Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Тунис: Онлајн платформа за следење полициски злоупотреби

Јези (Yezzi – се преведува како „доста“ од тунискиот дијалект на арапскиот) е „туниска мапа за набљудување полицајци“ чија цел е да документира и известува за злоупотреби на полициските овластувања од земање мито, физички или сексуални злоупотреби, до расизам и смртни закани. Платформата ја објави Туниската асоцијација за дигитални слободи (позната како АТЛН, според акронимот на француски  ATLN) која преку нови технологии сака да „помогне да се изгради демократско, слободно и отворено општество во Тунис“.

Минатиот април Јези го освои првото место на Државниот натпревар за слободни софтвери, кој оваа година ги наградуваше најиновативните проекти за софтвер со отворен код.

АТЛН вака ја дефинира Јези (на француски):

Basé sur la plateforme Ushahidi, Yezzi est destiné à collecter les témoignages de violence envoyés par mobile, web, email et SMS, et les placer sur une Google Map. Yezzi utilise le concept de crowdsourcing au service de la cartographie sociale en mobilité, combinaison d’activisme social, de journaliste citoyen et d’information géographique…
Nous pensons que la transparence peut aider à résoudre bien des problème ainsi qu’à mieux les appréhender.

Заснована на платформата Ушахиди (Ushahidi), Јези треба да прибира сведоштва за насилство пратени преку мобилни телефони, вебот, е-пошта и СМС, по што ги става на мапа од Гугл. Јези го применува концептот на краудсорсирање со цел да направи мобилни социјални, како и комбинација на општествен активизам, граѓанско новинарство и географски информации…
Веруваме дека транспарентноста може да помогне не само да се решат проблемите, туку и подобро да се разберат.

Yezzi.info за следење полиција, со транспарентност против полициското насилство

Долги години, Тунис се истакнуваше како земја во која полициската корупција и насилство поминуваа незабележано – и неказнето. Луѓето дискутираа меѓу себе за таквите злодела, но само ретки би се осудувале да зборуваат јавно, или да бараат правда. На оние кои искусиле злоупотреби од полицијата или биле сведоци на злосторства починети од полицајци, Јези им нуди можност да известат за инцидентите, ако сакаат и анонимно. Корисниците на платформата може да качуваат и видео-клипови и слики како докази.

Корисниците на интернет посакуваат добредојде на Јези:

Тунижаните искажаа топло добредојде за Јези. Следи дел од нивните реакции преку Твитер:

@Da7dou7a: tn.yezzi.info Bonne initiative, quoique purement informative : un site pour dénoncer les dépassements de la police, ‪#Police‬ ‪#Enahdha‬

@Da7dou7a: tn.yezzi.info – добра иницијатива, иако, чисто информативна: веб-сајт за пријавување полициски злоупотреби. ‪#Police‬ ‪#Enahdha‬

@Azyyoz: J'ai posté “Admin pub SVP tn.yezzi.info/reports ” sur la page du Ministère d'Intérieur => immédiatement bloqué 😀

@Azyyoz: Ја објавив следната порака на Фејсбук-страницата на МВР: „Админ објавете молам tn.yezzi.info/reports“ => пораката беше веднаш блокирана 😀

@JasminTN: Yezzi.info , ça pourrait être utile, enfin, je ne l'espère pour aucun d'entre vous ! tn.yezzi.info/main

@JasminTN: Yezzi.info може да биде корисен, но се надевам дека нема да ви затреба! tn.yezzi.info/main

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.