizenkayen: La famille, la société et la justice ont donné au violeur un véritable RIP: Rape In Peace 🙁 #RIPAmina

@citizenkayen: Семејството, општеството и судството му дадоа на силувачот едно вистинско СИМ: Силувај во мир 🙁 #RIPAmina

@Tindars: Et puis comme d'habitude nos Tweets ne changeront absolument rien dans cette histoire. #RipAmina

@Tindars: И како и секогаш, нашите твитови нема да направат никаква промена во однос на оваа сторија.

„Амина е мојот Боуазизи“

Укажувајќи почит кон Амина, мароканскиот блогер Мехди Б. Идриси напишал пост со наслов Амина е мојот Боуазизи, уличниот продавач од Сиди Бузид, Тунис, кој се самозапалил во знак на протест против полициското насилство и со тоа предизвикал бран протести, кои што воделе до туниската револуција и падот на режимот на Бен Али.

Очајниот чин на саможртвување на Боуазизи предизвикало промена во Тунис, но дали самоубиството на Амина ќе донесе промена во арапскиот регион и во мароканската култура каде доминираат мажи?

Мехди пишува:

Боуазизи започна една политичка револуција, но Амина го разбуди во мене долго заспаниот филантроп и хуман човек. Постојат илјадници девојчиња како неа кои најчесто се замолчувани со насилство и закани. Додека вие се концентрирате на тоа да го најдете Џозеф Кони во шумитe на Уганда, вашите деца ви се украдени во вашата сопствена земја. Можам да седам тука цел ден и да очајувам за нечија смрт, за некој кој би можел да биде мојата ќерка или пак пријател, но тоа нема многу да промени. Доколку не ги здружиме силите, доколку не се напрегнеме да го промениме овој марокански менталитет во кој што сме заробени, нема далеку да стигнеме.

Понатамошни медиумски реакции на англиски, француски и арапски можете да најдете на Storify, од авторот на Глобал Војсис, Хишам Алмираат.

Најчестата причина за самоубиство е нетретираната депресија. Депресијата може да се излечи и самоубиството да се спречи. Можеш да побараш помош на СОС линијата за кризни состојби на Клиниката за психијатрија (02) 3136 400, која е достапна 24/7.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.